ЗабаваТрадиционалниот Вевчански карневал на 13 и 14 јануари, Вевчани ги чека гоститеВевчани е подготвено за годинашното издание на традиционалната манифестација Вевчански карневал што повеќе од 14 века се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Свети Василиј, односно православна Нова година.И годинава Василичарите од Горна и Долна маала, покрај со традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, ќе продефилираат и со останатите маски со кои ги исмеваат актуелните политички случувања. Со звуците на зурли и тапани ќе ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаат Новата година прочистени и среќни. -Вевчанскиот карневал по многу нешта е специфичен и ги има задржано изворните карактеристики уште од почетокот на одржувањето пред 14 века. Карневалот е медиум кој и пренесува на власта и на владетелот дека нешто не чини и е коректор на власта. Во него има многу хумор и сатира. Низ маските и игрите можете да го согледате целогодишното владеење. Паметна власт во карневалот може да ја види целата негативност што ја правела во текот на годината и ќе може да се коригира. Некому може му изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочоски на денешната прес-конференција. Преку карневалот, како што кажа, не се шири верска и национална омраза. -Вевчанските маски покажуваат какви не треба да бидат луѓето. Ако видите грубост, пораката е не бидете груби. Ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Едноставно, она што е негативно во едно општество и во секој сегмент на општественото живеење ќе го видите токму низ маските на дефилето на 13 и 14 јануари, рече Кочоски. Карневалот започнува утрото на 13 јануари, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите. Околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани и од тука започнува Василичарското дефиле, а поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани. Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓавол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, Зетот и Невестата, а потоа сите василичари. После Василичарското дефиле, Зетот и Невестата од Горна и Долна маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (сурва) година, а домаќините ги даруваат. Ноќта на 13 наспроти 14 јануари, се оди на вода во Вевчанските извори. Се верува дека ноќта спроти празникот водата во изворите е света и лековита. Во минатото жителите на сите околни села независно од верата доаѓале на изворите и полнеле од водата. На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани). Полнат вода со која утрото на 14 јануари замесуваат Кашаник (пита печена под сач). На 14 јануари на денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот, а потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година со што завршува карневалот. И годинава манифестацијата ќе биде придружена со музичка програма која почнува вечерта на 12 јануари кога ќе настапат рок и поп бендовите: ГИГ ОФФ ( Сашко Гигов – Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл Цепелин, реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе бидат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Се уште не е потврдено учеството на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ на манифестацијата Вевчански карневал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
СудбинаПласичен хирург е убиен поради операција на задник- платен убиец го застрелал во глава пред сопругатаГерманскиот естетски хирург Александар Аслани (57) е убиен во неговата клиника во луксузното шпанско одморалиште Марбеља.Истражителите се сомневаат дека станува збор за професионално организирано убиство по договор, а истрагата е фокусирана на два можни мотиви, објави Пипл. Пред неколку дена, еден маж мирно влегол во ординацијата на естетскиот хирург и го убил Аслани со неколку истрели во главата. Неговата сопруга, Жанин, била сведок на нападот, по што истрчала врескајќи на улицата. Осомничениот, 18-годишен шведски државјанин, бил уапсен 24 часа по злосторството. Според шпанските медиуми, се верува дека е поврзан со озлогласената банда „Шотаз“. Полицијата наводно го пронашла благодарение на регистарската табличка на неговиот мотоцикл. Местото на злосторството била клиниката Цирумед во Марбеља, каде што Аслани извршувал пластични операции. Групата „Шотаз“ потекнува од проблематичната населба Ринкеби во близина на Стокхолм и сега е активна на Коста дел Сол, според извештаите на медиумите. Истражителите ја поврзале мрежата со сериозен организиран криминал. Според медиумските извештаи, групата наводно се занимава и со обезбедување на платени убијци, за што наплаќаат помеѓу 10.000 и 12.000 евра. Младиот Швеѓанец од африканско потекло е во притвор. Според извештаите, тој одбил да даде каква било изјава пред судијата за можните соучесници. По прегледувањето на медицинските картони на пациентите и интервјуирањето на вдовицата Жанин и вработените во клиниката, полицијата истражува два можни мотиви за убиството. Првиот можен мотив - Неуспешна операција на задникот Една од трагите води до богата Саудијка која сакала да го зголеми задникот или да се подложи на процедура позната како „бразилско подигнување на задникот“ (BBL), која чинела 40.000 евра. Александар Аслани извршил ваков вид операција илјадници пати. Меѓу неговите клиенти имало жени од светот на филмот и телевизијата, порно актерки, па дури и принцеза. Благодарение на ваквите процедури, тој стекнал голем углед во светот на естетската хирургија. Меѓу неговите пациенти била и интернет ѕвездата Никол Џулија, која ја изразила својата тага и благодарност за неговата работа по неговата смрт. „Ви благодарам, докторе, за вашите вешти раце и вашата грижа“, рече таа во прошталната порака. Според германскиот весник „Билд“, по првата операција на жена од Саудиска Арабија, за која наводно му биле платени 16.000 евра, Аслани одбил да изврши втора, претходно договорена интервенција. Наводно, тој сметал дека пациентката е психолошки неспособна да ја издржи следната фаза од операцијата. По неговата одлука, богатиот и, наводно, влијателен човек побарал да му бидат вратени парите. Наводно, Аслани одбил да ја врати првата уплата, по што добил сериозни закани. Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали спор околу естетската хирургија можел да биде мотив за ангажирање на платен убиец. Според медиумските извештаи, двојката ја напуштила Шпанија и сè уште не се вратила во својата матична земја. Веста за смртта на хирургот ги потресе и бројни познати личности кои биле подложени на процедури во неговата клиника. Британската актерка Ајслин Хорган-Волас, која позираше со својот колега Двејн Џонсон на фотографија, се збогува со него со емотивна порака. „Скршено ми е срцето. Д-р Аслани беше прекрасна личност, со големо срце“, рече актерката. Друг можен мотив - Одмазда по смртта на пациентка Друга линија на истрага се однесува на смртта на колумбиска пациентка, која наводно починала по естетска операција во клиниката на Аслани. Според германските медиуми, семејството на починатата жена било ужаснато од објаснувањето што го добиле од клиниката по нејзината смрт. Истражителите сега истражуваат дали случајот можел да биде мотивиран од одмазда и дали е можно да е поврзан со убиството на хирургот. Сепак, сè уште не е потврдено дека ниту еден од случаите е директно поврзан со злосторството. Во тек е меѓународна истрага, а полицијата се обидува да утврди кој можеби го нарачал убиството и дали осомничениот имал соучесници. Меѓу познатите пациентки на Александар Аслани била Хана Елизабет Овен, ѕвезда на реалното шоу „Остров на љубовта“. За многумина кои го познавале Александар Аслани, неговото убиство е шок. Бројни жени кои биле подложени на естетска операција во неговата клиника се збогувале со него на социјалните мрежи. Покрај неговата професионална работа, Аслани беше почитуван и поради неговите хуманитарни активности. Неговата посветеност на бесплатните операции во Јужна Африка и Индија беше особено значајна. Тој и неговата сопруга патуваа во Калкута секоја година, каде што хирургот оперираше сиромашни деца родени со расцеп на усните и непцето. Додека полицијата продолжува да ги истражува можните мотиви и врски на осомничениот со организираниот криминал, останува прашањето кој го нарачал убиството и што навистина стои зад ликвидацијата на германскиот естетски хирург во Марбеља. Тагови: хирург задникот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ЕвропаСвадбарска колона правела метеж во сообраќајот- свадбарите се казнети со 11.000 евра (ВИДЕО)Неодамнешната свадбена прослава се претвори во серија сообраќајни прекршоци, за кои свадбената поворка скапо плати.Во францускиот град Сен-Прје, полицијата издала 87 казни за несоодветно однесување за време на интервенција, додека вкупната вредност на казните достигнала неверојатни 10.945 евра. Според објавените податоци, од возачите биле одземени 242 казнени поени, објавува „Ле Паризиен“.. Градоначалникот на Сен-Прје, Жил Гаскоњ, објави во сабота, 26 септември, дека забележал „особено проблематично однесување“ за време на свадба. Тој, исто така, објави видео на Фејсбук, на кое се гледа колона автомобили со свадбари кои свират со сирените. Градоначалникот нагласи дека побарал вклучување на градската и националната полиција, со задача да интервенираат и да ги евидентираат забележаните прекршоци. „Резултатот е недвосмислен“, рече Гаскоњ, истакнувајќи дека се изречени 87 казни, дека казните вкупно изнесуваат 10.945 евра и дека на возачите им се одземени 242 казнени поени за прекршоци во сообраќајот. „Свадбите се добредојдени во Сен-Прие, но не и несоодветното однесување и опасните дејствија“, заклучи градоначалникот и им се заблагодари на полицајците кои учествуваа во интервенцијата. Сепак, ова не е единствениот случај во Франција во кој властите одлучија остро да реагираат на однесувањето на свадбените гости во сообраќајот. На неколку стотици километри оддалеченост, во Ница, кон средината на септември, градоначалникот Ерик Чоти објави дека откажал свадба закажана за тој ден, откако свадбената поворка, според него, го блокирала автопатот и направила низа прекршоци. „Побарав вклучување на градската полиција и откажување на свадбата закажана за 11 часот наутро во паркот Феникс“, објави Сиоти на социјалната мрежа X. Тој предупреди дека свадбената прослава не му дава право на никого да ја загрози безбедноста и да ги игнорира сообраќајните прописи. „Во Ница, свадбата не го оправдува дивото возење или непочитувањето на правилата. Секоја свадба што предизвикува нарушување на јавниот ред и мир автоматски ќе биде прекината“, рече градоначалникот.Тагови: свадбари сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ЕвропаСе враќа ли Британија во ЕУ- Бернам најави важен самит (ВИДЕО)Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека ќе се обиде да постигне договор за подобрување на трговските односи на самитот со Европската Унија следниот месец .Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека ќе се обиде да постигне договор за подобрување на трговските односи на самитот со Европската Унија следниот месец и го повика парламентот да го поддржи во приближувањето кон блокот на долг рок. Зборувајќи пред парламентот по паузата, Бернам, кој водеше кампања за останување на Велика Британија во ЕУ на референдумот во 2016 година, потврди дека самитот ЕУ-Велика Британија ќе се одржи на 20 ноември. Самитот претходно беше одложен откако неговиот претходник, Кир Стармер, поднесе оставка. Бернам рече дека се надева дека ќе постигне договор за хармонизирање на стандардите за храна, поврзување на системот за тргување со емисии и овозможување на повеќе млади луѓе да живеат, работат и студираат во странство. Сите овие мерки, рече тој, ќе придонесат за економски раст. Сепак, неговиот став за долгорочно зближување со ЕУ предизвика критики од некои пратеници, бидејќи повтори дека Велика Британија треба да разгледа различни опции за своите идни односи со блокот, објави Ројтерс. Тој се залага за долгорочен пристап кон ЕУ „Во интерес на Велика Британија е да постигне договор во таа насока. Верувам дека нашите шанси за тоа ќе бидат подобри ако сме отворени да разговараме за нашиот однос со ЕУ на подолг рок. Ако сме сериозни во врска со зголемувањето на економскиот раст, контролата на имиграцијата и зачувувањето на нашите вредности и безбедност, треба да разговараме за тоа. Статус кво не е доволно добар за Велика Британија“, им рече Бернам на пратениците во Долниот дом. 🚨 WATCH: Andy Burnham says he wants to bring the UK closer to the EU to "control illegal immigration" He says deals on food and drink, emissions trading and a youth experience scheme are "on the table" "We should not turn our backs on this opportunity" https://t.co/hYN6tniX3d — Politics UK (@PolitlcsUK) October 12, 2026 Додека Стармер избегнуваше повторно разгорување на поделбите околу односите со ЕУ, Бернам тврдеше дека Велика Британија немала корист од напуштањето на ЕУ и треба „смирено и трезвено да го разгледа“ својот однос со блокот. Неговите зборови повторно ја отворија дебатата што ја подели Велика Британија од референдумот во 2016 година, на кој 52 проценти од гласачите гласаа за напуштање на ЕУ, додека 48 проценти го поддржаа останувањето. Конзервативниот лидер Камил Баденох рече дека е „заблуда“ да се верува дека враќањето во ЕУ ќе ги реши проблемите на Велика Британија. Од друга страна, лидерот на либералните демократи, Ед Дејви, изјави дека земјата треба повторно да стане полноправна членка на Унијата. Бернам повтори дека конечната одлука ќе ја донесат британските граѓани, кои ќе разгледаат различни опции за односите со ЕУ во иднина. Тој се осврна и на анкетите на јавното мислење кои, според него, покажуваат дека поддршката за повторно приклучување кон Унијата е зголемена по Брегзит. Сепак, поддршката често се намалува кога граѓаните се прашуваат дали би ја прифатиле обврската да придонесат во буџетот на ЕУ и да го воведат еврото. „Уверен сум дека јавното мислење во моментов го поддржува прагматичниот пристап што го предлагам. Ни треба ваков вид лидерство за да ставиме крај на деценијата талкање и поделби и да ја водиме земјата напред“, заклучи Бернам. Потсетете се дека пред неколку дена, британскиот премиер Бернам ја обвини Русија за мешање во референдумот за Брегзит.Тагови: Бернам Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter