Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани
1Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани
3Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
БалканТракторите си замина од Атина, земјоделците велат дека испратија јасна порака до ВладатаТракторите претпладнево, исто како и што дојдоа во Атина, така и си заминаа, организирано, со свирење низ улиците во центарот на градот, со поздравување на граѓаните што во тие моменти беа присутни, но и со полициска придружба.Си заминуваме од Атина, но нашите активности не завршуваат тука, испративме јасна порака до Владата, велат за МИА дел од грчките земјоделци кои со над 150 трактори вчера пристигнаа во грчкта метропола, во текот на ноќта останаа пред Парламентот, а си заминаа денеска. Тракторите претпладнево, исто како и што дојдоа во Атина, така и си заминаа, организирано, со свирење низ улиците во центарот на градот, со поздравување на граѓаните што во тие моменти беа присутни, но и со полициска придружба. Во разговор со дописничката на МИА од Атина коментираат дека заминуваат со надеж дека вчерашниот масовен протест за нив ќе донесе резултати и позитивен одговор од Владата и не го кријат задоволството од поддршката што ја добија од граѓаните. -Навистина е прекрасно чувството што сите нè поддржаа, сите нè поздравуваа додека патувавме кон Атина, знаеме дека граѓаните се со нас. Веруваме дека Владата ќе ја прими пораката, истакнува еден од земјоделците. Објаснуваат дека нивните барања остануваат непроменети односно од Владата бараат намалување на трошоците за производство, пред сè со намалување на цената на струјата, но и ослободување од данок за земјоделската нафта. Претседателот на Федерацијата на земјоделски здруженија од Лариса Ризос Маврудас кој беше дел од 15-члениот Комитет на земјоделците на минатонеделниот состанокот со грчкиот премиер, во разговор со дописничката на МИА од Атина посочи дека по синоќешниот масовен собир „порано или подоцна, Владата ќе мора да ги исполни нашите барања“. -Се враќаме кај нашите блокови, ќе одржиме состаноци, ќе ги информираме нашите колеги за масовниот протест со кој сметаме дека испративме јасна порака до Владата и очкуваме мерки за поддршка и исполнување на нашите барања. Ние ќе продолжиме да се бориме на сите начини и во сите облици, порача Маврудас. Поголемиот дел од земјоделците, оние кои пристигнаа со автобуси и автомобили, од Атина си заминаа синоќа, веднаш по протестот, додека пак тракторите останаа паркирани во текот на ноќта. Вчерашниот протест во Атина заврши мирно и масовно, земјоделците добија поддршка од синдикатите, од разни здруженија, како и од студентите, а според процените на полицијата учествуваа околу 10.000 демонстранти. По протестот, над 150 трактори со транспаренти со слоганите „Без земјоделци, нема храна“, „Денеска е погребот на сточарството“; „Земјоделци, борете се, ви ја пијат крвта“, но и црни и грчки знамиња, останаа 20 часа паркирани пред грчкиот Парламент. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕкономијаСредба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од ланиБуџетските приходи заклучно со август изнесуваат околу 3,75 милијарди и се за 8 проценти повисоки во однос на истиот период лани, додека даночните приходи бележат раст од 8,2 проценти.Овие податоци биле разгледани на средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорите на УЈП и Царинската управа, Елена Петрова и Бобан Николовски. Од Министерството оценуваат дека буџетот засега се реализира согласно планираната динамика, без позначајни отстапувања. Средбата доаѓа само неколку дена откако Димитриеска-Кочоска не ја исклучи можноста за нов ребаланс или прераспределба на средства поради случувањата на глобалните пазари и влијанието на кризата врз цените на енергентите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрвав напад во Пакистан- најмалку 16 загинати во експлозија во џамија (ВИДЕО)Најмалку 16 лица, вклучувајќи пет полицајци, беа убиени во напад врз џамија во северозападен Пакистан откако возило натоварено со експлозив се удри во неа. Висок полициски службеник во Пешавар ја потврди веста, според Би-Би-Си. Борби на местото на настанот Нападот се случил во округот Кохат, во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што сè уште се водат престрелки меѓу напаѓачите и безбедносните сили. Еден официјален претставник изјави дека еден напаѓач е убиен и дека се во тек спасувачки операции. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари испрати „најдобри желби за брзо закрепнување на повредените во експлозијата“ во официјално соопштение. Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. Премиерот Шехбаз Шариф, исто така, ја осуди експлозијата. An explosion at a mosque during Friday prayers has left at least 5 dead and 33 injured in Kohat district, Khyber Pakhtunkhwa province, Pakistan. As rescuers continue to search for more people, Police say they are still collecting evidence as to what might have caused the explosion. — Iftikhar Firdous (@IftikharFirdous) September 18, 2026 Активноста на милитантите во граничните области на Пакистан нагло се зголеми во последните месеци, а цел беа армијата и полицијата. Исламабад тврди дека милитантите користат безбедни засолништа во Авганистан за обука и планирање напади во Пакистан. Талибанската влада во Авганистан ги негира обвинувањата и вели дека милитантното насилство е внатрешен проблем на Пакистан.Тагови: Пакистан џамија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТом Круз открива за што разговарал со Тејлор Свифт: „Таа е брилијантна“Том Круз откри за што разговарал со Тејлор Свифт откако заедно го гледаа натпреварот со кој тимот „Канзас Сити Чифс“ ја започна сезоната, претходно оваа недела.Актерот гостуваше во емисијата на Џими Фалон во четвртокот и раскажа како музичката ѕвезда го учела на правилата на американскиот фудбал додека навивале за Тревис Келси од трибините. Лекција по американски фудбал Водителот Џими Фалон го праша 64-годишниот актер за што разговараат најголемата филмска ѕвезда и најголемата музичка ѕвезда во светот кога ќе се најдат еден до друг. Круз, кој го промовира својот нов филм „Digger“, одговори: „Таа ме учеше за американскиот фудбал“. На изненадување на Фалон, актерот потврди дека зборува сериозно. „Таа навистина го познава спортот. Како прво, таа е генијалец. Ја следам уште од времето кога беше дете. Сите што беа таму, сите нивни пријатели... тие се прекрасен пар и магични се сами по себе. Целата екипа во таа ложа“, рече Круз. Тој додаде дека дружењето на стадионот „Ароухед“ било посебно искуство за него. „Не бев бил на натпревар уште од пред пандемијата бидејќи постојано работев. Беше навистина забавно да се дружиме таму и да го доживеам тој момент. Таа навистина се разбира во тоа“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by The Tonight Show (@fallontonight) „Брилијантен текстописец и музичар“ Круз и Фалон исто така спомнаа како 36-годишната Свифт претходно признала дека не знаела ништо за американскиот фудбал кога првпат го запознала Келси. „Таа рече: 'Знаеш, тој е толку трпелив'“, раскажа Круз. „Јас одговорив: 'Верувам дека е така'. Мислам дека секој би бил многу трпелив со неа“. Актерот истакна дека пејачката сега целосно ја разбира играта и дека разговарале и за музика и за филмови. „Таа е духовита. Има одлична смисла за хумор. Плус, таа е брилијантен текстописец. Брилијантен музичар и режисер. Таа е многу талентирана“, заклучи Круз говорејќи за пејачката која стои зад албумот „Opalite“. Извор: Индекс.хрТагови: Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29