СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
ФудбалТоти во недела против Џенова ја завршува кариератаЛегендата на Рома, но и италијанскиот фудбал Франческо Тоти во недела ќе го одигра својот последен натпревар.„Во недела против Џенова последен пат ќе го носам дресот на Рома. Не можам во неколку зборови да објаснам колку ми значат овие бои, колку ми значеа и колку секогаш ќе ми значат. Чувствувам како мојата љубов кон фудбалот никогаш нема да згасне“, напиша Тоти на својот „Фејсбук“ профил. 40-годишниот Тоти, ќе остане дел од тимот на Рома, но овојпат во улога на спортски директор. Тоти во дресот на Рома дебитираше во 1993 година, а одигра 785 натпревари, на кои постигна 307 голови, што го чини апсолутен рекордер во дресот на „римската волчица“. Само еднаш Тоти се радуваше на „скудетото“, кога во 2001 година Рома ја освои титулата шампион на Италија, додека два пати беше освојувач на Купот во 2007 и 2008 година, а со репрезентација на Италија ја освои титулата светски шампион во 2006 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само каматиМицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање. А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра. Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска. Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра. Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот. Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците. Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка. СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа. После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви. Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДемократка победи на изборите на Алјаска, демократите обезбедуваат големо мнозинство во СенатотКандидатката на Демократската партија, Мери Пелтола, победи на изборите за Сенатот на САД во Алјаска, со што се разјасни односот на силите во горниот дом на американскиот Конгрес по изборите одржани на 3 ноември. Во новиот состав на Сенатот, кој започнува во јануари 2027 година, демократите ќе имаат мнозинство од 56 наспроти 44 места за републиканците. Според последните достапни резултати, Пелтола освоила 50,12 отсто од гласовите и го победи актуелниот републикански сенатор Ден Саливан, кој доби 45,80 отсто од гласовите. На тој начин, демократите добија уште едно место кое претходно го држеа републиканците. Трката во Алјаска беше последната неизвесна изборна трка за Сенатот на овогодинешните избори. Асошиејтед прес ја прогласи Пелтола за победник две недели по изборите. Со победата во Алјаска, демократите заокружија голем успех на изборите за Сенатот. Вкупно, тие освоија девет места што претходно ги држеа републиканците, што претставува нивен најголем успех од ваков вид на избори за Сенатот уште од 1958 година. Пред изборите, републиканците имаа мнозинство од 53 наспроти 47 места, додека во новиот состав односот ќе биде 56 наспроти 44 во корист на демократскиот блок, во кој влегуваат и независни сенатори поврзани со Демократската партија. Демократите исто така успеаја да освојат места во сојузни држави кои традиционално нагинуваат кон републиканците, вклучувајќи ги Тексас, Јужна Каролина, Канзас и Мисисипи. Според резултатите објавени на 17 ноември, таа добила 144.302 гласа, додека Саливан освоил 131.844. Разликата изнесувала 12.458 гласа. Иако преостанувале уште гласови за броење, „Асошиејтед прес“ процени дека Саливан веќе нема реални шанси да ја надомести разликата. Покрај победата на изборите за Сенатот, демократите на Алјаска постигнаа успех и на изборите за гувернер. Демократот Џонатан Крајс-Томпкинс ги победи тројцата републикански кандидати и стана првиот демократски гувернер на Алјаска по 1998 година. Резултатите на Алјаска дополнително ја потврдија промената во односот на силите по изборите во средината на мандатот во САД, на кои демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook