Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?
1Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?
3Притвор за семејно насилство во Битола- ја тепал и давел својата девојка, па избегал од полициската станица кога го привеле
БалканТрактори го блокираа грчкиот Парламент во центарот на Атина – земјоделците со порака дека нивната битка продолжуваПорака дека нема да отстапат од нивните барања, за кои велат дека сè уште не се решени, испраќаат земјоделците од цели Грција преку протестот што попладнево го одржаа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина.Порака дека нема да отстапат од нивните барања, за кои велат дека сè уште не се решени, испраќаат земјоделците од цели Грција преку протестот што попладнево го одржаа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, каде што стигнаа со десетици трактори што до утре наутро ќе останат паркирани пред Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците со тракторите поминаа низ централните улици, каде што со аплаузи беа поздравени и од насобраните граѓани, но и од случајните минувачи кои им изразија поддршка. Процените се дека околу 50 трактори се пред грчкиот Парламент, а ни дождот не ги обесхрабри да продолжат со протестот. Земјоделците со кои поразговара дописничката на МИА од Атина велат дека се разочарани и од владината политика и од владините мерки, дека не се исполнети нивните барања, дека владата не сфатила дека потребни се решенија за примарниот сектор, но и истакнуваат дека обединети ќе продолжиме со нивната борба. - Бескомпромисноста нема да помина, имавме средби и тоа на највисоко можно ниво, се сретнавме со премиерот и наидуваме на ѕид, наидуваме на бескомпромисност. Продолжуваат да го убиваат животните, цената за производство сè уште е на високо ниво. Од сето она што ни го ветија не исполнија ништо, вели за МИА Вакис Циобанидис земјоделец и сточар од областа Еврос. Со сличен став е и земјоделецот Аристидис од Лариса, коментира дека ниту еден од нивните проблеми не се решени. - Не можеме да преживееме, трошоците за производство остануваат високи, вели земјоделецот. Земјоделците од островот Крит беа првите кои утрово стигнаа во Атина со траект, додека пак оние од северна Грција, но и од Пелопонез пристигнаа организирано со автомобили и автобуси. Тракторите дојдоа од централна Грција, од градовите Кардица, Трикала и Лариса, како и од Евија, односно од местата што се во близина на Атина. До патарините на влезот во Атина транспортот беше со камиони, а од таму тракторите во конвој со придружба на полицијата стигнаа во центарот на градот. Периферијата Атика постави и станица за превентивна дезинфекција на тракторите пред влезот во Атина за заштита од сипаниците кај овците и козите. За време на протестот, претставници на земјоделците одржуваат говори, а тракторите и во текот на ноќта ќе останат пред Парламентот и планирано е како што стигнаа координирано и организирано, исто така координирано и организирано утре да си заминат од Атина. Сличен протест земјоделците одржаа и во 2024 година, кон крајот на февруари кога со над 150 трактори пристигнаа во Атина, во текот на ноќта останаа пред Парламентот и си заминаа следниот ден. Земјоделците, кои вкупно 55 дена, во декември и јануари беа на патиштата и граничните премини со поставени блокади, а минатиот месец се сретнаа со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку протестот сакаат уште еднаш да ги истакнат нивните барања, за кои сметаат дека не се решени.Тагови: Атина трактори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаТренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност? Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за некој од власта да понесе одговорност? Панче Тошковски има најголема политичка одговорност за потфрлување на превенцијата за непостапување на МВР и заштита на криминалците. Одамна требаше да си поднесе оставка, а не да чека. Позади секоја жртва на фемцид стојат бројни нерасчистени пријави и непостапувања. Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид повторно потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност. Да не беше брзата гневна реакција на граѓаните, на невладините организации, на СДСМ, ќе ја видевме старата шема на ВМРО. Жртвата во болница и страв за својот живот, а насилникот на слобода поради врски со локалните ВМРО-вски функционери. Затоа го ослободиле да си оди дома. Па откако јавноста гневно реагираше, под притисок се загрижија за себе и реагираа. Го сменија обвинителот, сменија одлука. Одеднаш им текна на нови околности и го однесоа во притвор. Тоа не е систем. Тоа е партиска контрола која работи по наредби од горе. Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид. Безбедноста на жените не смее да биде калкулација на ВМРО. Мицкоски, Тошковски, Савески - бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата. Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд. Како пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери бараме итно донесување на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите. Итно ставање на дневен ред на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените кои стојат во фиока од август месец. Итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со присуство на Тошковски и Савески. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи. Државата мора да биде посилна од насилството, а институциите мора да бидат на страна на жртвите, рече Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧеститка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски до сите граѓани по повод Денот на УставотДенеска, 17 ноември одбележуваме 35 години од донесувањето на Уставот. Денеска ве повикувам сите заедно, секој еден од нас да се обврземе на вистинска посветеност кон уставните вредности.Овој значаен јубилеј е потсетник дека силата на Уставот не лежи само во неговите одредби на хартија, туку и во нашата колективна свест, одговорност и посветеност кон вредностите коишто тој ги гарантира. Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината. Изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација. Тоа е најдостоинствениот начин да го почитуваме заветот на нашите предци и да обезбедиме иднина за поколенијата кои доаѓаат после нас. Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава. Нека ни е честит Денот на Уставот!, се наведува во честитката на Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаПритвор за семејно насилство во Битола- ја тепал и давел својата девојка, па избегал од полициската станица кога го привелеОсновното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото. Јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи го предвид фактот дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица. Ова, според јавниот обвинител, укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00