СветТрагедија во Јапонија: Четворица работници загинале при пад во шахта Четворица работници денеска загинале откако паднале во шахта за канализација за време на инспекција во префектурата Саитама, северно од Токио, соопшти полицијата.Во близина на местото на несреќата е откриен водород сулфид, безбоен и многу токсичен гас. Полицијата истражува дали гасот е поврзан со смртта на работниците, објави новинската агенција на Јапонија, Кјодо. Властите добиле итен повик околу 9:25 часот по локално време дека едно лице паднало во шахта во градот Гјода и дека потоа влегле уште тројца за да се обидат да го спасат. Локалните власти соопштија дека истражуваат што ја предизвикало несреќата.Тагови: јапонија шахта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН Иран официјално поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), обвинувајќи ги САД за систематско кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад, потпишан минатиот месец. Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, Зенон Нгаи Муконг, постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, изјави дека САД, како што тврди Техеран, почнале да ги поткопуваат неговите одредби речиси веднаш по потпишувањето на договорот, објави „Прес ТВ“. На 17 јуни, Иран и САД потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува траен прекин на непријателствата на сите фронтови и продолжување на преговорите за конечен договор во рок од 60 дена. Според толкувањето на Иран, документот предвидува дека Иран ќе ја преземе одговорноста за управувањето и безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец. Во жалбата, Иравани наведе 42 случаи на наводни прекршувања на договорот од неговото потпишување, вклучувајќи ги воените напади на САД на иранска територија, ограничувањата за продажба на иранска нафта, воспоставувањето алтернативна поморска рута низ Ормутскиот теснец и поддршката за Израел во конфликтите во Либан. Иранскиот амбасадор особено го истакна Член 5 од меморандумот, за кој тврди дека ја потврдува надлежноста на Техеран врз утврдувањето на безбедното минување низ Ормутскиот теснец.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко РистовПродолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Тој е обвинет за непријавување имот, прикривање имот и перење пари, откако истражителите пронајдоа заѕидани 350.000 евра во кујната од домот на неговите родители во Неготино. Судијата Ристов негира вина и тврди дека парите не се негови, а одбраната најави презентирање документи за потеклото на средствата. Случајот го води судијката Билјана Коцевска од одделот за гонење организиран криминал. Вчера се случи и инцидент во кој беше опожарен патничкиот автомобил „фолксваген пасат“ што го користел обвинетиот судија.Тагови: судењето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните.Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ. СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата. Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората. Ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со деструктивните блокади и конечно да покажат чувство на одговорност. Интересите на македонската дијаспора не смеат да бидат заложник на дневнополитички калкулации. Македонија има обврска да ги поврзува своите граѓани, а не да дозволи некој да ги оттурнува поради политички мотиви. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook