Трамп денеска ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир - Канал 5

Трамп денеска ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир

 Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешените прашања за иднината на Газа околу настанот на кој ќе учествуваат претставници од повеќе од 45 земји.

Трамп денеска ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир

Разоружувањето на Хамас, фондот за реконструкција и протокот на хуманитарна помош за населението на палестинската енклава се прашања што ќе ја тестираат ефикасноста на Одборот во наредните недели и месеци.

Се очекува Трамп да објави како членовите досега собрале пет милијарди долари за реконструкција на Газа, од кои по 1,2 милијарди обезбедија Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.

Одборот за мир е контроверзно тело затоа што го вклучува Израел, но не и Палестинците, затоа што по замислите на Трамп тоа, освен со Газа, треба да се занимава и со други прашања, што предизвика загриженост дека може да ја намали улогата на ОН како главна платформа за глобална дипломатија и решавање на конфликти.

Високи американски претставници, исто така, изјавија дека Трамп ќе објави дека неколку земји планираат да испратат илјадници војници во Меѓународните сили за стабилизација за да помогнат во одржувањето на мирот во Газа.

На настанот се очекуваат делегации од 47 земји, вклучувајќи ја и Европската Унија. Меѓутоа, на состанокот нема да учествуваат постојаните членки на Советот за безбедност на ОН - Франција, Велика Британија, Русија и Кина.

Покрај Трамп, државниот секретар на САД, Марко Рубио, американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ќе зборуваат и поранешниот британски премиер Тони Блер, кој треба да има висока позиција во Одборот за мир, амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц, и високиот претставник за Газа, Николај Младенов.

Ненадејната одлука на Европската комисија да ја испрати комесарката за Медитеранот Дубравка Шуица на првиот формален состанок на Одборот за мир во Вашингтон предизвика гнев кај неколку земји-членки, а Франција го предводеше во изразувањето институционални и политички забелешки, објави вчера „Еуроњуз“.

На вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ критичарите тврдеа дека учеството на Шуица, за кое главните градови не биле однапред информирани, нема потребен мандат и ризикува да се протолкува како колективна поддршка за контроверзната иницијатива, изјавија неколку дипломати за „Еуроњуз“, зборувајќи под услов на анонимност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот

По повод Светскиот ден на бегалците, на 20 јуни,УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, има за цел да ги мобилизира помладите генерации повторно да го препознаат и да го бранат азилот како заедничко глобално добро и камен-темелник на меѓународната заштита

По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот

Темата на УНХЦР за оваа година е Додека сите не бидат безбедни. Во време кога правото да се бара азил е под сè поголем притисок во многу делови од светот, оваа тема потсетува на трајната релевантност на Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година. Усвоена пред 75 години, Конвенцијата се заснова на едноставен, но моќен и универзален принцип: правото да се бара безбедност ни припаѓа на сите.

Додека сите не бидат безбедни им се обраќа на помладите генерации водени од желба за социјална правда и солидарност, додека и самите се соочуваат со неизвесност и социо-економски притисоци. Ги повикува да не го гледаат азилот како далечно, апстрактно прашање, туку како колективна безбедносна мрежа – онаа што денес ги штити најранливите, а утре може да заштити кој било од нас.

„Пред седумдесет и пет години, од пепелта на Втората светска војна, светот даде фундаментално ветување: секој што е принуден да избега од војна, конфликт или прогон има право да најде безбедност и заштита,“ рече Високиот комесар на УНХЦР, Бархам Салих. „Тоа ветување беше универзално и создадено да трае. Беше изградено за нашите баби и дедовци, за нас и за сите генерации што доаѓаат.“

„Денес, таа безбедносна мрежа е под огромен притисок. Но човековите права не се предмет на преговори. Безбедноста не треба да биде привилегија. Никој не е вистински безбеден додека најранливите меѓу нас не се безбедни. Младите луѓе секој ден го потсетуваат светот на тоа,“ додаде тој.

Додека сите не бидат безбедни ги предизвикува стереотипите за бегалците и нагласува дека правото да се бара безбедност е животно важна поддршка што оди подалеку од самото бегство од војна или насилство. Тоа ја надополнува неодамна претставената цел на Салих во текот на следната деценија за повеќе од половина да се намали бројот на бегалци во долготрајно раселување кои зависат од хуманитарна помош. За да се постигне тоа, ќе биде неопходно да се прошират можностите за доброволно враќање и преселување, како и пристапот до работни места, здравствена заштита и образование, и поддршката за локална интеграција – овозможувајќи им на бегалците да излезат од рамките на преживувањето и достоинствено да ги обноват своите животи.

„Никој не избира да остави зад себе сè што сака. Тоа е потресна реалност што може да му се случи на секого, во секој момент. Како некој што го поминал овој пат, знам дека е само прашање на околности што денес не бегаме вие или јас. Правото да се бара безбедност е свето ветување на нашата заедничка човечност и, додека сите не бидат безбедни, мора да продолжиме да стоиме заедно,“ рече Маја Газал, Амбасадорка на добра волја на УНХЦР и првата сириска бегалка што станала пилотка.

„Како бегалка, знам дека азилот е животна линија на надеж – и токму прекрасната, силна емпатија на младите луѓе денес ми дава верба дека оваа животна линија ќе опстои. Разбираме дека сите сме поврзани и нема да престанеме да зборуваме сè додека сите не бидат безбедни,“ додаде таа.

Додека сите не бидат безбедни ќе биде претставено на глобалните дигитални платформи, со различни гласови на бегалци и алатки за учење што ќе им помогнат на младите подобро да го разберат, дискутираат и бранат правото да се бара безбедност.

УНХЦР ги повикува младите луѓе, креаторите и лидерите на заедниците ширум светот да се приклучат во кревањето на својот глас и да помогнат ветувањето за безбедност за сите да остане живо – додека сите не бидат безбедни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тркалезна маса Енергетска транзиција: Енергетиката не е привилегија само на државата, туку можност за сите

Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов.

Тркалезна маса Енергетска транзиција: Енергетиката не е привилегија само на државата, туку можност за сите

Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија организирана од Фајнс тинк.

„Енергетиката не е привилегија само на државата, туку можност за сите. При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да се разгледа и можноста за воспоставување на модел на акционерско друштво, каде граѓаните ќе може да бидат дел и наместо да купуваат недвижности, да може да ги инвестираат парите во акции преку кои ќе се финансира изградбата“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Осврнувајќи се на енергетскиот развој, претседателот Ристов посочи дека енергетската транзиција е реалност. Најавата за реализација на когенеративната централа во Битола од страна на ЕСМ ја оцени како јасна определба на државата за ослободување од фосилните горива. Најави дека следна регулаторна точка е е-мобилност.

„Кога зборуваме за енергетската транзиција тука е и електрификација, односно е-мобилноста во транспортот. Сите западни држави, но и сите развиени држави се над 50% веќе со развиена е-мобилност, а ние сме само со 1% – тоа е поле на кое мора да се работи, тоа е иднината. Ние како регулатор почнуваме да подготвуваме регулатива и да дадеме основа и динамика за развој на овој дел.“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Во однос на јаглеродната такса, претседателот Ристов посочи дека цената на електричната енергија не е конкурентна на европскиот пазар и е регионално ограничена. Но задачата треба да се заврши и да има одвојување на производителите од обновливи извори и на они од фосилни горива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Дебар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 18.06.2026 во 15:30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.К.(34) од Дебар. 

Претрес во Дебар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер