Tрагедија во македонскиот ракомет: Почина 20- годишниот репрезентативец Марко Божиновски - Канал 5

Tрагедија во македонскиот ракомет: Почина 20- годишниот репрезентативец Марко Божиновски

Македонскиот младински ракометен репрезентативец Марко Божиновски почина ненадејно на 20-годишна возраст.

Tрагедија во македонскиот ракомет: Почина 20- годишниот репрезентативец Марко Божиновски

Засега, не се познати причините за неговата смрт.

„Со неизмерна тага и неверување испраќаме последен поздрав за прераната смрт на македонскиот младински репрезентативец Марко Божиновски. Почивај во мир, сочувство до семејството“,велат од Ракометната федерација на Македонија.

Според неофицијални информации причина за смртта е срцев удар што му се случил во сон. Божиновски вчера настап на средбата против Еурофофарм Пелистер 2 на која постигна и два гола.

Ова е втора трагедија што деновиве ја потресе ракометната јавност. На 29 мај, во водите на Охридското Езеро беше пронајдено безживотното тело на ракометниот голман Никола Даниловски. Даниловски го бранеше голот на ракометниот клуб Охрид, а често беше дел и од македонската репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 година добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите.

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 година добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите.

Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир.

Според достапните податоци, компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД ДООЕЛ, основана на 10 јули 2024 година, успеала за исклучително краток временски период да обезбеди четири договори од Општина Чаир во вкупна вредност од 3.462.665 евра.

Договор бр. 1 – 88.433.315 денари (околу 1,44 милиони евра)

Договор бр. 2 – 59.861.572 денари (околу 973 илјади евра)

Договор бр. 3 – 61.138.706 денари (околу 994 илјади евра)

Договор бр. 4 – 3.520.412 денари (над 57 илјади евра)

Вкупно: 212.954.005 денари или 3.462.665 евра јавни пари од Општина Чаир.

Уште позагрижувачки е фактот што станува збор за компанија која е основана само неколку месеци пред да започне да добива милионски договори од Општина Чаир.

Особено индикативен е фактот што овие договори не се склучени во рамките на еден политички период.

Два од нив се потпишани во мандатот на Висар Ганиу, додека другите два се склучени во периодот кога политичките структури на Изет Меџити ја контролираат општината. Ова отвора сериозни сомнежи дека не станува збор за изолиран случај, туку за континуитет на истиот модел на функционирање и на истите кругови на интерес.

Случајот станува уште поинтересен кога ќе се погледнат податоците за адресата на компанијата.

Според документите, седиштето на компанијата е регистрирано на улица „Дижонска“ бр. 5/х во Чаир. Достапната документација покажува дека станува збор за приватна адреса на живеење, а на истата адреса се регистрирани и други деловни субјекти поврзани со лица од истото семејство. Овие факти сами по себе не претставуваат доказ за незаконитост, но претставуваат повеќе од доволна причина за целосна институционална проверка.

Пред овие факти, граѓаните имаат право да бараат одговори:

Како компанија основана во 2024 година успеала да добие над 3,4 милиони евра јавни средства?

Кои биле нејзините реални референци и капацитети во моментот кога ги добила овие договори?

Кој ја проверил исполнетоста на условите за овие постапки?

Дали биле проверени евентуални деловни, семејни и политички врски кои можеле да влијаат врз доделувањето на овие договори?

Зошто институциите продолжуваат да молчат пред случаи кои во секоја функционална демократија би заслужувале итна истрага?

Особено загрижува фактот што речиси секоја афера која излегува во јавноста од Чаир поминува без сериозна институционална реакција.

Кога институциите молчат пред основани сомнежи за злоупотреба на јавните средства, се создава впечаток дека борбата против корупцијата не се води според законот, туку според политичките потреби на власта.

Затоа ДУИ бара од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство веднаш да ги проверат сите околности поврзани со овие договори и јавно да ги објават своите наоди.

Истовремено, ДУИ ќе ги информира Делегацијата на Европската Унија, Европската комисија, европратениците и меѓународните партнери за институционалното непостапување пред сериозни сомнежи за корупција во Чаир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Твојот талент заслужува можност: Македонија2025 го отвора повикот за стипендии за средношколци

Фондацијата МК2025 го отвора повикот за стипендии „Таленти денес – лидери утре“ за учебната 2026/2027 година и ги повикува сите амбициозни средношколци од Македонија да аплицираат и да станат дел од новата генерација млади таленти.

Твојот талент заслужува можност: Македонија2025 го отвора повикот за стипендии за средношколци

Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот чекор во своето образование, личен развој и идни професионални цели.

Преку Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“, и оваа година ќе бидат избрани 10 стипендисти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 МКД, исплатени во 10 еднакви месечни износи во текот на учебната година, односно во месеците во кои се одвива настава - од септември 2026 до јуни 2027 година.

Но, оваа програма е многу повеќе од финансиска стипендија. Таа е можност за менторство, обуки, практични искуства, поврзување со успешни професионалци и учество во активности на Фондацијата МК2025 и Македонија2025. Целта е да им се помогне на младите таленти да продолжат да учат, да се развиваат и посигурно да чекорат кон своите цели.

Кој може да аплицира?

Право на аплицирање имаат:

● средношколци од прва до трета година на редовна настава во државни средни училишта;

● ученици со просечен успех над 4.70;

● добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природните и општествените науки, компјутерското програмирање и други области;

● кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен годишен бруто приход во семејството до 925.000 МКД.

Корисниците на стипендија за 2025/2026 година потребно е повторно да аплицираат на отворениот повик, доколку ги исполнуваат критериумите.

„Со оваа програма не поддржуваме само одлични ученици - поддржуваме млади луѓе со визија, труд и потенцијал. Веруваме дека вистинската поддршка, дадена во вистински момент, може да биде пресвртница во нивниот образовен и личен развој. ‘Таленти денес – лидери утре’ е повеќе од стипендија - тоа е вложување во иднината на Македонија“, посочија од Македонија2025.

Досегашните стипендисти се најдобар доказ дека ваквата поддршка може да направи значајна разлика. Нивните приказни зборуваат за труд, истрајност, нови можности и верба во сопствениот потенцијал. Осознајте ги импресиите на поранешните и сегашните стипендисти тука: https://macedonia2025.com/support-fund-for-talented-students-talents-today-leaders-tomorrow/

Повеќе информации за програмата, начинот на аплицирање и потребната документација се достапни на следниот линк: https://macedonia2025.com/en/news/fondacija-mk2025-otvoren-povik-za-stipendiranje-na-deset-10-srednoshkolci-talenti-denes-lideri-utre

Апликациите се поднесуваат електронски преку E-scholarships платформата на Македонија2025. За валидни ќе се сметаат само апликациите поднесени преку платформата.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 август 2026 година, до 23:59 часот.

Досега, преку програмата „Таленти денес – лидери утре“ се доделени 50 стипендии. Сега е редот на новата генерација.

Не пропуштајте ја оваа можност - аплицирајте, развивајте се и станете дел од заедницата на млади таленти и идни лидери!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3х3 турнир во светот – „red bull half court“

Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3x3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје.

Општина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3х3 турнир во светот – „red bull half court“

На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини.

Настанот ќе се одржи на целосно обновениот терен во паркот „Авионче“, кој доби нов и модерен изглед, дополнително збогатувајќи го едно од најпосетените спортски катчиња во Општина Аеродром.

Покрај возбудливите натпревари, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во настапот на светски познатиот Grabo Dunks, четирикратен FIBA шампион во забивање, кој ќе приреди атрактивно шоу за сите љубители на кошарката.

Со одлична спортска програма, музика и богата атмосфера, Red Bull Half Court уште еднаш ќе го претвори Аеродром во центар на баскетот и на спортските возбудувања.

Општина Аеродром ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од овој уникатен настан и да уживаат во незаборавен кошаркарски викенд во паркот „Авионче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер