3Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ
МакедонијаТошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повредиМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција. Тошковски вечерва во гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува најавата за официјален старт на „Безбеден град“ од 1 февруари, како што рече, „согласно она што го имаат досега како фид бек и процедурата што треба да помине за уште два закона, односно да се изменат Законот за прекршоци и Кривичниот законик. - За измените на Законот за прекршоци, којшто е во втора фаза во Собранието потребно е двотретинско мнозинство, а за Кривичниот законик просто мнозинство. Се надевам дека сериозноста на ова ќе биде препознаена од сите пратеници и ќе дадат поддршка за да може да почне примена на овој круцијален проект, рече Тошковски. Тој потврди дека примената на системот ќе се пролонгира доколку Собранието не даде поддршка на Законот за прекршоци. - Верувам дека овој закон би требало да го поддржат сите пратеници. Целта е спасување на човечки животи, истакна министерот Тошковски. Според него, во пробниот период на примената на системот од 15 дена во Скопје, граѓаните покажале дека можат да бидат поинакви учесници при уравувањето на возилата, а на Клиниката за трауматологија е намален за 20 проценти бројот на пациенти кои се задржуават поради тешка телесна повреда, а за 15 до 20- проценти е намален бројот на пациенти што се донесени на таа Клиника. Уверува дека техничките проблеми детектирани во пробниот период ќе бидат надминати до 1 февруари. Најави дека со подзаконски ќе се утврди дозволеното пречекорување на брзината согласно европските параметри кои се движат од три до десет над дозволеното, како и дека со граѓаните ќе бидат споделени локациите на кои ќе има камери, бидејќи, истакнува, крајната цел да се намали брзината на движење во насока на помалку жртви и повредени во сообраќајки. - Се ревидираат и знаците. Секаде каде има камера за констатирање на зголемена брзина задолжително ќе биде ревидиран знакот согласно важечки сообраќаен проект, рече Тошковски. Информираше дека видео записите од прекршоците ќе се чуваат во временски период утврден согласно законите во рамки на истражните дејствија, како и деја МВР ќе пушти во употреба апликација на која граѓаните ќе добиваат информации за сторени прекршоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаСДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони. Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат. Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години. Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен. Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак. Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година. Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците. Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг? Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство? Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат? Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ. Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации. Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши. Скопје, 16.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
БалканВидео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредениИ третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите. Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници. Albanian police are now beating high school students in the streets of Tirana, as anti-government protests by young people spread to other cities, from Elbasan to Vlora. An Assembly session scheduled for today was cancelled. [Video: Osman Stafa] https://t.co/CnKoL0VFo7 — Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) October 15, 2026 Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана. Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама. Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања. Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата. Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата. Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции. Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат. Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26