Криминален клан од БиХ дневно заработува по 25.000 евра- прават пустош низ Париз, децата им се викаат Диор и Ал Капоне
2Криминален клан од БиХ дневно заработува по 25.000 евра- прават пустош низ Париз, децата им се викаат Диор и Ал Капоне
ЖивотТрадицијата продолжува-Хуманитарен Божиќен Базар на „English Language Academy“Креативните и вредни ученици од „English Language Academy - ELA“ и оваа година ќе ви ја разубават зимата со нивните рачно изработени божиќни украси и честитки. Божиќните подароци ќе бидат изложени на најубавиот Хуманитарен Божиќен Базар, на 21 декевмри( сабота), во нашиот омилен „Погон“. Почнуваме во 11 часот. Сите собрани средства ќе бидат донирани во Детската болница во Козле за многу љубов и насмевки за дечињата. За одлична забава ќе се погрижи @darkoo.jo Повикајте ги вашите најблиски, пријатели, комшии дури и оние кои случајно ќе ги сретнете! Ајде заедно да направиме овој настан голем, магичен и незаборавен!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСотир Костов и Љупчо Зиков вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Сотир Костов и Љупчо ЗиковКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МагазинТреба ли да се исклучуваат полначите од штекер кога не полнат?Како работи полначот?Д-р Глен Фаривар од Одделот за електротехника и електронско инженерство од Универзитетот во Мелбурн објаснува дека не сите полначи се исти, но типичен полнач зема наизменична струја (AC) од ѕидниот штекер и ја претвора во нисконапонска еднонасочна струја (DC) погодна за батеријата на вашиот уред. Овој процес на конверзија бара неколку електронски компоненти, вклучувајќи трансформатор, исправувач, филтри и контролни кола. Дали полначите користат електрична енергија дури и кога не полнат? Краткиот одговор е да. Иако станува збор за многу мала количина, уредот кој е секогаш вклучен во струја сепак троши одредена енергија. Овој феномен се нарекува „вампирска потрошувачка или потрошувачка во состојба на мирување. Дел од таа енергија се користи за напојување на контролните кола во самиот полнач, додека остатокот се губи како топлина. Иако потрошувачката на еден полнач е занемарлива, кога ќе ги соберете сите полначи и други електронски уреди во домаќинството што се постојано вклучени, како што се телевизорите, годишната потрошувачка може да стане забележлива. Сепак, добрата вест е дека модерните полначи се дизајнирани да ја минимизираат оваа потрошувачка. Многу од нив имаат паметни компоненти за управување на напојувањето што ги држат во состојба на мирување или „sleep“ начин на работа сè додека на нив не се поврзе уред што треба да се полни. Дали постои безбедносен ризик? Висококвалитетните и сертифицирани полначи од реномирани производители се генерално многу безбедни за употреба. Сепак, со текот на времето, тие исто така се трошат, а повремените скокови на напонот во електричната мрежа можат дополнително да ги оптоварат нивните внатрешни компоненти и да го скратат нивниот животен век. Но, благодарение на подобрениот дизајн, ова кај современите уреди не треба да биде алармантно. Вистински проблем претставуваат евтините, несертифицирани полначи. Тие често немаат соодветна заштита од прегревање и преголем напон и во одредени околности можат да претставуваат сериозна опасност од пожар. Затоа експертите советуваат таквите полначи да се избегнуваат. Кога е време за нов полнач? Постојат неколку јасни знаци кои укажуваат дека треба да го замените полначот. Ако забележите дека загрева повеќе од вообичаено, испушта необични звуци или е физички оштетен, тогаш време е за нов. Таквиот полнач не треба да го оставате вклучен во струја. Заклучок: нема потреба панично да го исклучувате секој полнач штом уредот ќе се наполни. Кај модерните и висококвалитетни модели, ризикот е минимален, а потрошувачката во мирување е занемарлива. Меѓутоа, ако не ви е проблем да го исклучите, долгорочно ќе ја намалите непотребната потрошувачка на енергија и ќе му го продолжите животниот век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
МагазинГрешки на гостите во ресторан кои ги фрустрираат келнеритеДури кога немаат лоша намера гостите понекогаш им ја отежнуваат работата на келнерите, пишува Southern Living.Редење на чиниите Според стручњаците за бонтон со искуство во угостителството, редењето на чиниите на куп може да создаде спротивен ефект од помагањето. На овој начин, ако на чиниите има остатоци од храна, персоналот ќе мора да ги отстранува и од долната страна на чиниите, освен тоа сопственикот на ресторанот ако помине покрај масите и го види купот чинии, може да стекне впечаток дека персоналот не си ја врши работата. Поделба на сметката во последен момент Кога гостите на крајот од оброкот ќе побараат одделни сметки, келнерот мора повторно да ги отвори нарачките и да изработи поединечни сметки. Ова им одзема време кое инаку би го посветиле на останатите гости. Наместо тоа, одделни сметки најдобро е да се побараат на почетокот од нарачката, или, уште поедноставно, да го поделат трошокот преку некоја од апликациите за плаќање. Кога не можат да одлучат што да нарачаат Една од најчестите грешки на гостите е кога чекаат да дојде келнерот, а потоа рамислуваат што ќе нарачаат. Кога гостите на маса почнуваат да го проучуваат менито, тоа го прави побавно спремањето не само нивниот оброк, туку и услугата на останатите маси. Промени на нарачката и мобилните телефони Келнерите ги фрустрира и кога гостите постојано ја менуваат нарачката или кога гостите од една маса нарачуваат во различно време. Проблеми создаваат и мобилните телефони бидејќи келнерите мора неколкупати да доаѓаат до масата бидејќи гостите се задлабочени во својот мобилен телефон. Ваквото однесување ја отежнува координацијата помеѓу кујната и персоналот во салата. Задоцнета реакција за алергија Голем проблем настанува и кога информациите за алергија, интолеранција или други прехранбени ограничувања не се спомнуваат навреме, туку откако нарачката веќе е проследена во куната или откако јадењето е веќе послужено. Недостаток на љубезност Најдобрите искуства во ресторанот настануваат преку заемна почит на гостите и персоналот. Ресторанот функционира како тим во кој келнерите, кујната и гостите заедно учествуваат во креирањето пријатно доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook