СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра
1СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра
3Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
КултураТрадиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестарПод мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата.Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овојпат збогатен со настап на музичари од Централниот оркестар на Вооружените сили на Романија. -По пречекот на претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и интонирањето на химната на Романија и македонската химна, здружениот оркестар, под диригентската палка на мајор Каталин Ион од Вооружените сили на Романија, концертот го започна со свечена фанфара, a продолжи со позната љубовна тема од Романија. Првиот дел беше заокружен со популарен сплет на светски хитови аранжирани за дувачки оркестар и композицијата „Концертна прослава”, со мотиви од романското поднебје. По него, под раководство на диригентот на Воениот оркестар на Армијата, потполковник Горан Илијевски, следеа блок на нумери од македонското поднебје, во кој беа опфатени фолклорни теми, народни песни, но и незаборавни забавни македонски евергрини, соопшти АРМ. Во третиот и последен блок посветен на армиските припадници, покрај светски познати нумери со новогодишна тематика, беше изведена и македонската композицијата „Нашата Армија“ која, наведува АРМ, „претставува силен музички омаж на посветеноста и службата кон татковината“. -Овој традиционален музички спектакл, покрај претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, го проследија и министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија, активни и пензионирани генерали на Армијата, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и командите на Армијата и други гости. Мотото на традиционалниот предновогодишен концерт е уште еден доказ за сплотеност со сојузниците. Вчерашниот настан, преку хармонијата на звуците и универзалниот јазик на музиката, потенцира дека музиката продолжува да нè обединува и сплотува, ги поврзува луѓето кон заеднички вредности и стремежи и претставува мост помеѓу различни култури и традиции, се наведува во соопштението. Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра Нова бројка. Нова бајка на арамијата Мицкоски. Најавува 1.000 евра плата. Во Собрание не прифаќа 600 евра минимална плата ама надвор сака да раскажува бајки. Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај има ново прзно ветување ама нема решение. Просечната плата не се зголемува со говор. Животниот стандард не се подобрува со бајки. На работникот му треба повисока плата на сметка денеска. Му требаат пари за храна, за сметки, за своите деца. СДСМ поднесе предлог за минимална плата од 600 евра. ВМРО-ОКГ не го поддржа. Руската Левица не беше во салата. ЗНАМ не даде глас. Кога требаше да се застане зад работникот, поддршката изостана од Мицкоски, ВМРО, и нивните сателити како ЗНАМ и Левица. Толку од бајките на Мицкоски и неговите сателити на далечинско. Граѓаните живеат тешко. Работниците едвај го поминуваат месецот. Две минимални плати не ја покриваат ниту скратената владината кошница. Синдикалната кошничка со кирија надминува 90.000 денари. Храната е прескапа. Горивата до плафон. Платите не стигнуваат ниту до средина на месецот. Ребалансот е потврда за целиот дебакл на економските политики на Мицкоски. Втор ребаланс за само две месеци како признание за промашувањата. Нема пари за плати, нема за пензии, нема за работниците, дупката е 900 милиони евра, за пензиите фалат 1 милијарда евра. Целосен дебакл. Затоа се трупаат нов и долгови врз грбот на народот. За само 2 години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра. Не за поголеми плати и пензии, туку за криминални тендери. На бајките на арамијата нема крај. Сметката ја плаќа народот. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 12.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија.Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија. Според податоците од граничните евиденции, лицето последен пат остварило влез во Република Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран негов излез од Република Бугарија, односно влез во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаМанасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан.Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно поставуваме прашање до Филипче и очекуваме одговор, против кого маршираше Филипче викендов? Против бугарските фашистички окупатори или пак против бугарските администратори? Да не заборавиме дека токму тој со Заев велеше дека Бугарите не биле окупатори, туку администратори. Затоа и тие 300 луѓе со кои маршираше, патем луѓе на Заев, му се максимумот кој може да го достигне. Филипче е прочитан од граѓаните и тие не му веруваат, а потврда за тоа се и анкетите на кои јасно се гледа дека токму тој има рејтинг од 3%. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter