Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско место
2Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско место
СветТрамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран Американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“ (Fox News) изјави дека денеска во Пакистан ќе биде потпишан договор со Иран.Трамп претходно во интервју за „Њујорк пост“ (New York Post) наведе дека американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс е на пат кон Исламабад. Тој посочи и дека е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници доколку се постигне напредок во разговорите. - Треба да се води дијалог со Иран, претпоставувам дека во оваа фаза никој не игра игри, истакна Трамп, при тоа додавајќи оти клучно барања е Иран да се откаже од поседување нуклеарно оружје. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаОЈО: Се проширува истрагата за ботоксите- приведени се три лица, од кои двајца докториПриведени се три лица, од кои двајца доктори.Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени три лица, од кои двајца доктори. Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост. Предметот е оформен во април годинава кога беше донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против 17 физички и шест правни лица за кои постои основано сомневање дека се инволвирани во извршување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Истрагата продолжува во насока на целосно расчистување на сите околности на случајот и утврдување на евентуална инволвираност и на други лица, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско местоПратеникот од Демократската партија на Турците се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ, со што владејачкото мнозинство сега брои 59 пратеници. Парламентарното мнозинство доби уште еден пратеник - Демократската партија на Турците се приклучи кон коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што оваа пратеничка група сега ќе брои 59 пратеници. ДПТМ ќе добие министерско место во Владиниот кабинет како и раководни позиции во одредени институции, најави премиерот Христијан Мицкоски. „Членот во Владиниот кабинет и неговите обврски ќе бидат претставени пред јавноста и парламентарците следната недела. Ќе има поголем опсег портфолиото на членот на Владата кој што доаѓа од ДПТМ, ќе опфаќа повеќе области, но нема да застанеме тука. Јас очекувам дека ДПТМ ќе предложи сериозни кандидати кои што ќе бидат дел од другите институции и ќе предводат други институции.“ Името на новиот министер ќе биде познато следната недела, а коалициската соработка со ДПТМ ќе важи и за следните изборни циклуси, посочи премиерот. ДПТМ во Собранието е застапена преку пратеникот Бејџан Иљаз, кој беше избран како дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Сепак, партискиот лидер Зулфикар Зејнула, вели дека политичкото партнерство со ЕП е раскинато уште пред локалните избори и оттогаш во Собранието дејствуваат независно. „Ние со Европскиот фронт пред година дена раскинавме договор, пред локални избори и година дена ДПТМ и во парламентот бевме како независна партија а исто така и во парламентот делувавме со пратеникот како независна партија. Затоа, не дека се направи пресврт, туку сега успеавме да се договориме и сега се направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за долги, долги години.“ Реконструкцијата на Владата се очекува да заврши следната недела најпрвин со разрешување на дел од акутелните а потоа и со гласање на новите осум министри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЧарли Шин мора да ѝ исплати 500.000 долари алиментација на поранешната сопруга Чарли Шин и неговата поранешна сопруга Брук Милер го завршија долгогодишниот спор околу неплатената алиментација. Според постигнатиот договор, актерот ќе ѝ исплати вкупно 500.000 долари (околу 440.000 евра). Судијата во Лос Анџелес ја потврди спогодбата на 7 јули, а според судските документи, 60-годишниот Шин мора да плати половина од износот до петок, 10 јули, додека преостанатиот дел треба да се плати до 1 септември. Во судскиот поднесок се наведува дека Шин се согласил на спогодбата откако „го разгледал ризикот од судски спор и поврзаните трошоци и одлучил дека е подобро да се решат овие прашања отколку да се биде изложен на неизвесностите од судскиот спор“. Со ова се заврши спорот во врска со неплатената алиментација и камата поврзани со периодот од 1 март 2011 година до 1 јули оваа година. Според договорот, Шин и 48-годишната Милер, кои ги имаат 17-годишните близнаци Боб и Макс, во иднина ќе ги сносат трошоците за грижа за децата додека се со нив. Покрај тоа, Шин ќе мора да плати 60.000 долари (околу 52.800 евра) за судските трошоци на неговата поранешна сопруга до 15 октомври. Крај на правната битка Спорот започна во декември минатата година, кога Милер поднесе тужба тврдејќи дека Шин ѝ должи речиси 9 милиони долари (околу 7,9 милиони евра) неплатена алиментација, со дополнителни повеќе од 6 милиони долари (околу 5,3 милиони евра) камата и 25.000 долари (околу 22.000 евра) судски трошоци. Во судските документи, таа навела дека во април 2010 година, на Шин му било наредено да плаќа 55.000 долари месечно (околу 48.400 евра), но дека од јули 2011 година, тој не ги плаќал редовно тие обврски. Турбулентно минато и помирна врска Шин и Милер беа во брак од 2008 до 2011 година, а нивната врска беше нарушена од бројни проблеми, вклучувајќи битки за старателство над децата, медицински патувања и инцидент од 2009 година во кој актерот наводно ѝ се заканил на Милер со нож. И покрај нивното турбулентно минато, нивната врска стана помирна во последниве години, а поранешните сопружници повремено јавно покажуваат поддршка еден кон друг. Во 2019 година, Шин коментираше за одлуката на Милер да побара помош во трауматски центар, велејќи за TMZ: „Мислам дека е на вистинското место“, додавајќи: „Се надевам дека ќе ја добие потребната помош. Ние сме тука за неа секогаш кога ќе се јави. Таа знае каде да нè најде“.Тагови: Чарли Шин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter