Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ЖивотТрамп ги оцени новинарите на Би-Би-Си како корумпирани поради спорната монтажа на неговиот говор- Највисоките луѓе во Би-Би-Си, вклучувајќи го и Тим Дејви, шефот, сите даваат отказ/се отпуштат, бидејќи беа фатени како го „фалсификуваат“ мојот многу добар (совршен) говор од 6 јануари. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на неговата социјална мрежа Truth Social ги оцени новинарите на британската телевизиска мрежа Би-Би-Си како „корумпирани“ по соопштението за оставките на генералниот директор и уредничката на информативната програма, кои биле вмешани во контроверзна монтажа на еден од неговите говори. - Највисоките луѓе во Би-Би-Си, вклучувајќи го и Тим Дејви, шефот, сите даваат отказ/се отпуштат, бидејќи беа фатени како го „фалсификуваат“ мојот многу добар (совршен) говор од 6 јануари. Благодарност до Телеграф за разоткривањето на овие корумпирани „новинари“. Ова се многу нечесни луѓе кои се обидоа да влијаат на претседателските избори. Пред се, тие се од странска земја, земја која многумина ја сметаат за наш сојузник број еден. Каква ужасна работа за демократијата, напиша Трамп. Аферата, која во вторникот ја откри британскиот весник Дејли телеграф (The Daily Telegraph), се однесува на документарен филм емитуван една недела пред претседателските избори во САД на 5 ноември 2024 година. Би-Би-Си беше обвинет дека монтирал делови од говорот на Доналд Трамп одржан на 6 јануари 2021 година, на таков начин што изгледало како да им кажува на своите приврзаници дека ќе маршира со нив до Капитол за да „се борат како ѓаволи“. Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка на вестите, Дебора Тернес, вчера поднесоа оставки по критиките дека документарецот на Би-Би-Си „Панорама“ ги довел во заблуда гледачите со монтажа на говор на американскиот претседател Доналд Трамп. Во својата оставка, Тим Дејви наведе: „Сакав да ве известам дека одлучив да го напуштам Би-Би-Си по 20 години. Ова е целосно моја одлука и останувам многу благодарен на претседателот и Управниот одбор за нивната непоколеблива и едногласна поддршка во текот на целиот мој мандат, вклучително и во последните неколку дена“. - Работам на точни временски рокови со Управниот одбор за да овозможам уредна транзиција кон наследникот во наредните месеци … Размислував за многу интензивните лични и професионални барања за управување со оваа улога низ многу години во овие трескавични времиња, во комбинација со фактот дека сакам да му дадам време на наследникот да помогне во обликувањето на плановите за Повелбата што ќе ги спроведува. Во овие сè повеќе поларизирани времиња, Би-Би-Си е од единствена вредност и го зборува најдоброто од нас. Помага Велика Британија да биде посебно место; исклучително љубезно, толерантно и љубопитно. Како и сите јавни организации, Би-Би-Си не е совршен и секогаш мора да бидеме отворени, транспарентни и одговорни. Иако не е единствената причина, актуелната дебата околу вестите на Би-Би-Си разбирливо придонесе за мојата одлука, додаде Дејви. - Севкупно, Би-Би-Си работи добро, но имаше некои грешки и како генерален директор морам да ја преземам крајната одговорност, заклучи Тим Дејви. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураФинале на Скопски градски фестивал: Васко Атанасовски и полифонија во петокВо петок, 25 септември, со концертот на словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски и Полифонија, ќе заврши седмото издание на Скопскиот градски фестивал, во организација на Баги Комуникации.Зад фестивалот се неколку исклучителни концертни вечери, секоја со свој карактер, звук и енергија. Уметници од шест земји, премиерни изведби, нови музички соработки и различни генерации музичари ја создадоа годинашната фестивалска приказна, во која се сретнаа џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичките традиции на Балканот. Силно фестивалско доживување донесоа Мартин Ѓаконовски, Gent Rushi и Thanos Stavridis, трио составено специјално за Скопскиот градски фестивал. Иако во Скопје за првпат засвиреа заедно, тројцата музичари од Македонија, Албанија и Грција на сцената функционираа како одамна изградена целина. Нивните различни музички искуства се споија во возбудлив и природен звук, во кој џезот, етното и медитеранските влијанија постојано се надополнуваа. Премиерата на делото создадено за фестивалот покажа колку интересна и автентична музика може да произлезе од една сосема нова уметничка средба. Сосема поинаква концертна вечер донесоа пијанистката Милјана Николиќ со програмата „Балкански композитори“ и Мухамед Ибрахими со својот настап заедно со пијанистот Бобан Мирковски. Современата класична музика на автори од регионот и препознатливиот авторски израз на Ибрахими создадоа два различни музички света во една вечер и уште еднаш ја покажаа широчината на фестивалската програма. Еден од концертите што остави најсилен впечаток беше настапот на Антонио Илиоски и Јана Лолова, со кој го промовираа албумот „Beyond The Silence“. Пред публиката поставија сериозен изведувачки предизвик – програма со дела од Брамс, Дебиси, Прокофјев и Шуман – и го донесоа со извонредна музичка сигурност и убедливост. Особено внимание привлече Антонио Илиоски: млад виолончелист со впечатлива техника, силно сценско присуство и интерпретативна зрелост која далеку ги надминува неговите години. Концертот беше едно од оние фестивалски откритија што најавуваат уметник од кого допрва многу ќе се слуша. Една од најубавите слики на годинашниот фестивал дојде од летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк, каде настапи младата скопска група Фрекфенција, составена од ученици од основно училиште. Нивниот настап внесе поинаква енергија во фестивалот и покажа колку е важно простор да добијат и оние кои се на самиот почеток од својот музички пат. Ова издание на фестивалот можеби најдобро покажа што сакаме Скопски градски фестивал да биде – место каде не се носат само готови концертни програми, туку се создаваат нови музички средби и соработки. Особено нè радува што видовме извонредни музичари од различни генерации и од шест земји на иста фестивалска сцена, а публиката со подеднакво внимание ги следеше многу различните концертни програми“, велат од Баги Комуникации. По концертните вечери кои секоја на свој начин го одбележаа годинашното издание, во петок фестивалот ќе го заокружи Васко Атанасовски, еден од најпрепознатливите современи словенечки саксофонисти и композитори. Во Скопје, Атанасовски ќе настапи со Полифонија, кој го сочинуваат врвните македонски музичари Сања Шуплевска – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Кристина Стојановска – виола, Александра Јаневска – виолончело и Гоце Маротов – контрабас. Атанасовски зад себе има богата меѓународна концертна и дискографска кариера и препознатлив авторски јазик во кој се среќаваат џезот, импровизацијата и музичките традиции на Балканот. Со Полифонија ќе изведе свои авторски композиции и музика инспирирана од балканското музичко наследство, во концертот со кој ќе биде затворено седмото издание на Скопскиот градски фестивал. Основан во 2020 година, Скопскиот градски фестивал во своите седум изданија изгради препознатлив програмски идентитет и свое место на домашната културна сцена. Повеќе од 100 уметници од Македонија и регионот досега биле дел од фестивалот, кој низ годините иницираше премиерни концертни проекти, нови уметнички соработки и средби на музичари, останувајќи доследен на идејата за квалитетна програма и отворен културен дијалог во регионот. Концертот на Васко Атанасовски и Полифонија ќе се одржи во петок, 25 септември, во Камерната сала на Филхармонија. Влезниците се достапни онлајн на платформата Wayin.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
МакедонијаГрад Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека на 24.09.2026 година (четврток), во текот на денот, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
ТехнологијаВидео: Робот победи инфлуенсер во ММА-меч, еден удар беше одлучувачкиОд светот на боречките спортови доаѓа една необична глетка: маж влезе во ММА-кафез за да се соочи со хуманоиден робот.Во борбата најавена како прв официјален дуел меѓу човек и робот, американскиот инфлуенсер Френки Лапена се соочи со Рекбот (Rekbot) – робот создаден од компанијата „Рек Роботикс“ (Rek Robotics). Рекбот е висок околу 180 сантиметри, а неговиот изглед потсетува на Т-800 од филмскиот серијал „Терминатор“. Лапења успеа да зададе неколку удари за време на борбата, но роботот покажа дека нема само да се брани. Во еден момент, тој го удри инфлуенсерот со нога и го собори на земја. Лапења остана да лежи во кафезот, а по борбата на неговото тело беа видливи модрици. Натпреварот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде што пристигнуваа бројни коментари од гледачи изненадени од глетката. We just made history with the first Human VS Terminator robot fight. Frankie LaPenna gave it his all 🥊 More fight footage coming soon! https://t.co/iADpv9d8Wg — REK (@REK) September 20, 2026 Иако сè наликуваше на сцена од научно-фантастичен филм, исходот беше реален: Рекбот го совлада човекот, а Лапења заврши на подот откако доби удар. Видеото од борбата набрзо почна да кружи на интернет, а необичната средба отвори бројни прашања за тоа колку добро хуманоидните роботи ќе можат да ги имитираат човечките движења и да учествуваат во физички активности во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01