Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“ - Канал 5

Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“

Се надеваме дека ќе постигнеме нешто, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на новинарско прашање дали мисли дека може да има дипломатско решение за конфликтот во Газа.

Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“

- Ја проучуваме Газа и многу интензивно се занимаваме со Газа. Таму е вистински хаос, додаде тој.

„Тајмс оф Израел“ потсетува дека САД сметаат дека признавањето на државата Палестина од неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е „перформативно“.

- Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедност на Израел и мир и просперитет за целиот регион, кој е можен само без Хамас, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент, кој побара да остане анонимен, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименки

Советот на Општина Карпош денеска заседаваше по 17-ти пат при што советниците расправаа и полноважно одлучуваа по 26 точки кои се најдоа на дневниот ред.

Карпош ќе учествува на јавен конкурс за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластика и лименки

Во таа насока беше поддржана Предлог – Одлуката според која локалната самоуправа доби согласност од Советот, да аплицира на Јавниот конкурс за проекти. Имено, Општина Карпош преку Центарот за развој на Скопски плански регион ќе учествува на конкурсот кој го распиша Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а истиот се однесува за набавка на вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки.

Доколку биде позитивно разгледана апликацијата, Општината ќе набави машини за рециклирање кои ќе ги лоцира во пет поголеми основни училишта на своја територија, кои работат во две смени. Според договореното, Пакомак ќе ги одржува и сервисира машините, а исто така ќе го презема отпадот и ќе врши едукација на учениците за правилна селекција и рециклирање на отпадот. Целосната вредност на проектот изнесува 6.712.725 денари со ддв. Општина Карпош би го кофинансирала проектот со 1.200.000 денари, а МЖСПП треба да ги обезбеди останатите средства во висина од 5.512.725 денари.

Поддршка од Советот доби и Одлуката за прифаќање на донација од фирмата Лапласт – М ДООЕЛ од Скопје. Станува збор за донација за опремување на детско игралиште со соодветни реквизити. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 428.000 денари. Со истата динамика, советниците ја изгласаа Одлуката за прифаќање на донација од Здружението на граѓани за унапредувањена екстремните спортови ,,ЕКСТРИМ СПОРТС СКОПЈЕ“. Во случајов, донацијата ќе биде наменета за демонтирање на руинираните дрвени елементи и ревитализација на скејт - паркот во Општина Карпош, со долготрајни елементи од полиран бетон. Вкупната вредност на оваа донацијата изнесува 74.000 денари.

Во рамки на денешната седница беше прифатена и разгледувана дополнителна точка која се најде на дневениот ред. Поточно, советниците ја изгласаа Одлуката за доделување на еднократен паричен надоместок за вработените во општинската администрација на Општина Карпош, за нивниот ангажман во теренското расчистување и отстранувањето на последиците предизвикани од невремето, што се случи на 21 јули 2026 година, на територија на локалната самоуправа.

Мнозинството советници ја изгласаа Одлуката за давање на согласност за користење на името „КАРПОШ“, во постапка за основање на правен субјект. Станува збор за називот на фирмата за сервис, ремонт и монтажа на лифтови, ДАКА КАРПОШ МСС ДОО Скопје.

Поддршка од Советот доби и Предлог – Решението за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година, во Општина Карпош. Изгласано беше и Предлог – Решението за изменување и дополнување на Решението за именување на член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“. Советниците обезбедија потребно мнозинство и за Предлог – Решението, за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места, во детската градинка „Мајски Цвет“.

Усвоени беа Годишните Извештаи за работата на сите општински детски градинки на територија на Карпош за 2025/2026 година. Оттука беа усвоени и Годишните Програми за работата на детските градинки за 2026/2027 година. Советниците дадоа „зелено светло“ и за Годишните Програми за работата на десетте основни училишта во Карпош за 2026/2027 година.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор во училиште во Берлин: Две млади лица се убиени во напад со нож

Во приватното училиште „Докемус“ во Госен-Ној Цитау, во германската покраина Бранденбург, Германија, е во тек голема полициска операција, откако беше пријавено насилно злосторство.

Хорор во училиште во Берлин: Две млади лица се убиени во напад со нож

Во приватното училиште „Докемус“ во Госен-Ној Цитау, во германската покраина Бранденбург, Германија, е во тек голема полициска операција, откако беше пријавено насилно злосторство во кое, според Германската новинска агенција (ДПА), беа убиени две лица.

Инцидентот се случил рано попладне на училишниот кампус, кој се наоѓа веднаш на границата меѓу Бранденбург и Берлин. Според весникот „Меркише Алгемајне“, службите за итни случаи биле известени околу 13:45 часот, а полицијата претходно добила неколку повици за помош.

Според досегашните информации, меѓу жртвите е и средношколка (18), додека другата жртва е маж (30). Според медиумските извештаи, мажот наводно се обидел да го запре напаѓачот, но бил смртно повреден.

Некои германски медиуми објавуваат дека осомничениот е маж (19), кој наводно ја нападнал својата поранешна девојка со нож. Сепак, околностите на инцидентот сè уште не се целосно разјаснети.

Голем број полицајци, пожарникари и служби за итни случаи се на местото на настанот, а според извештаите на медиумите, побаран е и хеликоптер за спасување.

Истрагата е во тек, бидејќи полицијата утврдува што точно се случило во училишниот комплекс и што довело до крвавиот инцидент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасувачите во Непал и во Тибет се во трескавична битка по преживеани

Спасувачите во Непал и во Тибет се во трескавична битка по преживеани, по катастрофални поплави и одрони што вчера буквално го збришаа пограничниот регион.

Спасувачите во Непал и во Тибет се во трескавична битка по преживеани

Хималајското цунами, како што го нарекоа светските медиуми, предизвикано од колапс на глечер на планините, за само неколку минути ја прекри со карпи, вода и кал целата долина долж реката Тришули, не оставајќи време голем број од луѓето да се извлечат.

Најмалку 300 загинати и 1.500 исчезнати е досегашниот биланс во ненадејната стихија од двете страни на границата меѓу Непал и Тибет.

-Oвде до вчера беше мојот дом. Сега го нема. Се е збришано. Стихијата дојде од таму, носеше се на сите страни. , вели преживеан во поплавите.

-Во моментов најголем предизвик е да се најдат заробени и преживени луѓе. Не можеме да претпоставиме за колкава бројка станува збор. , преживеан во поплавите.

-Бев на терасата кога водата надојде и буквално се искачи до мојот кат. Мојата сопруга не преживеа. Јас чекав да опадне нивото на водата, а потоа, по пет и пол часа бев спасен со хеликоптер. , преживеан во Непал.

Меѓу исчезнатите над 500 се странски туристи, најголем дел Индијци и туристи кои биле на аџилак. Дури 33 држави пријавија свои граѓани со кои не можат да стапат во контакт. Меѓу нив, и 65 Американци, 50 Украинци, 35 Британци, исто толку Австралијци.

Македонското МНР засега нема информација за евентуални наши исчезнати државјани таму. Спасувачките операции се одвиваат тешко, затоа што се урнати и многу мостови, вклучително и најголемиот што ги поврзува Напал и кинескиот автономен регион.

-Според првичните информации на надлежните во Кина, (во регионот на Тибет) вкупно за исчезнати се водат 260 странски државјани во погодената област. Што се однесува на непалската страна, речиси 100 кинески државјани се водат за исчезнати. , изјави Ванг Шубинг, портпарол на кинеското МНР.

-Имаме 288 индиски државјани со кои немаме контакт, вклучително и 73-ца кои работеа на енергетски проект. , изјави Рандхир Јаисвал, портпарол на индиското мнр.

Иако првично непалските власти соопштија дека катастрофата ја предизвикал земјотрес, подоцна беше утврдено дека сеизмичките промени биле резултат на таканаречен глацијален колапс, односно пукање на глечер на Хималаите што иницирал огромни колични вода и лавини од наноси да се струполат надоле. Дел од светските експерти сметаат дека клучната причина сепак е резултат на климатските промени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер