Тошковски за случајот во Керамидница: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот.

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница.

Одговарајќи на новинарско прашање на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“, Тошковски посочи дека јасно и одлучно ќе се борат против криминалот и против организираниот криминал.

- Убиства имало и ќе има, бомби фрлање имало и ќе има, прашањето е како државата и институциите соодветно ќе одговорат на тоа, рече министерот.

Во однос на прашањето дали можело да им се влезе во траг на напаѓачите, имајќи предвид дека нападот бил најавен на социјалната мрежа ТикТок, министерот одговори дека ќе постапат во рамките на капацитетите што ги имаат.

-МВР не може да направи чуда, но може да работи чесно, посветено и професионално и во рамки на сето она што е надлежност на министерството, согласно капацитетите што ги имаме, ќе постапиме. Нема да се мижи како што се мижело претходно, рече тој.

Утрово од Министерството за внатрешни работи информираа дека едно лице е повредено денеска од експлозивна направа која била фрлена во двор во скопска Керамидница, соопшти МВР.

- Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопштија од МВР.

Ал-Хелаифи: Суперлигата не постои и никогаш не постоела, ја има само во главите на заблудените

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи искажа остри критики за Суперлигата.

- Не постои. Всушност, никогаш не постоела, освен можеби во главите на неколку заведени луѓе. А сега, со новиот формат на трите турнири на УЕФА за мажи и ажурираното Светско клупско првенство на ФИФА, тоа е уште поневозможно. Никој нема да го поддржи ова: ниту навивачите, ниту играчите, ниту медиумите, ниту владите, ниту клубовите. Знаете дека само два клуба навиваат за Суперлигата. Се надевам дека еден ден ќе ја сфатат својата грешка и ќе се вратат во европското семејство, изјави Ал-Хелаифи.

Деновиве медиумите во Шпанија пишуваа дека проектот Суперлига е жив и дека претседателите Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Хоан Лапорта (Барселона) и натаму остануваат на ставот дека тоа е голем и одличен проект. Се шпекулира дека повеќе од 60 клубови се заинтересирани за учество во натпреварувањето што нема да биде во организација на УЕФА. /МИА

Нехамер ја предлага Австрија за домаќин за мировни преговори за Украина

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја предложи Австрија за место за одржување на мировни преговори за Украина за време на денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз.

„Австрија е подготвена како неутрална земја да биде домаќин на мировни преговори во секое време“, напиша Нехамер на платформата „Икс“. Зеленски му се заблагодарил за поддршката и повикал Австрија да ја потпише заедничката изјава на Г7 за долгорочна поддршка на Украина.

Зеленски, на социјалната мрежа Икс нагласи дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија за постигнување траен и праведен мир./МИА

Ретклиф: Манчестер стана просечен, клубот не е на елитното ниво

Џим Ретклиф проговори за уназадувањето на Манчестер јунајтед во последните години.

- Клубот долго време е во криза, околу десет години. Манчестер јунајтед стана просечен. Не е на елитно ниво, иако треба да биде еден од најдобрите клубови во светот. Така беше под водство на Алекс Фергусон. За да постигнеме елитен статус, мораме да направиме големи промени. Веќе почнаа огромни промени во овој клуб, изјави косопственикот на Манчестер јунајтед во интервју за „United We Stand“./МИА

притисни ентер