ЖивотТрамп декласифицираше 80.000 страници документи за атентатот на Џон КенедиПо наредба на американскиот претседател Доналд Трамп беа декласифицирани материјалите поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди во 1963 година.-Тоа се многу информации, а вие сами ќе донесете одлука, им рече Трамп на новинарите во понеделникот, велејќи дека ќе бидат објавени 80.000 страници. Трамп потпиша наредба непосредно по преземањето на функцијата во јануари поврзана со ослободувањето, што доведе Федералното истражно биро да открие илјадници нови документи поврзани со атентатот на Кенеди во Далас. Во обид да се усогласи со наредбата на Трамп, Министерството за правда им нареди на некои од своите адвокати кои се занимаваат со чувствителни прашања за националната безбедност итно да ги разгледаат документите од атентатот. Убиството на Кенеди му се припишува на еден стрелец – Ли Харви Освалд. Министерството за правда и другите федерални агенции го потврдија овој заклучок во децениите оттогаш. Но, анкетите покажуваат дека многу Американци веруваат дека неговата смрт е резултат на заговор. Експертите се сомневаат дека новите информации ќе го сменат заклучокот дека Ли Харви Освалд отворил оган врз Кенеди од прозорец на училишна книжарница додека претседателската поворка поминувала покрај Дили Плаза во Далас. -Луѓето кои очекуваат големи работи речиси сигурно ќе бидат разочарани, рече Лари Сабато, директор на Центарот за политика на Универзитетот во Вирџинија, кој е автор на книга за атентатот. Трамп вети и дека ќе објави документи за атентатите на активистот за граѓански права Мартин Лутер Кинг помладиот и сенаторот Роберт Кенеди, кои беа убиени во 1968 година. Трамп обезбеди повеќе време за да развие план за објавување документи поврзани со овие два случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот.. Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Груби кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter