ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
1ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
СветТрамп го нарече колумбискиот претседател „одличен“ по средбата во Белата куќаАмериканскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Колумбија, Густаво Петро, синоќа се сретнаа во Белата куќа за првпат по неколкунеделни меѓусебни обвинувања.Разговорите беа фокусирани на соработката за борба против трговијата со дрога. На заедничката прес-конференција по состанокот, Трамп изјави дека двајцата се согласуваат „многу добро“ и го опиша Петро како „одличен“. Колумбискиот лидер, сепак, задржа порезервиран тон, пренесе ДПА. Забелешките на Трамп означија пресврт во неговата неодамнешна реторика. Само неколку недели претходно, републиканскиот претседател го опиша Петро како „болен човек“ кој сака да произведува кокаин и да го продава на Соединетите Американски Држави. Трамп синоќа рече дека неговото претходно непријателство произлегувало од тоа што не го познавал добро Петро, додавајќи дека двете страни сега работат на договор со цел да се намали протокот на илегална дрога во САД. Говорејќи на прес-конференцијата, Петро рече дека постојат различни ставови за проблемот со трговијата со дрога. Наместо да спроведува тврд воен пристап против криминалните организации, Петро рече дека неговата влада сака да ги убеди земјоделците во Колумбија да одгледуваат легални земјоделски производи како кафе или какао наместо кока, додека истовремено презема решителни дејствија против финансиерите на меѓународната трговија со дрога. - Тој не го промени својот начин на размислување за многу прашања, а ниту јас, рече Петро за Трамп, додавајќи дека „сојузите честопати се склучуваат меѓу противници кои наоѓаат заеднички јазик“. Колумбија долго време е еден од најважните партнери на Вашингтон во Јужна Америка, но односите неодамна се заладија. Американската администрација минатата година ја класифицираше Колумбија како земја која не ги исполнува своите меѓународни обврски во борбата против илегалните дроги. САД, исто така, му воведоа санкции на Петро, тврдејќи дека тој не презема доволно одлучни акции против трговијата со дрога. Петро, од своја страна, постојано укажуваше на големата вклученост на колумбиските безбедносни сили во борбата против трговијата со дрога. Во вторникот, Колумбија екстрадираше клучен трговец со дрога во САД. Колумбија е најголемиот светски производител на кокаин. Според Обединетите нации, земјата учествува со околу 65 проценти од светската површина за одгледување кока, покривајќи повеќе од 250.000 хектари. Иако безбедноста се подобри по мировниот договор од 2016 година меѓу Колумбија и најголемата герилска група, ФАРК, делови од земјата сè уште се контролирани од илегални групи.Тагови: Доналд Трамп Колумбија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаУште 20 институции влегуваат во системот за електронска архиваВо наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава. „Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “ Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува. „М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“ Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа. „Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“ Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00