Трамп го прифати повикот на Бајден за телевизиска дебата

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја прифати поканата на американскиот претседател Џо Бајден за телевизиска дебата, истакнувајќи дека се потребни повеќе од две дебати.

Трамп на својата социјална мрежа напиша дека е подготвен да дебатира со Бајден, истакнувајќи дека ќе биде неопходно да се одржат повеќе од двете предложени дебати, пренесува ABC News.

Бајден претходно денеска го покани Трамп да одржи две претседателски телевизиски дебати во јуни и септември, а подоцна на платформата Х напиша дека ја прифатил поканата на Си-Ен-Ен за дебата со Трамп на 27 јуни.

Малку подоцна тимот на Трамп соопшти дека и тој ја прифатил поканата на таа телевизија, пренесува CNN.

Тимот на Бајден посочи дека одлуката на Бајден да не учествува во традиционалните дебати организирани од Демократската и Републиканската партија се должи на фактот што тие се дизајнирани „како забавен спектакл, а не како сериозна размена на идеи што го одразуваат огромниот влог во избори“.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.

30 години помладата Инес е најголема поддршка на своето момче Бред Пит

31 годишната Инес де Рамон е најголемата поддршка на своето мегапопуларно момче, холивудскиот заводник Бред Пит.

Според добро инфоирмиран извор Инес и 60 годишниот Бред уживаат во својата романса.

Познато е дека Бред Пит е во среќна врска со 29 години помладата девојка Инес де Рамон, со која е поврзуван од 2022 година. Сега тоа го потврди и извор близок до познатиот актер. „Тие се исклучително среќни во врската и заедничкиот живот“, изјави извор за People.

Бред моментално е во Мексико каде го снима својот нов филм Ф1, кој треба да се појави во кината во летото 2025 година и е меѓу првите десет најскапи филмови во историјата. „Инес знае колку овој проект му е важен и целосно го поддржува во се“, вели изворот.

„Таа е навистина независна жена и сега ужива во дружењето со своите пријатели во Лос Анџелес. Таа го користи ова време за да се опушти“, додаде изворот, истакнувајќи дека Бред Пит „ја сака својата независност“ и дека е воодушевена од количината на мотивација. Која што познатиот актер има. Тие најдоа заедничка рамнотежа и уживаат“, заклучи тој.

Инаку, Инес во февруари годинава се пресели кај Бред во Лос Анџелес. Ова е прва сериозна врска на Бред по разводот со Анџелина Џоли. Оттогаш, работите станаа посериозни бидејќи летото го поминаа во Шато Миравал, француската винарија што актерот некогаш ја делеше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Неодамна се појавија гласини дека партнерката на Бред наскоро би можела да стане мајка.

Таравари: Ако има консензус би зборувале и за парламентарни избори заедно со локалните

Ако има консензус би зборувале и за парламентарни избори заедно со локалните, му порачувам на Ахмети прво да ја реформира партијата, а потоа да зборува за избори ова утринава го изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Водата во Македонска Каменица е безбедна за пиење и користење, покажале резултатите

Водата во Македонска Каменица е безбедна за пиење и користење, покажале резултатите од направената анализа.

Јавното претпријатие „Камена Река” ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека спроведени анализи на водата за пиење во општина Македонска Каменица покажуваат позитивни резултати, кои потврдуваат дека водоснабдителниот систем обезбедува чиста и здрава вода за пиење.

Анализите, во стандардна и редовна процедура, постојано се вршат во Центарот за јавно здравје, а резултатите од истите, како што се вели во денешното соопштение од претпријатието, потврдуваат дека водата е безбедна за пиење и користење.

- Сите параметри на квалитетот на водата се во рамките на законски утврдени стандарди, што значи дека граѓаните на Македонска Каменица можат да бидат сигурни во здравствената исправност и безбедност на водата што ја користат, информираа од претпријатието.

Јавното претпријатие „Камена Река” и Општина Македонска Каменица, како што додадоа, ќе продолжат континуирано да се залагаат за унапредување на квалитетот на услугите и постојано да инвестираат во подобрување на инфраструктурата за водоснабдување, обезбедувајќи ги највисоките стандарди на квалитетот на водата за пиење.

- За сите дополнителни прашања граѓаните на Македонска Каменица можат да се обратат до Јавното претпријатие каде можат да ги добијат потребните информации, додадоа од ЈП „Камена Река".

Во прилог на нивното соопштение од претпријатието на нивната веб страница ги споделија извештаите од извршените тестирањата и спроведените анализи на примероците со водата за пиење земени од каптиран извор на вода и градските чешми во Македонска Каменица.

притисни ентер