СветТрагедија во Индија: Четири деца загинаа при уривање на училиште, десетици заробени под урнатините Најмалку четири деца загинаа, а 17 други се повредени откако се урна покрив во училиште во западната индиска држава Раџастан, објавија локалните медиуми.Властите стравуваат дека десетици луѓе се уште се заробени под урнатините, објави Ројтерс. Локалните новински канали покажаа жители кои се собираат околу местото на настанот, додека властите користеле кран за отстранување на урнатините. Несреќата се случила додека учениците посетувале настава во државно училиште во Џалавар. „До властите се издадени упатства да им обезбедат соодветен третман на повредените деца“, изјави на социјалните медиуми функционер на државата Раџастан, Баџанлал Шарма. Шефот на локалната полиција, Амит Кумар, изјави дека некои од повредените деца се во критична состојба, според PTI и Economic Times. Според извештаите на локалните медиуми, на местото на настанот се наоѓаат спасувачки екипи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во ИнџиковоУште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот. Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договоротКапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа .Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа и незадоволителни резултати на тимот. Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот од сезоната, сепак, Јунајтед има опција да активира клаузула за продолжување, со што тој би останал во клубот уште 12 месеци – со што договорот практично би се продолжил до 2028 година. Раководството на клубот сака да постигне согласност за нов договор со 32-годишниот капитен пред тој момент. Разговорите со неговите претставници траат веќе неколку месеци, но според извори на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), втората понуда е одбиена. Не е сосема јасно кога точно Фернандеш ги одбил предложените услови, а моменталната нестабилна ситуација во клубот го отежнува предвидувањето кога би можеле да завршат преговорите. Доколку двете страни не успеат да се договорат за нов договор, речиси е сигурно дека Манчестер Јунајтед, пред 1 јануари, ќе ја искористи опцијата за продолжување на постоечкиот договор за уште една година. Со ова би се спречило Фернандеш да влезе во последните шест месеци од својот договор – период во кој тој би имал право да потпише преддоговор со странски клуб за трансфер, откако ќе заврши неговиот престој во Јунајтед. Активирањето на оваа клаузула би ѝ овозможило на управата повеќе време за преговори и за одлучување за иднината на еден од најважните играчи во тимот. Сепак, само по себе, ваквиот потег не би го решил прашањето за долгорочната иднина на португалскиот репрезентативец во клубот. Неизвесноста околу иднината на Фернандес се совпаѓа со уште една промена на клупата на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик доби отказ во четвртокот, по најлошиот старт на клубот во домашна натпреварувачка сезона во последните 40 години. Според „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), се очекува него да го наследи Маурисио Покетино, кој моментално е селектор на Соединетите Држави. Аргентинецот треба за првпат да го предводи Јунајтед на 22 ноември, на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“. Од клубот се надеваат дека доаѓањето на Покетино би можело да влијае врз одлуката на Фернандес и да го убеди да ја поврзе својата иднина со „Олд Трафорд“.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајотОткако пукна огромниот скандал со Алта банка, гледаме панични обиди на Христијан Мицкоски во одбрана на банката на Вучиќ и намера да се заташка случајот.Трајко Славески самиот се обвини. Ставил потпис, дал дозвола за работа на банка што според информациите во Србија служела за перење пари стекнати со криминал и корупција. Последните информации се дека постои сомнеж и за печатење пари. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски, Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија. Сега на ред е обвинителот Савески веднаш да постапи по кривичната пријава. Мицкоски го копира моделот на Вучиќ, врши притисок врз Обвинителството, дава задачаи. На јавноста веќе ѝ е јасно дека лажел и дека тој лично е одговорен за банката на Вучиќ. Обвинителството мора да работи според законот и да постапува. Гледаме во Србија што се случува со обвинителите што слепо ги слушале наредбите на Вучиќ. Се очекуваат апсења на главните обвинители што ѝ служеле на организираната криминална група и на режимот на Вучиќ. Затоа Савески мора да покаже дека работи независно и по закон. Гувернерот Трајко Славески исто така има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење, за злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Во Србија секој ден има апсења. Обвинителството работи. Ги вади истрагите од фиока. Кај нас Мицкоски го копира Вучиќ и поднесува пријави против опозицијата за ширење паника. Паниката ја направија Мицкоски и Славески. Тие ја донесоа криминалната банка во Македонија, тие јавните претпријатија ги внесоа во Алта банка, тие им велеа на граѓаните дека се е во ред. И тие воведоа присилна управа и им ги блокираа парите на граѓаните. Сега граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски прета во калта. Влегува во дилови и за продажба на банката иако Мицкоски нема никаква надлежност. Во Собранието лаже на надзорната расправа за Алта банка, ги лаже пратениците, ја лаже јавноста. Се плаши, од тоа што ќе покажат документите, што ќе се открие потеклото на капиталот, трансакциите, сметките и неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Затоа е потребна брза и силна реакција од Обвинителството. Мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter