Трајановски задоволен од реконструцијата на мостот на Вардар кај Башино Село - Канал 5

Трајановски задоволен од реконструцијата на мостот на Вардар кај Башино Село

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски кој вчера и денеска е на увид на изведбата на  градежните работи за реконструкција на мостот на Башино Село на западниот влез во Велес.

Трајановски задоволен од реконструцијата на мостот на Вардар кај Башино Село

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски кој вчера и денеска е на увид на изведбата на градежните работи за реконструкција на мостот на Башино Село на западниот влез во Велес, изјави дека е задоволен од тоа како се одвиваат работите на санација овој мост и очекува работите да завршат согласно предвидениот рок од 21 до 25 јуни годинава.

Тој информира дека во тек е изработка на проектот за изградба на нов мост на Вардар кај Речани на влезот во Велес, а на 50- тина метри подолу од постоечкиот, а ако сите процедури завршат на крајот на јуни ќе се распише тендер за неговата изградба. Трајановски најави и дека се планира наскоро да се изгради и обиколница околу Велес со што би се растеретил сообраќајот во градот посебно за жителите од Општина Чашка и приградските населби а кои сега се одвива низ градот.

Тој денеска заедно со градоначалникот Марко Колев и пратениците, деканот на Градежниот факултет Горан Марковски и претставници на фирмата „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје, направи детален увид на градежните работи на мостот кои се одвиваат од долната страна каде што се столбовите и гредите, кои се зајакнуваат со арматура.

Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски, потенцира дека покрај сите зголемени мерки за безбедност на мостот тие како градежни стручњаци по првпат во Македонија поставиле траен 24 часовен мониторинг на мостот. Тој појасни дека неговите колеги од своите кабинети 24 часа го следат секое движење на мостот, со што е исклучена секоја опасност по мостот. Потенцира дека безбедноста во фаза на реконструкција на мостот е зголемена и дека со мониторингот на мостот ќе се продолжи и понатаму по завршување на неговата реконструкција.

Марковски оцени дека со реконструкцијата овој мост ќе трае повеќе од 10 години, но тука ќе биде и изградбата на нов мост со кој ќе го растерети сообраќајот на постоечкиот мост.

Директорот на ЈПДП Коце Трајановски, потсети дека на овој мост стар 54 години досега не се направила никаква санација,на овој важен мост на западниот влез во Велес, а поради што бил доведен во ваква катастрофална состојба која тие сега ја реконструираат,

-Главната причина поради која настанало оштетување на мостот е водата која протекувала од горниот слој на столбовите и на гредите на мостот и со годините била оштетена таа хидроизолација на мостот и биле оштетени и гредите и столбовите на мостот. Главните работи се изведуваат на гредите и столбовите. Гредите се армираат и се појачуваат а воедно и столбовите со карбонска мрежа.И тие ќе имаат челична конструкција којашто ќе ги врзе столбовите едни со други, што е одлично решение на стручњаците од Градежниот факултет, потенцира Трајановски.

Информира дека по завршување на санацијата, мостот ќе биде пуштен за сообраќај во двете насоки. Додаде дека моментално тие прават санација само на долниот дел на мостот, а потоа треба да се санира и горната површина на мостот и на крај да се асфалтира, а воедно да се реконструираат целосно и пешачките патеки на мостот.

Кажа дека по сите процедури се плаира кон крајот на јуни да го објават тендерот за изградба на Нов мост на Вардар во Речени, а кој трае 60 дена и очекуваат некаде во септември годинава да изберат изведувач кој ќе почне со изградбата на нов мост на Вардар во близина на постоечкиот, а со што и трајно ќе го решат проблемот на Општина Велес .

Градоначалникот Марко Колев истакна голема благодарност до ЈПДП за реконструкцијата на овој мост кој е во тешка состојба повеќе од 15 години,а кој се реконструира со подршка токму на оваа Влада и премиерот Христијан Мицковски и вицепремиерот Александар Николовски. Воедно се заблагодари и на деканот и градежните стручњаци од Градежниот факултет во Скопје,кој брзо интервенирале заедно со министерот за ватрешни работи за поскоро решавање на проблемот со цел да се спречи трагедија на мостот.

Инаку од почетокот март годинава сообраќајот на мостот на Вардар кај Башино Село на влезот на еден од влезовите во Велес е регулиран со семафор од двете страни наизменично,по средната лента на мостот која е најбезбедна,додека долу се одвиваат градежните работи. Воедно на мостот е забрането движење на камиони потешки од 40 тони, а тоа се регулира со мониторингот, а и во соработка со екипи на СВР Велес,кои вршат редпвни контроли на сообраќајот на мостот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМ

Добро е што Кузеска дава признание што од брусење шахти и казни на тие кои не употребуваат Северна, стигнавме денес и европските челници да употребуваат македонски идентитет и култура

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМ

Прес-конференцијата на Богданка Кузеска каде посочува дека Урсула фон дер Лајен употребува македонски јазик, култура и идентитет, со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите зошто имале сонце, ја разбираме единствено како големо признание на оваа Влада која од состојба каде Заев како премиер ги корегираше и казнуваше сите кои не употребуваат Северна дојдовме до ситуација европските челници да ја прифатат придавката македонски и да се јакне македонскиот идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер