Трамп: Бајден да поднесе оставка поради срамот во Авганистан

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му порача на својот наследник Џо Бајден да поднесе оставка поради ситуацијата во Авганистан.

"Време е Џо Бајден да поднесе оставка поради она што се случи во Авганистан. Тоа не треба да биде голема работа со оглед на тоа што тој не беше легитимно избран", рече Трамп, критикувајќи го Бајден за ситуацијата во Авганистан, но и порастот на случаи на коронавирус во САД, имигрантската, економската и енергетската политика.

Тој тврди дека повлекувањето од Авганистан би било многу поинаку и многу поуспешно доколку тој бил претседател.

„Ова ќе биде запаметено во историјата како еден од најголемите порази во американската историја“, рече Трамп.

Бајден ја бранел својата одлука овој викенд да ги повлече американските војници, велејќи дека американското присуство во Авганистан во последните 20 години не е прифатливо.

"Уште една година, или уште пет години американско воено присуство нема да направи разлика. Бескрајното присуство на САД среде граѓански конфликт во друга земја за мене не беше прифатливо ", рече Бајден.

Да потсетиме, Талибанците вчера влегоа во Кабул и ја окупираа претседателската палата, откако претседателот избега во Узбекистан.

Портпаролот на Талибанците, Мохамед Наим, рече дека војната во Авганистан е завршена, дека сакаат да имаат односи со меѓународната заедница и дека сакаат да го постигнат тоа преку дијалог. "Го постигнавме она што го сакавме, а тоа е слобода на нашата земја и независност на нашиот народ. Подготвени сме да разговараме со сите фактори во земјата и да им ја гарантираме потребната заштита", рече Наим, додавајќи дека талибанците го почитуваат правата и слободата на жените и малцинствата и изразување во рамките на шеријатското право.

Повеќето странски дипломати биле евакуирани веднаш, а на аеродромот во Кабул владее хаос. Илјадници луѓе очајно се обидуваат да избегаат.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер