Традиционален словенечки појадок за промоција на придобивките од здравата храна - Канал 5

Традиционален словенечки појадок за промоција на придобивките од здравата храна

 Традиционален словенечки појадок насловен „Мој појадок!“ организираше денеска Амбасадата на Република Словенија за ученици во Меѓународното училиште „Нова“ во Скопје. 

Традиционален словенечки појадок за промоција на придобивките од здравата храна

Целта на настанот е да се промовира појадокот како важен оброк во денот кој треба да се состои од здрава и локално произведена храна и да вклучува мед.

Во Словенија ваков настан се одбележува 14 години во основни и средни училишта и градинки затоа што, според амбасадорот на Словенија во земјава, Грегор Прескер, од најрана возраст е значајна едукацијата за важноста на појадокот и тој да биде што е можно поздрав.

-Традиционалниот словенечки појадок се состои од мед, млеко, леб, путер и јаболко - здрави состојки кои треба да бидат произведени блиску до средината во која живееме. Појадокот треба да биде што посвежа храна и да се користи што помалку транспорт и што помалку хемиски средства за конзервирање на храната. Така што, целта е да ги едуцираме децата и младите за важноста на појадокот и да знаат што е здрава храна, како што е медот, да се консумира локално произведена храна и био храна. Втората цел е поддршка на локалните фармери и пчеларите и децата да знаат дека тоа што тие го работат е важно за целото општество, изјави Прескер.

Во Меѓународното училиште „Нова“ во Скопје втора година се организира настанот Традиционален словенечки појадок со кој се промовира и здрав начин на живот. Директорот на Нова Иван Новаковски смета дека податоците во нашата земја за прекумерна тежина на деца и млади стануваат загрижувачки и, рече, се одраз на западниот начин на живеење.

-Веќе не сме имуни на тоа што го гледаме на друго место, туку ни се случува и нам, бидејќи имаме брза храна, исклучително процесирана храна и ги немаме навиките што можеби биле застапени - да консумираме свежа храна. Сега веќе од нас се бара, и од возрасните, и од децата, да ги смениме нашите навики и да го немаме проблемот што го имаат западните општества – каде веќе има епидемија на гојазност и на нездраво живеење и станува и здравствен предизвик поради болести како дијабетесот итн., изјави Новаковски.

Додаде дека планираат овој настан да стане традиционален во соработка со Амбасадата на Словенија и дека вакви настани треба да се практикуваат и во други училишта во земјава, затоа што, рече, „децата ќе знаат да направат добар избор за тоа што е добро за нив наспроти тоа што не е добро“.

-Децата не се свесни од каде доаѓа тоа што го консумираат и дека понекогаш храната пропатувала океани за да стигне до нас, а истиот извор на храна го имаме буквално во нашето соседство, додаде Новаковски.

Основци во „Нова“ проследија и презентација како се произведува медот и кои се неговите предности како „храна за мозокот и енергија за телото“, и слушнаа колку се важни пчелите во целиот екосистем. Интерактивната презентацијата ја направи Весна Биљарска која шест години се занимава со пчеларство и производство на мед.

Таа изјави дека децата се многу малку информирани за здравата храна и за медот како намирница која, рече, е многу корисна особено во раната возраст заради развој на децата и нивната способност за учење.

-Како наставник и како родител постојано ја потенцирам потребата од здрава храна, а секако дека медот е меѓу најздравите намирници што постојат на планетава, изјави Биљарска.

Таа посочи и на проблемот со намалено производството во последните години со апел младите да се заинтересират за пчеларството.

-Ако пред педесет години просекот бил околу 60 килограми, сега просекот е паднат на 25, што е огромна разлика. А нашите планински медови, кои се на поголема височина, паѓаат и на 8 килограми на кошница во просек. Тоа е навистина многу малку и затоа во Македонија треба да се поттикне одгледувањето пчели и младите повеќе да се едуцираат и ангажираат во оваа гранка, за да се дојде до „капка мед“ повеќе и да има поголеми количини, рече Биљарска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде

Вселенската опсерваторија „Свифт“ на американската вселенска агенција НАСА треба да влезе во атмосферата на Земјата денеска, односно да „падне од небото“. 

Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде

Точното време на повторното влегување сè уште не е познато, но проценките сугерираат дека тоа ќе се случи во наредните часови.

Тековната позиција на Свифт може да се следи на веб-страницата N2YO.com. Моментално е на надморска височина од околу 160 километри.

Вселенското летало од 1,5 тони помина речиси 22 години набљудувајќи експлозии на гама-зраци. Сега се очекува повторно да влезе во атмосферата на Земјата, создавајќи огнена топка што би можела да биде видлива дури и на дневна светлина.

Поголемиот дел од Свифт ќе изгори за време на повторното влегување, но некои од деловите од волфрам и огледало на опсерваторијата може да го преживеат согорувањето.

НАСА се обиде да го спаси Свифт. Во јули, „Каталист Спејс“ лансираше роботско вселенско летало наречено LINK за ​​да се сретне со Свифт и да го подигне во повисока орбита. Таа мисија не успеа. Во меѓувреме, сончевата активност ги „разнесе“ горните слоеви на Земјината атмосфера, влечејќи го Свифт надолу многу побрзо од очекуваното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)

Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. 

Вулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)

Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф.

Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва.

Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури.

Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја.

Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. 

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење!

Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници!

Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град.

Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани!

Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен.

Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре.

Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат!

За Скопје што дише.

За генерациите што доаѓаат.

Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер