Трајанов: Да не беа медиумите и опозицијата ќе се премолчеше случката во М-НАВ

Тој што ќе биде вклучен во тешки облици на криминал да му биде конфискуван имотот и да добие десетгодишна забрана за политичко дејствување.

Трајанов: Да не беа медиумите и опозицијата ќе се премолчеше случката во М-НАВ

Треба да има целосно независна институција, кадрите да се земат од други институции, средства да се пренаменат од средства од други институции но да има транспарентна судска постапка. Тој што ќе биде вклучен во тешки облици на криминал треба да му биде конфискуван имотот и да добие десетгодишна забрана за политичко дејствување и тоа да го одлучуваат нашите судови, но не вака директно, туку низ законска процедура. Не може да оди со европско знаме. Колку време помина откако беше ставен на црната листа градоначалникот на Струга, зошто не се покрена постапка, или едноставно е амнестиран? ДУИ постојано притиска и за М-НАВ, правдањето на случувањата во контролната кула и нарушувањето на воздушниот сообраќај ја покажува ароганцијата на ДУИ. СДСМ не кажа ни збор, катастрофа. Што требаше да се случи, да паднеше авион, тогаш ли ќе се реагираше. Има кривично дело нарушување на воздушниот сообраќај, па да не беа медиумите и опозицијата и ова ќе се премолчеше, рече Павле Трајанов во Само Вистина.

Министерот Муцунски на средби со амбасадорите на Канада и Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на одвоени средби ги прими вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада, со седиште во Белград, Мишел Камерон, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија

Министерот Муцунски на средби со амбасадорите на Канада и Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на одвоени средби ги прими вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада, со седиште во Белград, Мишел Камерон, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

На средбата со амбасадорката Камерон, како што соопшти денеска Министерството, била истакната одличната соработка меѓу двете земји на мултилатерален план, особено во рамки на НАТО. Се разговарало за продлабочување на билатералната соработка со фокус на економијата, инвестициите и образованието. Особено била нагласена потребата од поттикнување канадски инвестиции и поддршка на иницијативи за развој на трговијата и претприемништвото.

Во разговорот со амбасадорот Лосон, министерот Муцунски изразил благодарност за солидарноста што Обединетото Кралство ја покажа по трагичната несреќа во Кочани, како и за упатениот тим за итна медицинска помош кој активно соработува со македонските здравствени институции.

Оваа поддршка, како што се наведува во соопштението, била оценета како исклучително важна за долгорочната грижа и третман на повредените пациенти.

- Средбата беше дел од редовната комуникација и координација со Обединетото Кралство и посветена на утврдување на следните активности во рамки на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји. Двете страни ја нагласија потребата од динамизирање на работата на Заедничкиот комитет за имплементација на Спогодбата, преку редовни годишни состаноци, соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министерот Муцунски ја повторил благодарноста за континуираната поддршка од Обединетото Кралство во спроведувањето на надворешно-политичките приоритети на Македонија, вклучително и преку бројни проекти во земјата. Тој го истакнал нивото на развиеност на билатералните односи и оцени дека планираните активности ќе бидат силна потврда за стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ.

Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да покренат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Унгарските семејства, рече Орбан, не треба да преземаат посебни мерки.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

За разлика од претходните години, тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо нема понуди од ривалските клубови за кои би требало итни одлуки за неговата иднина, пишуваат германските медиуми.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

Алонсо ја искористи репрезентативната пауза за националните тимови во март минатата сезона за да размисли за својата иднина, во услови на интерес од Баерн Минхен и друг негов поранешен клуб, Ливерпул, бидејќи двата тима бараа нови тренери пред следната сезона.

Шпанскиот тренер најави дека останува во Леверкузен пред да го води тимот до првата титула во Бундеслигата, а потоа да остане непоразен и да го додаде триумфот во Купот на Германија.

-Ситуацијата сега е поинаква. Во тоа време имаше што да се решава. Овојпат нема. Тоа е големата разлика, прокоментира Алонсо.

Договорот на стручњакот со Баер Леверкузен трае до 2026 година. Тимот беше во зоната за испаѓање во Бундеслигата кога Чаби Алонсо го презеде во октомври 2022 година. Единствениот пораз на тимот од Леверкузен минатата сезона беше во финалето на Лига Европа против Аталанта - пораз со кој заврши нивната рекордна серија од 51 натпревар без пораз во сите натпреварувања.

Баер Леверкузен моментално заостанува шест бода зад Баерн во поредокот со преостанати осум кола од Бундеслигата и се уште може да го одбрани трофејот во Купот на Германија, бидејќи игра полуфинале против Арминија Билефелд во вторник.

Алонсо останува меѓу најпочитуваните тренери на континентот и се смета за потенцијален наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид - уште еден од поранешните клубови на поранешната шпанска ѕвезда. Но, Чаби Алонсо не попушта на размислувањата дали својата иднина ја гледа во Баер Леверкузен или на друго место.

-Моите размислувања се исти како што кажав претходно, останувам фокусиран на оваа сезона. Тоа е најважно, изјави Алонсо и додаде: „Се наоѓаме во важна фаза и не сакам да шпекулирам. Не сакам да размислувам за ништо друго освен за фудбалот“.

притисни ентер