Трамп: Би сакал јас да бидам папа - Канал 5

Трамп: Би сакал јас да бидам папа

Американскиот сајт „Дејли бист“ денеска пишува дека на новинарско прашање „Кого го гледате како папа?“ американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот без двоумење одговорил: „Како папа? Би сакал јас да бидам папа“.

Трамп: Би сакал јас да бидам папа

„Тоа би бил мојот избор број еден“, додал тој.

Новинарот повторно го прашал Трамп кого би сакал да го види на местото на папата Франциск кој почина минатиот понеделник, на што тој одговорил дека не знае и „нема преференции“. Трамп потоа го пофалил надбискупот на Њујорк, кардиналот Тимоти Долан.

Трамп себеси се смета за „христијанин кој не припаѓа на ниту една посебна група (деноминација)“ во рамките на таа религија.

Папата ќе се избира на конклава, заседание на кардиналите во Систинската капела во Ватикан, затворено за јавноста, што почнува на 7 мај. Кардиналите помлади од 80 години можат да избираат и да бидат избрани за нов папа.

Кардиналите гласаат тајно онолку пати колку што е потребно папата да биде избран со двотретинско мнозинство. Тие на ливчиња го испишуваат името на кандидатот за кого гласаат.

Првото гласање по сложената процедура би можело да биде на 7 мај дури во вечерните часови, а во следните денови се можни до четири гласања дневно – по две предпладне и п пладне.

По неуспешно гласање од оџакот на Систинската капела излегува црн чад, а штом папата биде избран чадот ќе биде бел. Чадот настанува со спалување на гласачките ливчиња помешани со хемикалии за да биде црн или бел.

Папата Франциск во 2013 година беше избран на вториот ден од заседанието на конклавата, во петтото гласање на кардиналите од почетокот на процесот.

Од изборот на папата ќе зависи дали Католичката црква ќе продолжи по релативно прогресивниот пат што го трасираше папата Франциск, или ќе се врати на потрадиционална доктрина, заклучува „Дејли бист“./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува

Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.

Последното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува

Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца што му биле упатени, нагласувајќи дека одлуката да одбие контакт со своите деца ја донела за да ги заштити, пренесува британскиот весник The Sun, повикувајќи се на извори.

Според весникот, Меган го испратила писмото до нејзиниот татко во декември 2025 година, додека тој бил на болничко лекување на Филипините, по ампутација на ногата поради компликации предизвикани од згрутчување на крвта.

Во писмото, како што се наведува, таа вели дека нема да му дозволи да се сретне со нејзините деца и дека повеќе нема да биде во контакт со него.

Весникот наведува дека во писмото Меган упатила сериозни обвинувања против нејзиниот татко, вклучително и наводи за неговото наводно непримерно однесување кон малолетниците и дека била свесна дека случајот се разгледува.

Томас Маркл моментално е под истрага поради сомнеж дека поседува материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца, што тој го негираше, пишува Сан.

Според весникот, спорниот материјал наводно бил пронајден во неговиот дом на Филипините, во неколку кутии.

Неговиот син Томас Маркл Јуниор, полубрат на војвотката од Сасекс, изјави дека дошол до материјалот и дека случајот го пријавил во надлежните институции во Соединетите Американски Држави.

Сан известува дека на 10 јули, Томас Џуниор го пријавил случајот во Федералното истражно биро (ФБИ), Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца и полицијата во државата Пенсилванија, каде што порано живеел неговиот татко.

Томас Маркл постариот ги отфрли обвинувањата во изјавата што ја даде за Дејли Меил во петокот.

Меган Маркл проговори за случајот во изјава за магазинот People во која изјави дека е длабоко потресена од информациите кои се појавија и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени.

Таа исто така изјави дека во 2018 година, писмо со вознемирувачки наводи против нејзиниот татко било испратено до лондонската Метрополитен полиција и службата задолжена за заштита на членовите на кралското семејство и другите заштитени лица.

Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, имаат две деца, седумгодишниот син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет.

Томас Маркл не присуствуваше на нивната венчавка во мај 2018 година, кога беше придружувана по патеката од кралот Чарлс III.

Според магазинот People, Меган за писмото со обвинувања дознала по венчавката, а потоа, како што наведува извор запознаен со случајот, и било советувано да не зборува за тоа јавно за да не се загрози евентуалната истрага.

Изворот додаде дека таа е загрижена и за правните последици од јавното изнесување непотврдени тврдења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син

На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. 

15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син

Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син.

Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида

Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида.

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида

Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида, соопшти локалната полициска станица и универзитетот.

Полицијата соопшти дека 11 од 12-те повредени лица имале прострелни рани, објави Ројтерс.

„Во овој момент, најмалку три од жртвите од пукотницата се во критична состојба, додека девет се во стабилна состојба“, соопшти полициската станица во Талахаси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер