Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји - Канал 5

Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера изјави дека реципрочните царини што ќе ги објави во текот на неделата, ќе ги опфатат сите земји, а не само група од 10 до 15 држави.

Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји

Трамп истакна дека 2 април, кога ќе го претстави сеопфатниот план за воведување на царини, ќе биде „Ден на ослободување“.

Би почнале со сите земји, и ќе видиме, истакна Трамп, кој претходно воведе царини на алуминиумот, челикот и автомобилите, а ја зголеми и царината на увозот за сите артикли од Кина.

Според него царините се начин за заштита на американската економија од нефер глобалната конкуренција и преговарачки адут за подобри услови за САД. Но, загриженоста за трговската војна влијае врз финансиските и стоковите пазари и создава страв од рецесија во САД.

Лишен од слобода возач во Пробиштип, управувал возило по дејство на алкохол

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип, ноќеска 10 минути по полноќ во Пробиштип, го лишиле од слобода О.Т. (39) од Пробиштип.

Лишен од слобода возач во Пробиштип,  управувал возило по дејство на алкохол

Како што соопшти МВР, при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Стоилковиќ со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој

Нека овој ден нѐ потсети дека со вреднување на различноста, придонесуваме кон изградба на праведно, инклузивно и демократско општество, а со почит кон секоја култура – чекориме заедно кон поинклузивно и хармонично општество. 

Стоилковиќ со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој

Во чест на 21 Мај, денот кога се одбележува Светскиот ден за културна различност за дијалог и развој, кога ја одбележуваме убавината на различноста која нè обединува, нè инспирира и нè збогатува упатувам искрени честитки како потсетник за значењето на културната разновидност како суштинска вредност на секое општество. Токму таа разновидност нека биде мост кој гради разбирање, почит и заедништво помеѓу луѓето, зашто во свет исполнет со различни традиции, јазици и вредности, нашата сила лежи токму во прифаќањето и негувањето на разликите, порача потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ.

Затоа, додава Стоиљковиќ, овој ден нека биде можност да се афирмира важноста на меѓусебното почитување, разбирање и соработка како предуслов за одржлив развој, социјална кохезија и мир. Културната разновидност, вели, не претставува само богатство, туку и сила што ги поттикнува креативноста, толеранцијата и заемното почитување.

-Нека овој ден нѐ потсети дека со вреднување на различноста, придонесуваме кон изградба на праведно, инклузивно и демократско општество, а со почит кон секоја култура – чекориме заедно кон поинклузивно и хармонично општество. Нека културата биде наш заеднички јазик, вели вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој.

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Повеќе лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, јавија локалните медиуми.

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Итните служби интервенирале кусо пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“ во градот Хофдорп, откако бил пријавен напад.

Еден полицаец е пренесен во болница, а на полициското возило била забележана крв.

Полицијата во соопштение на X информира дека околу 6 часот примила дојава за напад на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“.

- Повеќе лица се повредени, меѓу нив и еден наш колега. На терен се бројни итни служби и тим за итни медицински интервенции (ММТ). Подрачјето е оградено. Истрагата е во тек. Следуваат повеќе информации, соопшти локалната полиција.

притисни ентер