МакедонијаТППЕ Старо Нагоричане гаселе сува трева и стрништа на површина од 35 хекатри во два одделни пожариЕкипите од ТППЕ Старо Нагоричане имале две интервенции на отворен простор. Екипите на Територијалните противпожарни единици од Куманово и Старо Нагоричане синоќа интервенирале на три локации, едната во градот и две на територијата на општината Старо Нагоричане, при што била опожарена повшрина од околу 35 хектари, соопштија денеска од РЦУК Куманово. Екипите од ТППЕ Старо Нагоричане имале две интервенции на отворен простор. Првата е забележана во атарот на селото Старо Нагоричане, кај месноста Беле Грамаде, каде гореле сува трева и стрниште на површина од околу 20 хектари. Интервенцијата траела од 19:20 до 20:40 часот, учествувале двајца пожарникари со едно возило. Втората интервенција е регистрирана во селото Младо Нагоричане, во месноста маала Вујовци, каде бил зафатен терен со сува трева, стрниште и ниска деградирана шума на површина од околу 15 хектари. Пожарот бил ставен под контрола по интервенција која траела од 21:00 до 23:45 часот, со три возила и пет пожарникари. Пожарникарите од ТППЕ Куманово интервенирале во населбата Карпош, на улица 100 број 74, каде што била зафатена соба во куќа. Интервенцијата траела од 21:05 до 21:50 часот, а на терен биле испратени едно противпожарно возило и пет пожарникари.Тагови: Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕрупција на вулканот Етна на Сицилија (ВИДЕО)Ерупцијата на вулканот Етна се случи денес по повеќе од три недели мир.Голем облак од пепел се издигна од кратерот на врвот на Ворагина, предизвикувајќи паѓање на пепел во градот Бронте на италијанскиот остров Сицилија. Вулканската пепел предизвика привремени ограничувања на воздушниот простор над вулканот, додека операциите на меѓународниот аеродром во Катанија продолжија без прекин, според локалните власти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски во Вести Плус: Се разговара, на маса се и уставни измени со одложено дејствоМакедонија има само план А за ЕУ, вели министерот Тимчо Муцунски..Во Вести Плус на Канал 5 Муцунски изјави дека се разгледуваат повеќе механизми за откочување на процесот,а повторно на маса се и уставни со одложено дејство. За назначувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален претставник во Брисел , решение кое предизвика бројни политички реакции, Муцунски вели дека за Владата тој бил најкометенетнен за оваа позиција. Се школувал во Белгија, имал двојно државјанство но и контакти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00
МакедонијаДОМ: Не ни требаат уверувања, туку јасни правила за изградба на дата центри Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира.Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат? ДОМ не е против дигиталната трансформација. Напротив, Македонија има потреба од современа дигитална инфраструктура и технолошки развој. Но, зелениот и дигиталниот развој мора да одат заедно. Во последните години сведоци сме на бројни случаи во различни области за кои институциите требаше да гарантираат дека нема да имаат негативни последици, а подоцна јавноста плаќаше висока цена поради недоволна транспарентност, слаб инспекциски надзор и недоследно спроведување на законите. Токму затоа не се доволни политички уверувања дека „нема да има штета“. Потребни се јасни и јавно достапни правила. ДОМ бара Владата да одговори на неколку клучни прашања: • Дали веќе постојат јасно дефинирани еколошки критериуми за избор на локации за дата центри? • Дали за секој проект ќе биде задолжителна проценка на влијанието врз животната средина согласно природата и карактеристиките на самиот проект? • Дали ќе се објавуваат анализи за потрошувачката на електрична енергија и вода, како и мерките за нивно одржливо користење? • Каков ќе биде системот за контрола и надзор врз работењето на дата центрите? • Дали Македонија ќе ги следи најдобрите европски практики и стандарди за енергетска ефикасност, користење обновливи извори на енергија и одржливо управување со ресурсите? Дата центрите можат да придонесат за развој на дигиталната инфраструктура, но тие истовремено претставуваат значителни потрошувачи на електрична енергија и вода. Затоа нивното планирање не смее да се сведува на политички изјави, туку мора да биде засновано на научни анализи, транспарентност и строги еколошки критериуми. ДОМ нема да прифати и поддржи било каков проект што се темели на ветувања наместо на јасни правила, независен надзор и целосна отчетност пред јавноста. Дигиталната иднина на Македонија мора да биде одржлива, зелена и во интерес на сите граѓани, а не на поединечни приватни интереси,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00