Тошковски за „хибридните напади“: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност - Канал 5

Тошковски за „хибридните напади“: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

Ме прашувате за хибридните напади кои ги спомена Ангелов. Овој состанок сега, беше за тоа како да се справиме со пожарот. А во оној штаб на 20 метри од овде, разговаравме и за хибридните напади. 

Тошковски за „хибридните напади“: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

Досега над 40 луѓе се лишени за пожарите, дел од тие луѓе се во притвор, за жал засега не можеме да утврдиме организициона поставеност меѓу тие луѓе. Но факт е дека во три дена ни горат четири депонии во Скопје, што диви, што легални. Господ не може да ме убеди дека ова е случајност. Јас ве уверувам дека секој за кого ќе има доази ќе преземеме се за што ќе добиеме наредба од ЈО по насоки на судот – одговори вечерва министерот Панче Тошковски на прашање кое дојде по изјавата на Стојанче Ангелов дека државата ни е изложена на хибридни напади со предизвкување пожари.

Претходно Тошковски истакна дека ваков тип на пожари како овој во Трубарево се случиле во Франција, Белгија, Литванија и други земји што укажува на тоа дека проблемот е глобален. Ова е прв пат да се случи ваков тип на пожар во Македонија – рече министерот Тошковски.

Тој истакна дека не е еднаш досега има кажано дека во оваа држава каде и да копнете, се е гнило и испаѓаат проблеми кои што за жал, денес не ставаат во ваква ситуација. Но, за разлика од претходно, рече министерот, ние делуваме, со ресусрите со кои располагаме.

-Во текот на денот и во овој момент, неколку булдожери се поставени на лице место. И огромен број припадници на МВР, на Армијата... Се работи интензивно. Но, пожарот ќе трае. Дронот констатираше температура од 500 степени над пожарот. Не горат само дрвја, туку горат и батерии. Н95 маски се носат од страна на МЗ и од другите институции, маски носи на лице место и Црвениот крст. Од страна МВР се доставени 150 гас маски. Од страна на МО доставени се 50 маски, на луѓето кои се во самото жарипте, во багерите, им се дадени посебни кислородни маски. Во вакви моменти мораме здружено да настапиме зашто вакви кататсрофи се животни загрозувачки. Се што можеше да се преземе – преземено е – изави Тошковски.

КН 95 маски се доставени и до жителите, а најмногу на ризик се изложени тие кои се во периметар од 150 метри од жариштето, повтори министерот.

-До 150 метри загаденоста е висока, до 200 метри загаденоста е средна, од 200 до 400 метри загаденоста е ниска, а над 400 метри МО и неговите мерни инструменти не констатирале загаденост на воздухот. Од страна на Дирекцијата за радиолошки зрачења на МО не е констатирана ни радиолошка загаденост.

На прашањето каде бил во текот на денот, Тошковски рече дека утрото прво бил во Оризари на помен на дете загинато во Кочани, потоа бил да запали цвеќе на секој загинат во кочанскиот пожар во Пулс, а од 16 часот е во Скопје и се справува со пожарот во Трубарево. На прашањето дали чувствува срам, тој одговори:

-Дали ми е срам да работам за својот народ? Не! Дрисла се палела и во 2023, во 2024 и во 2025 година. Истото е и со Вардариште. Срам ми е што морам да кажам ние после 35 г. немаме капацитети да се справиме со вакви состојби како што треба. Тоа ми е срам. А не ми е срам што работам за народот. Инаку, ова е прв ваков пожар на ваков тип на фабрика.

На прашањето за дозволата за фабриката за батерии, тој одговори:

-Во овој момент не можам официјално да соопштам за дозволата. По насока на ЈО три лица се во ПС и повеќе не можам да кажам. Оние граѓани кои се во рамки на 150 метри, кај тие граѓани одевме од куќа до куќа и им кажувавме дека треба да се евакуираат. Тие луѓе во прв момент се известени. Овие параметри се од мерни инструменти кои што ги користи специјализирана единица на МО. Дали мириса? Да и овде се чувствува, но нема загаденост подалеку од 400 метри согласно специјализираната единици со специјални инструменти на МО - појасни Тошковски.

Ме прашувате за хибридните напади кои ги спомена Ангелов. Овој состанок сега, беше за тоа како да се справиме со пожарот. А во оној штаб на 20 метри од овде, разговаравме и за хибридните напади. Досега над 40 луѓе се лишени за пожарите, дел од тие луѓе се во притвор, за жал засега не можеме да утврдиме организициона поставеност меѓу тие луѓе. Но факт е дека во три дена ни горат четири депонии во Скопје, што диви, што легални. Господ не може да ме убеди дека ова е случајност. Јас ве уверувам дека секој за кого ќе има доази ќе преземеме се за што ќе добиеме наредба од ЈО по насоки на судот – одговори вечерва министерот Панче Тошковски на прашање кое дојде по изјавата на Стојанче Ангелов дека државата ни е изложена на хибридни напади со предизвкување пожари.

Претходно Тошковски истакна дека ваков тип на пожари како овој во Трубарево се случиле во Франција, Белгија, Литванија и други земји што укажува на тоа дека проблемот е глобален. Ова е прв пат да се случи ваков тип на пожар во Македонија – рече министерот Тошковски.

Тој истакна дека не е еднаш досега има кажано дека во оваа држава каде и да копнете, се е гнило и испаѓаат проблеми кои што за жал, денес не ставаат во ваква ситуација. Но, за разлика од претходно, рече министерот, ние делуваме, со ресусрите со кои располагаме.

-Во текот на денот и во овој момент, неколку булдожери се поставени на лице место. И огромен број припадници на МВР, на Армијата... Се работи интензивно. Но, пожарот ќе трае. Дронот констатираше температура од 500 степени над пожарот. Не горат само дрвја, туку горат и батерии. Н95 маски се носат од страна на МЗ и од другите институции, маски носи на лице место и Црвениот крст. Од страна МВР се доставени 150 гас маски. Од страна на МО доставени се 50 маски, на луѓето кои се во самото жарипте, во багерите, им се дадени посебни кислородни маски. Во вакви моменти мораме здружено да настапиме зашто вакви кататсрофи се животни загрозувачки. Се што можеше да се преземе – преземено е – изави Тошковски.

КН 95 маски се доставени и до жителите, а најмногу на ризик се изложени тие кои се во периметар од 150 метри од жариштето, повтори министерот.

-До 150 метри загаденоста е висока, до 200 метри загаденоста е средна, од 200 до 400 метри загаденоста е ниска, а над 400 метри МО и неговите мерни инструменти не констатирале загаденост на воздухот. Од страна на Дирекцијата за радиолошки зрачења на МО не е констатирана ни радиолошка загаденост.

На прашањето каде бил во текот на денот, Тошковски рече дека утрото прво бил во Оризари на помен на дете загинато во Кочани, потоа бил да запали цвеќе на секој загинат во кочанскиот пожар во Пулс, а од 16 часот е во Скопје и се справува со пожарот во Трубарево. На прашањето дали чувствува срам, тој одговори:

-Дали ми е срам да работам за својот народ? Не! Дрисла се палела и во 2023, во 2024 и во 2025 година. Истото е и со Вардариште. Срам ми е што морам да кажам ние после 35 г. немаме капацитети да се справиме со вакви состојби како што треба. Тоа ми е срам. А не ми е срам што работам за народот. Инаку, ова е прв ваков пожар на ваков тип на фабрика.

На прашањето за дозволата за фабриката за батерии, тој одговори:

-Во овој момент не можам официјално да соопштам за дозволата. По насока на ЈО три лица се во ПС и повеќе не можам да кажам. Оние граѓани кои се во рамки на 150 метри, кај тие граѓани одевме од куќа до куќа и им кажувавме дека треба да се евакуираат. Тие луѓе во прв момент се известени. Овие параметри се од мерни инструменти кои што ги користи специјализирана единица на МО. Дали мириса? Да и овде се чувствува, но нема загаденост подалеку од 400 метри согласно специјализираната единици со специјални инструменти на МО - појасни Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани

-Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип.

Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани.

- Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова.

Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази.

Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. 

Пукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington.

Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington.

NBC News, повикувајќи се на двајца високи полициски службеници запознаени со случајот, објави дека напаѓачот се забарикадирал во теретаната. Полициската интервенција е сè уште во тек.

Полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа

Вашингтонската полиција издаде итно предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа околу раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападниот дел на градот. „КРИТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полицијата е на местото на активно пукање во областа на 15-та улица и улицата П. Тим за итни интервенции на полицијата е на местото на настанот. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОБЛАСТА“, соопшти полицијата. Полицијата ги блокираше околните улици и им советуваше на жителите да го избегнуваат блокот 1500 на 15-та улица, каде што е блокиран поголемиот дел од станбената зграда. Сите блиски училишта се во блокада додека полицијата истражува. Агенти од федералното Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така им помагаат на локалните органи за спроведување на законот.

Жител: „Слушнав околу пет истрели“

Жител на блиската зграда, Рајан Дубики, рече дека слушнал околу пет гласни тресоци од неговиот стан околу 8 часот наутро по локално време. „Беа доста раздалечени, па помислив дека е градба“, рече тој.

Набргу потоа, рече тој, „полицајците беа насекаде“. Неговата станбена зграда потоа испрати предупредување до жителите за можен активен стрелец.

Точните локации сè уште се утврдуваат

Портпаролката на полицијата, Никол Динер, потврди дека инцидентот се случил во поширока област. „Пукањето се случило во населбата Логан Серкл, но точните локации сè уште не се потврдени“, рече таа.

Според објавата на профилот на социјалните мрежи X, The DC MD VA Live, напаѓачот се забарикадирал во стан на седмиот кат од зградата на 15-та улица и наводно пукал кон полицајците низ вратата. Во истиот извештај се тврди дека напаѓачот подметнал пожари на повеќе локации. Оваа информација сè уште не е независно потврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин

Од Абу Даби преку Москва до Даблин. Се интезивираат дипломатските напори за мировно решение во Украина. 

Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин

Додека американскиот двоец Виткоф-Кушнер замина кај Путин во Москва, околу 50 светски лидери во ирската престолнина разговараат за стратешките предизвици.

Доминантно прашање на собирот на Европската политичка заедница, каде учествува и претседателката Синљановска Давкова е кој европски лидер или група лидери би седналe на преговарачка маса за Украина, откако вчера и завчера остана надвор од преговарачката маса во Абу Даби. Консензус нема, најзигледни фаворити се Кошта и Калас.

-Toa e Aнтонио Кошта, тука е високата претставничка и потпретседателка, која ги претставува безбедносните прашања во Европа. Или пак, знаете лидерите би можеле да изберат поразлично и да ги отворат овие дискусии повторно. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ.

-Би рекла дека поважно од тоа „кој“ е да се осигураме дека ќе зборуваме со обединет, кохерентен и доследен глас. Тоа е тоа што им треба на нашите партнери. И мислам дека тоа ѝ треба на Украина. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент.

Во Даблин забележителен беше оптимизмот од преговорите во Абу Даби, каде што Русија и Украина во посредство со Вашингтон договорија размена на заробени војници од досега најголеми размери, но и натаму без напредок за територијалните прашања.

-Од она што го слушнав од нашата делегација разговорите беа сериозни, а не празни. Постигнат е договор за размена на воени заробеници. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

-Слушнав некои позитивни сигнали од Абу Даби вчера и завчера. Имаме шанса и на средба со Американците да се постигне мир во Европа. Но, тоа е долг пат и по тој пат треба да одиме заедно. , изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.

Американскиот двоец Виткоф Кушнер, пак, според дел од медиумите, на Путин денеска му предложиле Русија да подготви нов нацрт-договор што ќе ги реши нејзините безбедносни грижи и барања, но исто така ќе утврди какви симетрични чекори е подготвена да преземе за да го деескалира конфликтот и да ја увери Европа дека нема да нападне во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер