Традиционалните занаети, ракотворби и храна, претставени на „Шопско село 2025" во Крива Паланка - Канал 5

Традиционалните занаети, ракотворби и храна, претставени на „Шопско село 2025" во Крива Паланка

Оваа манифестација е концепт на фестивал на етнологија, занаети и ракотворби, што го оживува културно-историското наследство од шопскиот регион: Козјачија , Средорек, Кратовско, Кривопаланечко, Пијанец, Малешево и Осоговие.

Традиционалните занаети, ракотворби и храна, претставени на „Шопско село 2025" во Крива Паланка

Традиционални храна, специјалитети, ракотворби и занаети од шопскиот регион синоќа беа презентирани на манифестацијата „Шопско село" во Крива Паланка, што втора година по ред се одржува во пресрет на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица и денот на патрон-светителот заштитник на градот, Свети Јоаким Осоговски.

Оваа манифестација е концепт на фестивал на етнологија, занаети и ракотворби, што го оживува културно-историското наследство од шопскиот регион: Козјачија , Средорек, Кратовско, Кривопаланечко, Пијанец, Малешево и Осоговие.

- Овој концепт ги презентира изработките од вредните раце на мајсторите-занаетчии, игрите, песните што со векови го обединувале народот од овој крај, топлината и вкусот на шопската трпеза. Крива Паланка отсекогаш била чувар на народното богатство и вечерва, во духот на тие вредности ја презентираме нашата култура на идните генерации, истакнаа од ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Специјални гости на првата вечер беа претставничките од „Зелникот на баба", Пробиштип, кои одржаа работилница за подготовка и изработка на зелник, кој се печеше на традиционален начин, под вршник.

Вечер специјалитети ќе подготват корисничките на Дневниот центар за активно стареење при Црвен крст Крива Паланка, а утревечер ќе се подготвува војнички леб.

Штандовите повторно ќе бидат исполнети со традиционални јадења од шопскиот регион, мед, пчелни производи, слатки и солени јадења, ракии и вино, рачно изработени чанти и мечиња, обетки и нараквици, магнети и изработки од полимерна глина.

Манифестацијата ќе трае до среда, денови во кои ќе се одржува и Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер