КултураТрадиционалната „Вечер на ЕУ" во рамки на „Охридско лето" со уметниците Ное Инуи на виолина и Василис Варварос на пијаноДелегацијата го поддржува учеството на голем број европски уметници на фестивалот со што ја поттикнува меѓукултурната соработка и размена. Фестивалската програма „Охридско лето" ја продолжува со веќе традиционалната „Вечер на Европската Унија", во чии рамки на сцената на Предворјето на „Света Софија" ќе настапат виолинистот Ное Инуи од Белгија, во придружба на Василис Варваресос од Грција на пијано. Домаќин на настанот ќе биде амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјата. Делегацијата на ЕУ четиринаесет години непрекинато го поддржува организирањето на настанот „Вечер на Европската Унија" во рамките на фестивалот „Охридско лето". Делегацијата го поддржува учеството на голем број европски уметници на фестивалот со што ја поттикнува меѓукултурната соработка и размена. Настанот „Вечер на Европската Унија" започна да се организира во 2007 година со извонредниот настап на Барокниот оркестар на Европската Унија. Инаку, Ное Инуи започнал да учи виолина на само четири години. Студира на конзерваториумите во Брисел, Париз, Карлсруе и Дизелдорф што му овозможува да ги запознае различните виолински „школи"- француско-белгиската, германската и руската преку дидактичките стилови на педагозите Галамијан и Столјарски. Тие познавања во спој со карактерот на Ное Инуи резултираат со длабоко проникнување во музичката суштина кое е надополнување на неговата врвна виртуозност. Неговиот талент е наградуван на меѓународни натпревари и тоа во 2005 година на натпреварот „Сибелиус" добитник е на специјалната награда за млади таленти, во 2007 година добива медал на натпреварот „Луис Шпор" а во 2009 година е добитник на награда од фондацијата Млади концертни уметници во Њујорк. Награден е од министерството на Северна Рајна-Вестфалија, а во 2012 година на фестивалот „Вербие" ја добива наградата „Јулиус Бар"за исклучително талентиран музичар. Во 2020 година Концертгебау во Амстердам го вбројува Ное во нивната селекција „Европски класични музичари на иднината". Од 2011 година наваму, Ное настапува на турнеи во Јапонија барем два пати годишно, а настапува со Јапонската филхармонија, Симфонискиот оркестар во Токио, како и со Симфонискиот оркестар во Каосиунг, но и во Европа со Националниот белгиски оркестар, Државната филхармонија во Атина, камерниот оркестар на Штутгарт со диригенти како Александар Лазарев, Андреј Борејко, Александар Џоел, Даниел Инбал, Пол Мејер, Денис Расел Дејвис, Пабло Гонзалес Кен-Давид Мазур и Николај Алексеев. Редовно соработува со Холандската опера и балет каде како концертен солист настапува во повеќе балетски изведби. Ное ужива во настапи како камерен музичар, настапувајќи со Василис Варваресос и Марио Херинг, а по неколку години со триото на Карло ван Несте, тој го основа Пијано-квартетот „Корнеил", додека пак со пијанистот Варваресос и виолончелистот Бенедикт Клокнер го имаат и Триото „Бел Арте". Како член на поголеми ансамбли, настапува со легендарните Марта Аргерич, Леонидас Кавакос и Џулиен Квентин. Покрај концертната кариера тој предава на Универзитетот „Роберт Шуман" во Дизелдорф и на универзитетот во Манхајм. Одржува мајсторски курсеви во Јапонија, САД, Грција и Белгија. Има снимено седум носачи на звук, а последното е посветено на соло сонатите за виолина од Изаи. Ное Инуи свири на виолина изработена од Томазо Балестриери во 1764 година. Маестро Василис Варваресос дипломира, магистрира и докторира на престижната школа за музика „Џулијард" во Њујорк. Неодамна кон неговите академски титули ја придодава и дипломата Уметник изведувач од Конзерваториумот за музика и танц во Париз каде студира под менторство на Мишел Далберто. Победник на признатиот конкурс за млади уметници во Њујорк, на само 14 годишна возраст Василис Варваресос настапува рецитално во Њујорк и Вашингтон по што критиката го оценува како „Млад уметник во подем". По тие концерти Василис настапува ширум САД, а неговите настапи ги вклучуваат и престижните концертни сали како „Вајл" аудиториумот во Карнеги Хол, библиотеката „Морган" во Њујорк, музејот „Изабела Гарднер" во Бостон, Центарот „Кимел" во Филаделфија и Кенеди Центарот во Вашингтон. По неговиот дебитантски настап во Салата „Зенкел" во Карнеги Хол, Василис е поканет да настапи во Белата куќа за тогашниот претседател на САД – Барак Обама. Асоцијацијата на грчки критичари го прогласува за Најнадежен грчки уметник, а тој е редовно присутен на концертните подиуми во неговата родна земја. Василис Варваресос е лауреат на меѓународниот натпревар „Џорџ Енеску" во 2014 година, како и на признатиот натпревар на победници на интернационални натпревари „Пијано мастерс" во Монте Карло во 2015 година. Во сезоната 2020/21 тој настапува со Кристоф Ешенбах и Атинскиот симфониски оркестар, а ќе настапи и на Атинскиот и на фестивалот во Солун, како и на фестивалите во Гштад и Сен Урсан и фестивалот за камерна музика во Фукушима. Оваа сезона ќе настапи и во престижни концертни сали како Концертгебау во Амстердам и Мегарон во Атина. Активен и како камерен музичар, Варваресос настапува во „Бозар" во Брисел, Концертгебау во Амстердам, Театарот „Дилигентиа"во Хаг како и во Минхенскиот „Гастајг" каде негови партнери за камерна музика се Мишел Далберто, Анри Демаркет, Никола Дотрикур, Ное Инуи, Ела ван Поуке и Анастасија Кобекина. Претходните сезони Василис Варваресос настапува на фестивалот „Енеску" во Романија, во Истанбул и Бодрум, како и со симфонискиот оркестар „Билкент", оркестрите во Солун и Санкт Петербург. Рецитално натапува во „Тонхале" во Цирих, „Музикферајн" во Виена и салата „Гаво" во Париз. Редовно е канет да одржува рецитали и мајсторски курсеви во Калифорнија, Синсинати, Чарлстон и Њујорк. Неговиот последен албум „В за Валс" е посветен на познатите дела инспирирани од танцот од Лист, Скрјабин, Шуман и Равел, а неодамна за издавачката куќа Навис класикс снима аудио записи со виолинистот Ное Инуи и баритонот Димитрис Тилиакос. Концертот почнува во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook