ЗабаваТрадиционална извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019"На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години преку игра, забава и натпревар ќе испратат порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест.Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!" денеска во Градскиот парк ја организираат традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019" на тема „Еко херои". На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години преку игра, забава и натпревар ќе испратат порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест. Кон еколошката акција ќе се приклучат и ученици од основните училишта од Општина Центар. Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!" ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизГеоргина Родригез им стана законска мајка и на трите најстари деца на Кристијано РоналдоГеоргина Родригез им стана законска мајка на трите најстари деца на Кристијано Роналдо, Со оваа одлука, нововенчаниот пар направи уште еден важен чекор во својот семеен живот.Георгина Родригез, сопругата на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, стана законска мајка на неговите три најстари деца само една недела откако парот стапи во брак, објавија португалските медиуми. Со тоа, новопечените сопружници направија уште еден важен чекор во својот семеен живот, при што Роналдо официјално ја именуваше Георгина за законска мајка на своите деца. Двојката го доби своето прво заедничко дете, ќерката Алана, во 2017 година. Пет години подоцна, ја добија ќерката Бела Есмералда, додека нејзиниот брат близнак, за жал, почина при раѓањето во 2022 година. Според португалските медиуми, Георгина сега е законски старател на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, како и на близнаците Ева Марија и Матео. Идентитетот на биолошката мајка на 16-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор останува тајна, а Роналдо го има целосното старателство над него. Тој исто така има целосно старателство над деветгодишните близнаци Ева и Матео, кои се родени со помош на сурогат-мајка. Откако е во врска со Роналдо, Георгина изгради близок однос со неговите деца и се вели дека секогаш се однесувала кон нив како да се нејзини сопствени.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНајсекси хокеарката во светот заведе познат спортист Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова, а наводно и двајцата се многу среќни.Ѕвездата на голфот Брајсон Дешамбо и манекенката Микајла Демајтер – која некои медиуми ја нарекуваат „најсекси хокеарка во светот“ – наводно се во врска. Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова и наводно и двајцата се многу среќни. Шпекулациите за нивната романса се интензивираа откако Микајла беше забележана на турнир во голф од серијата „LIV Golf“ во Њујорк. Таа имаше пропусница за гости и носеше качкет на „Crushers GC“ – тимот што го предводи ДеШамбо. Сомнежите дополнително се поттикнаа кога поранешната хокејарка објави фотографија пред полица полна со патики и качкети, што ги наведе некои од следбениците да заклучат дека таа се наоѓа во домот на голферот. Набргу потоа, таа објави фотографија од терен за голф покрај море на својата „Инстаграм стори“ (Instagram Story), со што дополнително ги подгреа гласините. Сепак, ДеШамбо (32) и Демаитер (26) сè уште јавно не потврдиле дека се во врска. Според истиот извор, „и двајцата се прилично повлечени кога станува збор за врски“. Микајла Демајтер се здоби со огромна популарност на социјалните мрежи, а медиумите ја нарекоа „најсекси хокеарка во светот“. Таа беше голманка на тимот „Блувотер Хокс“ во канадска јуниорска лига, но беше принудена да ја заврши својата хокеарска кариера на 19-годишна возраст поради повреда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во КиевПратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година во Киев.Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина. Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook