СветТрамп до Орбан за украинскиот напад на руски нафтовод: Викторе, не ми се допаѓа тоа Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази својот гнев поради неодамнешните украински напади што го оневозможија рускиот нафтовод „Дружба“.Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази својот гнев поради неодамнешните украински напади што го оневозможија рускиот нафтовод „Дружба“, кој е клучен за снабдување на Унгарија и Словачка, две членки на НАТО алијансата, пишува „Њузвик“. Додека Киев и европските сојузници се обидуваат да ја задржат поддршката на Трамп и да го притиснат да заземе поцврст став кон Русија, Москва му испраќа и понуди, надевајќи се на поблиски и попрофитабилни врски со Соединетите Американски Држави. Постојаните напади од двете страни го фрустрираа Трамп, кој се нарекува себеси миротворец и се стреми да ја заврши војната што одзеде стотици илјади животи и уништи голем дел од Украина откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Унгарскиот премиер Виктор Орбан сподели рачно напишана порака од својот политички сојузник Трамп во приватна Фејсбук група, објави унгарскиот весник „Маѓар Немзет“. За разлика од повеќето нејзини сојузници од ЕУ и НАТО, Унгарија се стреми да ја одржи неутралноста во војната и да ги одржува односите со Москва, и се спротивставува на влезот на Украина во Европската Унија. „Не ми се допаѓа ова“ Во писмото, Орбан му се пожали на Трамп за нападите врз „Дружба“ и нивното влијание врз унгарската енергетска безбедност. Украина изјави дека гасоводот ги снабдува и руските инвазиски сили, што го прави легитимна воена цел. „Викторе - не ми се допаѓа ова“, напиша Трамп во пораката. „Многу сум лут поради тоа. Кажи ѝ на Словачка. Ти си мој голем пријател.“ Пораката ја сподели на социјалната мрежа X Андраш Ласло, унгарски пратеник во Европскиот парламент од партијата Фидес на Орбан, кој нагласи дека нападот ја поткопува енергетската безбедност на двете членки на ЕУ и НАТО. Donald Trump condemned Ukraine’s recent attack on the Druzhba oil pipeline, which undermines the energy security of two EU and NATO member states, Hungary and Slovakia. For historical and geographical reasons, our countries have no alternative means of importing oil other than… pic.twitter.com/qkfebGA0IU — András LÁSZLÓ MEP 🇭🇺 (@laszloan) August 22, 2025 „Унгарија ја поддржува Украина со електрична енергија и бензин“ Во изјава на која Трамп одговори, Орбан истакна дека украинските напади се случиле само неколку дена пред историската средба во Алјаска меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Вчера, Украина повторно ја нападна Дружба. „Овој гасовод ги снабдува Унгарија и Словачка, две земји кои немаат друг начин да увезуваат сурова нафта“, рече Орбан. „Унгарија ја поддржува Украина со електрична енергија и гас, а за возврат го бомбардираат нафтоводот што нè снабдува. Многу непријателски потег! Му посакуваме на претседателот Трамп успех во неговата потрага по мир.“ „Можете да испраќате жалби и закани до вашите пријатели во Москва“ Одговарајќи на претходните жалби од унгарската влада, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави на X дека Русија, а не Украина, ја започнала оваа војна и одбива да ја заврши. „На Унгарија со години ѝ се кажува дека Москва е несигурен партнер“, додаде Сибиха. „Сепак, Унгарија вложи максимални напори да ја одржи својата зависност од Русија. Дури и откако започна војната. Сега можете да ги испраќате вашите жалби - и закани - до вашите пријатели во Москва“. Peter, it is Russia, not Ukraine, who began this war and refuses to end it. Hungary has been told for years that Moscow is an unreliable partner. Despite this, Hungary has made every effort to maintain its reliance on Russia. Even after the full-scale war began. You can now send… https://t.co/yvMq8slTG0 — Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) August 18, 2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter