Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
2Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
СветТрамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалциПретседателот на САД, Доналд Трамп го обвини неговиот претходник Џо Бајден дека е корумпиран и оти дозволил влез на „десетина милиони илегални странци-криминалци“ во земјата.Трамп на сопствената мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека Бајден дозволил во САД да влезат „стотици илјади осудени убијци, силувачи, киднапери, дилери на дрога и терористи“. - Победив на избори во историска пресвртница, а републиканците освоија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот, во голема мера затоа што се обврзавме да ја затвориме границата, што и го направивме, и ја почнавме најголемата масовна депортација на нелегални криминалци-странци во американската историја, наведе Трамп. Според него „депортацијата е во тек“, а во градовите и сојузните држави раководени од републиканците, овие операции, кои ги спроведува Службата за имиграција и царини (ИЦЕ) се одвиваат мирно и непречено, бидејќи на локалните службеници за спроведување на законот им е дозволено да соработуваат со своите федерални колеги“. - На пример, во петте републикански држави Тексас, Џорџија, Флорида, Тенеси и Лујзијана, ИЦЕ уапси 150.245 криминалци – нелегални странци минатата година – без никакви протести, немири или хаос. Зошто? Затоа што локалната полиција и ИЦЕ соработуваат и работат заедно, посочи Трамп. Тој додаде дека градовите и државите раководени од демократите одбиваат да соработуваат со ИЦЕ и ги поттикнуваат левичарските агитатори да ги попречуваат операциите за апсење на „најлошите од најлошите“. - Со тоа, демократите ги ставаат нелегалните криминалци-странци над граѓаните кои плаќаат даноци и ги почитуваат законите и создаваат опасни околности за сите вклучени. За жал, двајца американски граѓани ги загубија животите како резултат на овој хаос предизвикан од демократите, потенцира Трамп. Тој ги повика гувернерот на Минесота, Тим Волц, и градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, како и другите демократски гувернери и градоначалници, да соработуваат со федералната администрација, а Конгресот на САД веднаш да донесе закон со кој ќе се стави крај на политиката на така наречени „безбедни градови“ за имигрантите. Трамп истакна дека Волц и Џејкоб „треба да им ги предадат на федералните власти сите криминалци и нелегални имигранти кои моментално се затворени во нивните државни затвори и центри за притвор, заедно со сите нелегални криминалци со активни налози или познати криминални досиеја, за итна депортација“. Во Минеаполис повеќе денови се одржуваа протести, откако на 7 јануари агент на ИЦЕ ја уби Рене Гуд. Пред три дена, во истиот град, од припадник на ИЦЕ, убиен е Алекс Прити. Во меѓувреме, неименуван извор наведе дека американското Федерално истражно биро (ФБИ) формираше Центар за раководење со ризикот во Минеаполис. ФБИ ќе ангажира агенти кои имаат искуства во истражувањето на социјалните медиуми, за поефикасно да се собираат разузнавачки податоци за групите кои протестираат против присуството на федералните имиграциски службеници во градот. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХоландија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија. Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times. Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море. Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море. Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат. Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил. Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја. Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.Тагови: Холандија баратели на азил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВо организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во СкопјеФилхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис. Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28