3„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
ЕвропаТрагедија во Франција: Авион што превезувал падобранци се урна во предградие на Нанси– се стравува дека има десетина загинати Авион се урна денеска во предградието на францускиот град Нанси, а се стравува дека има многу жртви, јавуваат локалните медиуми.Авионот паднал на тревна површина покрај улица, во близина на куќи, а бројни противпожарни екипи биле испратени на местото на настанот. Според некои извештаи, се стравува дека може да има десетина жртви. Авионот, како што се вели, превезувал група падобранци кои планирале да изведат скокови на еден настан. Полициските службеници го затвориле тој дел од градот, а префектот на регионот Мерт-ет-Мозел е на местото на настанот, кој подоцна ќе одржи прес-конференција. - Несреќата се случила околу 11 часот наутро. Минував со мојот автомобил додека одев на шопинг, кога го видов авионот како се спушта и паѓа на земја - изјавил очевидец, пренесе РТЛ.Тагови: авион падобранци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Меси за фотографија со Јамал како бебе: „Неверојатно“ По крајот на мундијалските полуфиналиња и победите на Шпанија и Аргентина, топ вест во светските медиуми е една фотка на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси и неговиот наследник Ламин Јамал како бебеИ Лионел Меси, како и целиот свет, е вчудовиден од фактот дека ќе игра за светската титула против момчето што го држел во рацете пред две децении. Сега веќе познатата фотографија на Меси – направена во времето кога тој го градеше својот пат во Барселона – и на сосема малото, новородено бебе Јамал, повторно стана актуелна откако Ламин се проби во првиот тим на Каталонците и многу брзо со право според игрите се здоби со статус на ѕвезда. Фотката своевремено предизвика неверување во фудбалскиот свет. Потоа падна во заборав, но повторно излезе во преден план за време на Светското првенство и стана хит откако и двајцата стигнаа до финалето. Сега звучи уште поневеројатно тоа што „моделите“ од таа позната фотографија ќе се борат за светската титула. Дваесет години откако е направена фотографијата. Од сите приказни поврзани со Светското првенство раскажани досега – не само од тековниот турнир – оваа е можеби најневеројатната. „Ламин е играч кој може многу да постигне. Пред него е одлична кариера и можност да направи нешто историско, но се надевам дека тоа нема да се случи овој пат, против нас. Животот е луд, а фактот што и двајцата играме на Светското првенство по онаа фотографија е неверојатен. Му посакувам многу среќа во Барселона. Ќе се обидеме да не му дозволиме да биде во најдобра форма во недела, иако тоа ќе биде тешко“, изјави Меси на настан организиран од ФИФА во Њујорк. На фотографиите направени во 2007 година може да се види како Меси го бања бебето Јамал. Во 2007 година се случи историски момент, а никој не беше свесен за тоа. Всушност, идејата била да се реализира фотосесија за годишен календар. Во декември, каталонскиот весник „Спорт“, во соработка со Барселона и УНИЦЕФ, започна проект за хуманитарен календар. Идејата беше ѕвездите на Барселона да се фотографираат со бебиња, а потоа календарот да се искористи за собирање средства за хуманитарни цели. УНИЦЕФ помина неколку месеци избирајќи семејства од Каталонија кои би учествувале во оваа програма, а за изборот да биде целосно правичен, меѓу заинтересираните родители била организирана ждрепка. Извлечено било семејството на Ламин Јамал. Но, тука не завршило сè. Не се знаеело со кого ќе се фотографира момчето, а кога семејството пристигна на „Камп Ноу“, ги пречекало изненадување – на нивниот син му бил доделен никој друг туку Лионел Меси. Овој момент го овековечија фотографите Жан Монфор и Ориол Каналс.Тагови: Ламин Јамал Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
СветВо двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лицаВо двата земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни загинаа над 5 илјади лица, изјави претседателот на парламентот, Хорхе Родригез.Бројот на повредени и натаму е над 16 000, додека 17 илјади лица останаа без покрив над главата како последица од земјотресите. Според претходно објавени податоци, оштетени се речиси 900 згради... Земјотресите што ја погодија венецуела инаку, беа со јачина од 7,2 и 7,5 степени според рихтеровата скалаТагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
ЕвропаБерлин бара од Зеленски да го преиспита разрешувањето на министерот за одбранаОдлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров предизвика реакција во Германија, каде што од федералната влада сега се бара да изврши притисок врз Киев да го врати поранешниот министер.Претседателот на Комитетот за прашања на Европската унија на Бундестагот и пратеник на зелените, Антон Хофрајтер, рече дека Зеленски направил „сериозна грешка“ и дека неговата кадровска одлука е резултат на жестока борба за моќ во рамките на украинската држава и военото раководство. Тој нагласи дека Федоров бил многу успешен министер и се сметал за неподмитлив политичар во Киев и меѓу западните партнери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook