ЗабаваТрамп го предводи комитетот за подготовка за Светското првенство во 2026 годинаДоналд Трамп го предводи комитетот за подготовка на Светското првенство во 2026 година. Турнирот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.-За нашата земја е голема чест да биде домаќин на ваков турнир, изјави американскиот претседател. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули со учество на 48 репрезентации. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на Доналд Трамп му ја подари топката на Светското првенство во 2026 година и специјално направен дрес. -Организацискиот комитет ќе се погрижи секој навивач од секој агол на светот да се чувствува безбедно, среќно и да се чувствува како да правиме нешто посебно. Тука сме да го приредиме најдоброто шоу на планетата досега, рече Инфантино.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата: Донесена е конечна судска пресуда за концесијата за ИловицаВладата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд.Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. Станува збор за конечна судска одлука која Владата, како институција што го почитува владеењето на правото, е должна да ја почитува. Истовремено, сакаме транспарентно и отворено да ја информираме јавноста дека ова прашање не е резултат на одлуки донесени од актуелната Влада, туку претставува наследена правна состојба која произлегува од одлуките за спојување на концесиите донесени во јуни 2023 година, како и од последователните одлуки за нивен престанок донесени само еден месец подоцна, во јули 2023 година, по што е покрената судска постапка пред надлежните судови. Денешната состојба е резултат на завршување на таа постапка со конечна пресуда на Вишиот управен суд. Свесни сме дека кај дел од граѓаните, локалното население и граѓанските организации постојат оправдани прашања и загрижености поврзани со овој проект. Токму затоа Владата ќе продолжи целосно транспарентно да ги разгледува сите релевантни факти, стручни мислења и аргументи, во рамки на законските процедури и институционалните надлежности. Наш приоритет останува создавање услови за економски раст, нови инвестиции и отворање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почитувањето на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи. Секое понатамошно постапување во однос на овој предмет ќе се одвива исклучиво врз основа на стручни анализи, законски процедури и институционален надзор, со целосна информираност на јавноста. Владата ќе продолжи одговорно, транспарентно и во согласност со законите да носи одлуки кои ги штитат интересите на граѓаните, обезбедуваат правна сигурност и создаваат услови за одржлив развој на државата, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖители на Горна Матка веќе осум дена оставени без вода за пиење Селото Горна Матка е едно од најживописните места во Македонија, а и покрај неговата локација, стотици жители се оставени без еден од основните извори за живот, питка вода.Веќе осум дена со возила, пеш, со автобус, кој како може, знае и умее се снаоѓа за вода за пиење. Вака, со револт и разочарување во гласот, но и крик за помош мештаните на селото кое се наоѓа близу акумулацијата Матка и реката Треска пред камерата на Канал 5 раскажуваат како десетина дена преживуваат, иако редовно си ги подмируваат сметките и легално се приклучени на мрежата. Откако ни покажаа и во своите домови дека од чешмите со денови нема капка вода, дел од жителите велат дека се пие и нечиста вода од сред село, особено старите и немоќни луѓе кои не можат да одат за да купат или да наполнат. Мештаните знаат дека најголем проблем се дивите приклучоци, и самите на лице место ги затекнуваат. Раководните лица од Водовод за Канал 5 потврдуваат дека проблемот е во дивите приклучоци и во нерационалното користење на водата. Оттаму појаснуваат дека на годишно ниво се испумпуваат 10 милиони кубни метри вода само за општина Сарај, а се наплатуваат милион и 800 илјади. Градоначалникот на Општина Сарај Мухамет Елмази вели знае за проблемот кој го имаат повеќе села, и дека заедно со градоначалникот на Скопје ќе се рекоинструра мрежата. Во меѓувреме, надлежните уверуваат дека цистерна со питка вода ќе има среде село, за да можат, особено повозрасните граѓани да имаат поблизу до дома чиста вода за пиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо напната атмосфера тече расправата по амандманите на законот за правична застапеност напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ.Во напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ, во комисијата за политички систем тече расправата по амандманите за законот за правична застапеност... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook