Трамп бесен на медиумите: Со лажни вести сакаат да го намалат нашиот успех - Канал 5

Трамп бесен на медиумите: Со лажни вести сакаат да го намалат нашиот успех

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Truth Social ги нападна американските медиуми кои објавија дека обемот на штетата од американските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки сè уште не е познат.

Трамп бесен на медиумите: Со лажни вести сакаат да го намалат нашиот успех

Трамп по нападите тврдеше дека тие се уништени.

„Местата што ги погодивме во Иран беа целосно уништени и сите го знаат тоа. Само лажните вести би тврделе поинаку, обидувајќи се да го минимизираат нашиот успех колку што е можно повеќе, па дури и тие признаваат дека се „скоро целосно уништени“!

„Нивната гледаност и доверба се на најниско ниво во историјата“

„Алисон Купер од лажниот CNN, глупавиот Брајан Л. Робертс, претседател на „Con'cast“, Џони Карл од лажниот ABC и, секако, секогаш присутните губитници од програмата за лажни вести на NBC, повторно од Concast (медиумската компанија се вика Comcast, англискиот con значи измама) работат особено напорно на таа лага.

Никогаш не запира со овие измамници во медиумите и затоа нивниот рејтинг и доверба се на најниско ниво досега - НУЛА КРЕДИБИЛИТЕТ!“, напиша Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработка

Под администрацијата на Трамп, САД веќе нема да се ангажираат за „градење“ држави на Балканот, туку ќе се посветат на стабилноста и безбедноста, одржување позитивни односи и економска соработка, порача Даниел Лотон.

САД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработка

Под администрацијата на Трамп, САД веќе нема да се ангажираат за „градење“ држави на Балканот, туку ќе се посветат на стабилноста и безбедноста, одржување позитивни односи и економска соработка, порача Даниел Лотон, заменик помошник државен секретар во чија надлежност е Балканот, кој сведочеше пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Претставнички Дом при што официјално ја претстави стратегијата на администрацијата на Трамп за Западен Балкан. „Ерата на надворешно наметнато градење држави е завршена“, изјави Лотон во своето обраќање пред конгресмените.

Зборувајќи за секоја држава посебно и Македонија доби конкретно место во новата американска слика за регионот. Се очекува Македонија да биде клучна држава за изградбата на транс-балкански гасовод за транспорт на американски гас од Грција.

-Македонија реално е на пат да го постигне договореното ниво на инвестиции во одбраната како НАТО членка и да ја подобри нашата одбранбена соработка. Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија се одржа во април и притоа беше реафирмирана подготвеноста на двете земји да работат заедно на унапредување на овие стратегиски линии, пишува во подготвената изјава на заменик помошник секретарот Лотон доставена до комитетот на Конгресот.

Фокусот на расправата во Конгресот најмногу беше за случувањата и односите на САД со Србија, Босна и Херцеговина и Косово. Повеќе конгресмени се фокусираа и за претстојните избори во Србија закажани за во октомври и нејзините односи со САД, Русија и ЕУ, како и, како што беше посочено, кинеското влијание таму. Лотон ги посочи Русија и Кина како ривали што претставуваат закана за американските интереси на Балканот, но посочи дека САД немаат намера да му го препуштат регионот на геополитичкото влијание на Москва и Пекинг.

-Тесно соработуваме со нашите НАТО сојузници, Албанија, Црна Гора и С. Македонија за нашите заеднички безбедносни цели како да се справиме со транснационалните криминални организации. Можам да ви кажам дека ние секако имаме геополитички ривали особено Кина и Русија кои претставуваат ризик за стабилноста на Западен Балкан. Затоа сакаме позитивни односи во целиот регион со сите земји во Западен Балкан да се поттикне стабилноста која е во интерес на сите нас. Во однос на Европската Унија, ние не заземаме став за членство, тоа е одлука што самите земји од Западен Балкан треба да ја донесат во соработка со Унијата, изјави Лотон.

Лотон ги повика Приштина и Белград да избегнуваат провокации и да се вратат на директен дијалог, поздравувајќи го напредокот постигнат преку Стратешкиот дијалог со Србија, како и инфраструктурните и енергетските партнерства со Македонија и Црна Гора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бура реакции во Косово и Албанија по изречените пресуди во Хаг, реагираше и Ахмети

Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството 

Бура реакции во Косово и Албанија по изречените пресуди во Хаг, реагираше и Ахмети

Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството од неколкуте стотици насобрани кои дојдоа заеднички да ги слушнат пресудите на ХАГ за четворицата лидери на УЧК кои добија вкупно 81 година затвор.

„Срби, Срби – да ви го е.. племето.“

Според насобраните, ваквата пресуда е неправедна, наведувајќи дека борбата против Србија била ослободителна. Откако ги слушнаа пресудите се упатија по градските улици, а скандирањата продолжија пред просториите на цивилната мисија во Косово - ЕУЛЕКС, кои се под силно полициско обезбедување.

Набргу по пресудата се огласија и косовските власти. Министерот за надворешни работи на Косово – Коњуфца од Хаг порача дека епилогот е ужасен за државата и нејзиниот народ. Казните ги оцени како драконски, велејќи дека и Србија во отсуство им пресудила помалку на четворицата. Екс – в.д. премиерот пак Хоцај смета дека е најцрн ден за Косово од, како што вели, ослободувањето.

-Ужасна пресуда, за Косово, за нашиот народ, за нашата ослободителни војна. Луѓето на Косово тоа го искусија самите. Знаете каква беше војната на ОВК, и ние знаеме дека тука немаше никаков криминален механизам со кој се наштети на населението. Не може да се пронајде ниту еден програм, не може да се пронајде ниту намера кај ОВК која судот ја тврди. -- Гљаук Коњуфца – Министер за надворешни на Косово.

-Денов ќе остане секогаш запаметен во историјата на албанците, во срцата на граѓаните на Косово, и тоа што се случи денеска е најцрниот ден кој го имале албанските граѓани од ослободувањето,- -Енвер Хоџај – потпреседател на косовскиот парламент.

Пораки за поддршка и осуда на пресудата пристигна и од албанскиот премиер Еди Рама, кој со една фотографија на социјалните мрежи ја нарече срамна. Реагираше и лидерот на ДУИ – Али Ахмети, исходот го нарече разочарувачки и најави борба во понатамошната судска постапка.

-Денешната одлука против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими ја сметам за неправедна и длабоко разочарувачка. Во овие тешки моменти повикувам на зрелост и единство. Не смееме да паднеме во замката на оние кои се обидуваат да создадат тензии, поделби или да фрлат дамка врз ослободителната војна на народот на Косово,- Али Ахмети – ДУИ.

Косовската полиција вели дека била максимално подготвена, без разлика дали исходот ќе доведел до славје или револт. Оперативен план, уверуваат, е спроведен на територијата на целата држава, а не само во Приштина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Специјализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор

Поранешниот косовски претседател и еден од екс командантите на ОВК, Хашим Тачи, е прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на единствена казна од 25 години затвор. 

Специјализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор

Специјализираниот Суд во Хаг донесе идентична казна од 25 години за Јакуп Красниќи, додека Кадри Весели е осуден на 18, а Реџеп Селими на 13 години затвор, сите поранешни лидери на ОВК. Со ова, Судот во Хаг ја изрече првостепената пресуда во најголемиот судски процеси поврзани со војната во Косово.

Судот ги прогласи за виновни за воени злосторства, но ги ослободи од шесте точки од обвинението за злосторства против човештвото, оценувајќи дека обвинителството не докажало постоење на широко распространет или систематски напад врз цивилното население.

Тачи беше прогласен за виновен за четири точки за воени злосторства, односно незаконско и произволно апсење и притворање, сурово постапување, тортура и убиство.

„Господине Тачи, ве молам станете. Во име на народот на Косово, по разгледувањето на сите докази и врз основа на членовите 43 и 44 од Законот, Судскиот совет ве прогласува за виновен по точка 3 за противправно лишување од слобода на најмалку 385 лица, по точка 5 за сурово постапување како воено злосторство врз најмалку 49 лица, по точка 7 за мачење како воено злосторство врз најмалку 303 лица и за убиство како воено злосторство на 96 лица“, изјави– Судијата Чарлс Смит.

Според пресудите одговорноста на четворицата осудени е индивидуална, но тие дејствувале заедно за да постигнат заедничка криминална цел.

Судскиот совет утврди и дека злосторствата биле сериозни и географски распространети низ цело Косово и северна Албанија а меѓу жртвите имало Албанци, Срби и Роми.

При одредувањето на казните, Судот како отежнителна околност ја ценел злоупотребата на положбата и авторитетот на обвинетите.

Кај Весели, кој е осуден на 18 години затвор, пак како олеснителни околности биле земени предвид неговото примерно однесување во текот на постапката и доброволното предавање.

За Селими, кој доби 13 години затвор, Судот ги зел предвид неговата соработка со Специјализираното обвинителство и доброволното предавање.

Кај Јакуп Красниќи, кој е осуден на 25 години затвор, Судот како олеснителни околности ги ценел неговата поодмината возраст и примерното однесување во текот на постапката.

Додека судијата ги соопштуваше затворските казни, пред зградата на Судот во Хаг владееше хаос и тензична атмосфера. Приврзаници на ОВК кои од вчера пристигнуваа од повеќе европски земји, пред Судот почнаа да се спротиставуваат со полицијата и каде неколку од демонстрантите беа лишени од слобода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер