СветТрамп го враќа ударот: Шпанија беше ужасна, не сакаме да имаме никаква врска со нив (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија откако земјата одби да ѝ дозволи на американската војска да ги користи нејзините бази за мисии поврзани со нападите врз Иран.„Шпанија беше ужасна. Му реков на (американскиот секретар за финансии) Скот Бесант да ги прекине сите деловни односи со Шпанија. Не сакаме ништо да имаме со Шпанија“, рече Трамп за време на заедничката прес-конференција со германскиот претседател Фридрих Мерц, објави Скај њуз. „Ел Паис“ претходно објави дека шпанскиот премиер Педро Санчез одлучил да не им дозволи на САД да ги користат американските воени бази во Шпанија за операции против Иран, и покрај можните политички последици од таквата одлука. Шпанската влада изјави дека нема да придонесе на никаков начин за војната што ја водат американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека тоа е конфликт без меѓународна правна основа и без мандат од Обединетите нации. Шпанската влада претходно изјави дека се спротивставува на иранскиот режим, но отфрла воена интервенција без јасна цел и меѓународен мандат. Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа мора да дејствува како глас на рамнотежа и деескалација, а не да поддржува еднострани воени дејствија надвор од Повелбата на ОН, додека министерката за одбрана на земјата, Маргарита Роблес, потврди дека, по шпанската одлука, Пентагон повлече околу 10 авиони-танкери KC-135 од базите Морон и Рота, каде што беа распоредени за поддршка на американските операции. Trump stated that the U.S. is cutting off trade with Spain over the decision by Sánchez’s far-left government to ban the use of Spanish military bases for strikes on Iran. “We are terminating all trade relations with Spain. We want no further dealings with them.”#USIranWar pic.twitter.com/E3LilgnRq0 — Subham Kumar (@Subhamkr1012) March 3, 2026 Шпанија е меѓу ретките европски земји кои отворено ја осудија акцијата на САД и Израел, додека некои членки на ЕУ изразија резерви, но нагласија дека ги разбираат целите на нападот. Мадрид вели дека ќе продолжи да инсистира на деескалација и враќање на преговорите, предупредувајќи дека продолжениот конфликт би можел да има сериозни последици за Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter