Трајков: Жените се двигатели на европските перспективи за иднината на Западен Балкан - Канал 5

Трајков: Жените се двигатели на европските перспективи за иднината на Западен Балкан

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше и се обрати на меѓународната конференција во  организација на Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women .

Трајков: Жените се двигатели на европските перспективи за иднината на Западен Балкан

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше и се обрати на меѓународната конференција во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women посветена на унапредување на женското лидерство и европската перспектива на Западен Балкан во светлината на безбедносните и технолошките предизвици во Европа.

Во своето обраќање во рамки на панел-дискусијата ,,Поврзувањето на иновациите помеѓу Западен Балкан и Европската Унија” Трајков истакна дека улогата на жените во науката, технологијата и иновациите е клучна за забрзувања на европската интеграција на регионот.

„Инвестирањето во жените во STEM областите не е само прашање на еднаквост, туку стратешка потреба за економски развој, дигитална трансформација и зголемена конкурентност на Западен Балкан во рамки на Европската Унија“, нагласи Трајков.

Таа посочи дека Македонија активно работи на креирање политики што ги поттикнуваат младите, особено девојките, да се вклучат во научно-истражувачките и технолошките области, како и на зајакнување на врските меѓу образованието, бизнис секторот и иновациските еко-системи.

„Европската перспектива на регионот зависи од нашата способност да создадеме инклузивни општества каде што жените се носители на промени, иновации и напредок“, додаде Трајков.

Конференцијата обедини високи претставници, политичари, експерти и носители на одлуки од регионот и Европа, со цел размена на идеи и искуства за улогата на женското лидерство во услови на геополитички предизвици, безбедносни ризици и технолошки трансформации.

Настанот е организиран со поддршка на меѓународни партнери и претставува важна платформа за продлабочување на соработката и унапредување на европските интегративни процеси на Западен Балкан,се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинезите ја претставија новата Омода-има термовизија, караоке и три вида погон (ВИДЕО)

Omoda, кинески бренд кој привлекува сè повеќе хрватски клиенти, претстави нов теренец долг речиси пет метри. 

Кинезите ја претставија новата Омода-има термовизија, караоке и три вида погон (ВИДЕО)

Model X ќе понуди хибриден, plug-in хибриден и целосно електричен погон, а меѓу најавената опрема се издвојува систем за термичко снимање со домет до 90 метри.

Omoda X е нов и значително поголем модел, претставен на 20 октомври во Вуху, Кина, на настанот Chery International User Summit. Според порталот Motor1, не се објавени ниту цената ниту датумот на можно пристигнување на европскиот пазар.

Скоро пет метри и нагласени теренски способности

Omoda X е долг 4954 милиметри, широк 1920 милиметри и висок 1702 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2700 милиметри. Дизајнот е базиран на насоката прикажана на помалиот модел Omoda 4, со остри рабови и изразени геометриски форми на каросеријата.

Производителот најавува и убедливи теренски способности. Растојанието од земјата е 200 милиметри, а според објавените спецификации, возилото треба да може да преминува водни пречки подлабоко од 700 милиметри.

Максималната дозволена тежина на приколката е 1.800 килограми, додека дозволеното оптоварување на покривот е 75 килограми.

Термичко снимање, караоке и 39 прегради

Кабината има дигитална инструмент табла од 10,25 инчи и централен екран од 13,2 инчи. Производителот наведува и вкупно 39 прегради за складирање.

Меѓу поинтересните елементи на опремата е интегрираниот систем за термичко снимање, за кој Omoda тврди дека има опсег до 90 метри. Понатамошни детали за неговите функции сè уште не се објавени.

Гребен на покривот навестува напредни можности за автономно возење, а Omoda најавува повеќе од 20 функции за помош на возачот. Режимот Open Mic караоке е одговорен за забавата, во кој виртуелните чудовишта на екранот реагираат на тоа колку добро или лошо пеете.

Три вида погони

Понудата ќе вклучува целосно хибридни, plug-in хибридни и целосно електрични верзии. Plug-in хибридните и електричните верзии треба да бидат достапни со погон на две или четири тркала.

Податоците за моќноста, капацитетот на батеријата, досегот и потрошувачката сè уште не се познати. За да процениме колку Omoda X би можел да биде интересен за хрватските клиенти, ќе мора да почекаме информации за европската понуда и цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

На социјалните мрежи се појави објава со фотографии од двајца рибокрадци во Дојранското Езеро. 

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

Во објавата се вели и дека езерото нема концесионер. Во коментарите на ФБ се бара итна реакција на надлежникте и казни за рибокрадците.

Секако, побарано е Министерстото за екологија и Општината да се грижат повеќе за езерото и што е можно побргу преку транспарентна постапка да биде избран концесионе, кој одговорно ќе стопанисува со Дојранското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво.

Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо.

Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век.

Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други.

Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница.

Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер