Трамп го помилува осудениот конгресмен Сантос - Канал 5

Трамп го помилува осудениот конгресмен Сантос

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот конгресмен Џорџ Сантос, кој отслужуваше седумгодишна затворска казна за измама и кражба на идентитет, наредувајќи го неговото итно ослободување.

Трамп го помилува осудениот конгресмен Сантос

Во објава на социјалните мрежи, Трамп напиша дека Сантос бил „ужасно малтретиран“. „Затоа штотуку потпишав помилување со кое веднаш ќе се ослободи Џорџ Сантос од затвор. Среќно, Џорџ, и имај прекрасен живот!“, додаде тој.

Поранешниот конгресмен стана само шестиот во историјата на САД кој е исклучен од Конгресот, по остриот извештај на етичкиот комитет во 2023 година. Сантос, кој призна дека украл идентитети на 11 лица - вклучувајќи членови на семејството - ја отслужувал казната во затвор со минимално обезбедување во Њу Џерси.

Кога бил осуден во април, судијата му рекол: „Ти беше избран според твоите зборови - и повеќето од тие зборови беа лаги“. Сантос наводно плачел на суд и молел за прошка, велејќи: „Не можам да го сменам минатото, но можам да го контролирам патот што претстои“.

Обвинителите тврдат дека тој лажел за своето образование и кариера и дека ги злоупотребил средствата од кампањата за финансирање на скап начин на живот.

Трамп го оправда потегот напаѓајќи го демократскиот сенатор Ричард Блументал, обвинувајќи го дека лажно тврдел дека служел во американската војска. „Ова е многу полошо од она што го направи Џорџ Сантос, а барем Сантос имаше храброст, убедување и интелигенција секогаш да гласа за републиканец!“, напиша Трамп.

Адвокатот на Сантос, Ендру Мансила, изјави дека сè уште не е јасно кога неговиот клиент ќе биде ослободен. „Одбраната го поздравува претседателот Трамп за тоа што постапил правилно. Казната беше премногу строга“, рече Мансила.

Кариерата на Сантос почна да се распаѓа во 2022 година откако истрагата на „Њујорк тајмс“ откри дека конгресменот лажел за своето минато - вклучително и тврдењето дека има диплома за завршено високо образование и дека работел во „Ситигруп“ и „Голдман Сакс“. Лагите продолжија да се зголемуваат, од кражба на пари од собирање средства до третманот на неговото куче, па сè до измислување приказни дека неговата мајка ги преживеала нападите од 11 септември.

Следеа локални и федерални истраги. Сантос беше обвинет за 23 кривични дела од федералниот карактер, а во 2023 година стана првиот член на Конгресот што беше исклучен по повеќе од две децении. Етичкиот комитет на Претставничкиот дом го обвини за користење средства од кампањата за лични трошоци - вклучувајќи ботокс и претплата на веб-страницата ОнлиФанс.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп веќе помилува најмалку двајца поранешни републикански функционери - претставникот Мајкл Грим и поранешниот гувернер на Конектикат, Џон Роуланд, кои беа осудени за даночни и корупциски прекршоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер