ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
2Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
СветТрамп би сакал да прогласи примирје во Газа во рок од неколку денаАмериканскиот претседател Доналд Трамп сака да ги запре борбите во Газа „што е можно поскоро“ и, според извори, планира да прогласи прекин на огнот во следните неколку дена.„Сакаме да видиме дали можеме да го спречиме тоа. Разговаравме со Израел, сакаме да видиме дали можеме да ја запреме целата оваа ситуација што е можно побрзо“, изјави американскиот претседател пред новинарите додека се качуваше во „Ер Форс Уан“. Во меѓувреме, „Скај њуз Арабија“ и други медиуми во регионот објавија, повикувајќи се на извори, дека е сè поверојатно Трамп да објави прекин на огнот во Газа во наредните денови. Според анонимни „добро информирани извори“, прекинот на огнот наводно би бил дел од договор што би вклучувал и ослободување на израелските заложници. Ова доаѓа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини Кир Стармер, како и лидерите на Франција и Канада, дека се на страната на Хамас, откако минатата недела издадоа заедничка изјава „во која ја осудуваат непропорционалната ескалација од страна на Израел“. Заедничката изјава, објавена денеска, беше поздравена од Хамас, нарекувајќи ја важен чекор во вистинската насока кон враќање на принципите на меѓународното право.Тагови: Газа Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Вергара со „жежок“ дрес на Колумбија Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми.Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, откако на социјалните мрежи даде силна поддршка за својата родна Колумбија за време на Светското првенство. Атрактивната актерка е позната како голем навивач на „Лос Кафетерос“ и како таква не ги пропушта настапите на националниот тим на својата земја на Светското првенство. Пред еден од натпреварите на Колумбија на Мундијалот, Вергара упати порака за поддршка до колумбиските фудбалери преку социјалните мрежи, објавувајќи на Инстаграм фотографија во карактеристичниот жолт дрес на својата репрезентација со пораката: „Колку е возбудливо ова!!!! Подготвена за вечерва!!!!“Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси.СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси. Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и претставува дел од реформските обврски на Македонија. Наместо конструктивност, СДС и Левица избраа политички театар, свесни дека секое одложување значи штета за државата и за европскиот реформски процес. Ако навистина СДС и Левица имаат суштински забелешки, нека ги предложат. Никој не бега од аргументирана дебата. Но десетици илјади амандмани не се обид за подобрување на закон, туку класична парламентарна опструкција. Позиција на ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Подготвени сме да разговараме за сите предлози кои придонесуваат за подобар изборен процес. Истовремено, остануваме цврсти на определбата македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори, затоа што секој македонски граѓанин, без разлика каде живее, заслужува полесно да го оствари своето демократско право. Очигледно е дека стравот од изборен пораз ги обедини СДС и Левица повеќе отколку која било политичка идеја. Наместо да понудат визија, тие нудат блокади. Наместо реформи, произведуваат кризи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политички калкулации да бидат над интересите на државата. Реформите ќе продолжат, институциите ќе функционираат, а граѓаните сами ќе дадат оценка кој работи за Македонија, а кој работи само за дневнополитички спас. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела ВодаТалентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик, утрово од Општина Кисела Вода заминаа на летен спортско-едукативен камп во Охрид. Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се обезбедени шест полни пансиони. За квалитетното исполнување на времето на децата за време на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и рекреатори, како и лекар, кој ќе ја следи нивната здравствена состојба. -Ми претставува посебно задоволство што денес ги испраќаме овие деца на заслужен летен одмор. Фокусот ни е насочен кон децата кои се во социјално ранлива положба, но и кон нашите талентирани спортисти, кои со својот труд и залагање заслужија да бидат дел од овој камп. Сакам сите да уживаат во летото, да градат нови пријателства и да се вратат дома со прекрасни спомени. Вложувањето во нашите најмлади останува наш приоритет-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска која утрово ги испрати учениците посакувајќи им среќен пат, безбедно патување и незаборавно летување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter