Тошковски: За 24 часа преку „Безбеден град“ регистрирани 110.000 прекршоци, најмногу за брзо возење - Канал 5

Тошковски: За 24 часа преку „Безбеден град“ регистрирани 110.000 прекршоци, најмногу за брзо возење

 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека околу 110.000 прекршоци се констатирани за период од 24 часа во Скопје преку системот „Безбеден град“.

Тошковски: За 24 часа преку „Безбеден град“ регистрирани 110.000 прекршоци, најмногу за брзо возење

-Тоа е катастрофална бројка. Не ме држете прецизно за бројките, но околу 1000 прекршоци се однесуваат на нерегистрирани возила, околу 5000 прекршоци за поминување на црвено, но најстрашното е што над 90 отсто од вкупната бројка е пречекорување на брзина. Тоа се катастрофални бројки, нагласи Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа.

-Не би сакал повторно да говорам за тоа што велат експертите и што е праксата и колкав е процентот на луѓе, коишто кога се удрени од страна на возило кое е управувано над 50 км на час гинат секојдневно на улиците. А колкав е процентот на луѓе кои гинат при удар од 30 км на час, а колкав е процентот кои гинат при челен удар со брзина од 70 км на час. Ако се вози 52, а е дозволено 50, тоа е прекршок, а не кривично дело. Но, ако удрите човек со 52 км на час а притоа тој загине, тогаш е кривично дело. Најодговорно тврдам дека не постои сообраќајна незгода со смртни последици која е настаната како последица на почитување на сообраќајни правила, рече Тошковски.

Истакна дека во Европа има примери каде што нема никаква толеранција во брзината, како на пример во Швајцарија, Белгија и други држави. Има и примери, рече тој, каде што толеранцијата изнесува до 10 отсто над дозволената брзина, и оти во наредниот период ќе размислиме како ќе го имплементираме тоа кај нас.

- Во однос на слабостите на системот, констатиравме дека за мал број на прекршоци не соодвевствуваат фактичките податоци во записникот, со идентитетот на оној којшто ја примил пораката. Го знаеме проблемот, беше споделен и на социјалните мрежи, ќе утврдиме точно за причините за истиот и секако ќе го искорегираме. Морам да напоменам дека ова е тест период и целта е да ги запознае граѓаните за она што треба да следи во иднина и воедно да направи проверка на она што сме го утврдиле како системско решение. Битно е дека како Влада сме се нафатиле да имплементираме проект којшто е револуционерен и е системски. Отстранува долгогодишно непреземање на ништо кога говориме за безбедност на сообраќајот на патиштата, посочи министерот.

Рече дека во овој тест период се опфатени Скопје, Тетово и Куманово како градови, како и Коридорите 8 и 10.

-Во рамки на овој тест период во прва фаза којшто сакаме да го заокружиме, говориме за Скопје, Куманово и Тетово како градови, Коридор 8 и Коридор 10. Имаме технички проблеми со Коридор 8 и 10 коишто се надевам дека за брзо време ќе ги отстраниме во следните две недели. Целта на Владата е да го имплементира овој проект на територијата на цела Македонија. Секој граѓанин – во Свети Николе, Кочани, Тетово, Јажинце, Охрид, Струмица – заслужува да живее во град каде што безбедноста ќе биде кребара на повисоко ниво. Проектот ќе се имплементира согласно бројот на возила, бројот на жители и статистиката за сообраќајни незгоди. Има повеќе критериуми според кои ќе се водиме во фактичката имплементација, рече Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер