Трагедија во Лондон: Три лица загинаа во голем пожар- на терен 100 пожарникари (ВИДЕО) - Канал 5

Трагедија во Лондон: Три лица загинаа во голем пожар- на терен 100 пожарникари (ВИДЕО)

Три лица загинаа во пожар што избувна во еднокатен павилјон во Вајт Сити, западен Лондон, соопшти денес Лондонската противпожарна бригада.

Трагедија во Лондон: Три лица загинаа во голем пожар- на терен 100 пожарникари (ВИДЕО)

Во соопштението се вели дека две лица се прогласени за мртви на местото на настанот, а дека трет маж, кој бил однесен во болница на понатамошно лекување, починал од повредите, јавува Скај њуз.

Пожарникарите изјавија дека пожарот е ставен под контрола до 21:25 часот.

@breakingnewslondon Three people have died following a major fire on India Way in White City. Emergency services mounted a huge response with 15 fire engines and around 100 firefighters attending the scene. Investigations are now underway as crews remain on site overnight. #BreakingNewsLondon #WhiteCity #LondonNews ♬ original sound - breakingnewslondon

Портпаролот на Лондонската служба за брза помош изјави дека девет лица биле згрижени од службата, а тројца пациенти биле однесени во трауматски центар од местото на настанот.

„Причината за пожарот ја истражуваат специјализирани службеници за истрага на пожари од Противпожарната бригада и Метрополитенската полициска служба“, се вели во соопштението на Лондонската противпожарна бригада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје, дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“

Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје: дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“, а тој не бил единствениот уапсен.

Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје, дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“

Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ, е уапсен во Португалија со 1,5 тони кокаин и оружје, во врска со „Балканскиот картел“.

Поранешниот српски фудбалер, идентификуван како Урош Милошевиќ, е уапсен на автопат во Португалија додека превезувал повеќе од тон и пол кокаин и две воени оружја, објави локалниот портал „А Бола“.

Дрогата, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, му припаѓала на „Балканскиот картел“, според пишувањата на локалниот медиум „Жорнал де Нотисијас“.

Акцијата на португалската полиција, која резултираше со пресретнување на комбето минатата среда, откри дека 31-годишниот поранешен фудбалер, покрај големото количество наркотици, превезувал и наполнето воено оружје подготвено за употреба. Апсењето уследи по други акции насочени против истата криминална организација.

Една недела претходно, во заедничка операција на португалската и шпанската полиција, во Шпанија беа уапсени уште двајца членови на картелот, при што беа запленети 3,7 тони дрога.

„Организацијата, чија база е на југот на Шпанија, дејствува низ цела Европа и ја користела португалската крајбрежна област како место за истовар на големи количества кокаин“, беше појаснето.

Истиот извор наведува дека Милошевиќ имал скромна фудбалска кариера во Србија, настапувајќи за помалку познати клубови како Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗ

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир Фетаху

Лукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗ

На средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните.

Соговорниците ја истакнаа важноста на верувањето и духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани.

Во знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Сотир Лукровски му беше врачена благодарница.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди

Град Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.

Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво.

Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила.

„Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување. Градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“, порачаа од Град Скопје.

Домаќинското управување веќе дава конкретни резултати. ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година.

Град Скопје посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства.

Вооедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје.

Секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети.

Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер