Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
1Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
ЗабаваТошо Филиповски на „Dubrovnik Vinyl Fair“ единствен колекционер од Македонија, ги претстави своите плочи и музичката литература Во Дубровник, Хрватска, на 9 -ти август се одржа Третиот меѓународен саем на грамофонски плочи насловен Dubrovnik Vinyl Fair, чиј организатор е Здружението на љубители на грамофонски плочи Дубровник 33/45.Штандовите беа поставени на полустровот Лапад, попрецизно, во Увала Лапад, недалеку од плажите на најатрактивниот туристички центар во Хрватска – Дубровник. Според организаторите, годинава саемот бил со најбогата понуда и рекорден број на учесници и посетители. Присутни биле излагачи од Подгорица, Сараево, Загреб, Белград, Ниш и за прв пат - и од Скопје. - Освен винили, во Увала Лапад, можеше да се сретнат и други физички носачи на звук. Имаше и аудио опрема, книги, стрипови, разни предмети од колекционери на користени плочи, од уметници, креативци... За време на саемот имаше винил слушалница организирана од здружението Дубровник 33/45, ди џеи, музика насекаде. Приликава ја искористив да ги претставам моите книги и плочи, рече Тошо Филиповски. Тој, на Dubrovnik Vinyl Fair беше единствен претставник од Македонија. Филиповски е пасиониран вљубеник во грамофонски плочи, еден од најголемите кај нас, со богата колекција од винили. Во 2021 година стана добитник на највисоката државна награда „Мито Хаџивасилев Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката. Зад него стојат неколку книги за македонската рок сцена.Тагови: Дубровник Форум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење Гостивар и натаму се справува со последиците од масовното труење... Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, а само во последните 24 часа имало 260 пријави на случаи со стомачни тегоби. Забраната за пиење вода во меѓувреме, останува на сила . Утринава на терен беше и министерот за здравство Сашо Клековски, а оценка за ситуацијата даде и премиерот Мицкоски . Во Гостивар денеска беше Дејан Трајковски. Неговиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаИн мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски Вчера на ден 17.07.2026, по кратко боледување почина Великанот на МОК, кајакарот Трајан Јовковски. Погребот ќе се одржи утре на ден 19.07.2026 на гробиштата во Бутел од 9:30 - 10:30 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотРазоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин При претресот на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази.Голема меѓународна група за организиран криминал, осомничена за управување со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е разбиена во обемна прекугранична операција поддржана од Европол. Операцијата била предводена од германското Јавно обвинителство во Крефелд и полицијата во Менхенгладбах, при што во раните утрински часови на 15 јули беа спроведени координирани рации. За време на операцијата беа претресени десет локации во Германија и три во Холандија, а беа уапсени и неколку осомничени лица. Истрагата е насочена кон девет лица осомничени за набавка на прекурзори – конкретно основни хемикалии – во количини од неколку тони од 2025 година наваму, наменети за нелегално производство на амфетамини, како и за управување со мрежа од тајни лаборатории. За време на претресите на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази кои ќе бидат подложени на форензичка анализа. Полицијата особено се фокусираше на лоцирање на производствените капацитети. Како резултат на тоа, темелно беа прегледани два магацина во германските градови Калденкирхен и Нидеркрихтен; истражителите веруваат дека тие се користеле за производство и складирање на синтетички дроги. На денот на операцијата, Европол ангажираше двајца специјалисти обучени за откривање и демонтирање на лаборатории за производство на дрога. Нивните тимови беа опремени со модерна технологија за откривање хемиски супстанции и обучени за работа во услови на висок ризик, карактеристични за нелегалните лаборатории. Ова овозможи безбедно ракување со опасни материи, како и прибирање клучни докази што ќе се користат во понатамошните правни постапки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09