1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
МакедонијаТрагедија во Волково – кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син, па се самоубилКрвав понеделник во скопско Волково. Кираџија го убил сопственикот на куќата во која живеел и пукал кон неговиот малолетен син, по што се самоубил..-Убиството во кое има две жртви се случило на улицата 25 во Волково утринава во 9 часот. -Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-МВР Од полицијата информираа дека смртта на двете лица на лице место ја констатирала екипата на Итната медицинска помош. повредениот малолетник, син на починатиот сопственик на куќата бил пренесен на скопските клиники и е во стабилна состојба. Засега нема информации која е причината за овој трагичен настан. Претпладнето на местото каде беше извршено злосторството можееше да се забележи брза помош како и зголемено присуство на полициски екипи кои вршеа увид и собираа информации поврзани со расветлувбање на случајот како и мотивите за убиството. Некои од соседите, кои не сакаа да зборуваат пред камера, кажаа дека претходно немало расправија помеѓу двете, сега починати лица и беа изненадени што еден ваков крвав пир се случил во нивната мирна населба. Од Обвинителството информираа дека двете тела ќе бидат дадени на обдукција, а ќе се вршат и дополнителни вештачења со цел да се утврдат сите околности за трагичниот настан. Ќе се вештачи и подигнатото оружје со кое било пукано -Јавен обвинител, полициски и други увидни екипи вршат увид на лице место и ги преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење. - ОЈО Во последните 4 дена ова е второ пукање во Скопје. Во четвртокот , на влезот на селото Моране во престрелка беше повредено едно лице. Тагови: трагедија Волково Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаДронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во ЛуксембургВластите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите. Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал. Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот. Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!Бразилскиот репрезенативец, Рафиња ги израдува навивачите на шпанскиот фудбалски шампион Барселона со порака за својата иднина. Бразилецот во интервју за каталонското радио „RAC1“ откри дека сака да го продолжи договорот со клубот и да остане на „Камп Ноу“. – Многу сум среќен и сакам да го продолжам договорот. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Барселона. Нема да одам никаде на друго место – изјави Рафиња. Бразилецот игра сезона од соништата. Постигна девет гола во Ла Лига и уште два во Лигата на шампионите, а откако беше преместен на позицијата најистурен напаѓач и ја доби капитенската лента, стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик. Рафиња има договор со Барселона до 2028 година, но јасно стави до знаење дека сака да остане и по тој период.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во ОхридОсновното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter