СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
1СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
МакедонијаТошковски во официјална посета на Унгарија: Зајакнување на безбедносната соработка, размена на искуства за „Безбеден град“ и полициски обукиУнгарија е докажан пријател и партнер на Македонија, а посетата претставува уште еден чекор кон зајакнување на соработката, потенцира министерот Тошковски. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на покана на својот унгарски колега Шандор Пинтер, во периодот од 14 до 16 јануари реализира билатерална посета на Министерството за внатрешни работи на Унгарија со цел продлабочување на безбедносната соработка и размена на конкретни искуства и добри практики. Како што соопшти МВР, во рамките на посетата министерот Тошковски остварил билатерална средба со министерот Пинтер, на која биле разгледани прашања од заеднички интерес, со посебен фокус на управувањето со миграциските текови, борбата против организираниот криминал и современите безбедносни предизвици. Министерот Пинтер го истакнал значајниот и конкретен придонес што Македонија го дава во спречувањето на илегалната миграција нагласувајќи дека улогата на македонската полиција е од суштинско значење за безбедноста на Европа. - Посебно внимание беше посветено на искуствата на Унгарија во воспоставувањето и примената на системи за автоматско детектирање сообраќајни прекршоци во контекст на тековната имплементација на системот „Безбеден град“ во Македонија. Во таа насока беа разменети мислења за практичните аспекти, институционалната подготвеност, правната рамка и ефектите од примената на ваквите системи, со цел користење на најдобрите европски практики - истакнал министерот Тошковски. Во делот на борбата против трговијата со дрога биле презентирани законските и институционалните решенија што Унгарија ги има спроведено во областа на кривичното санкционирање, при што беа споделени искуства за влијанието на построг и појасен казнен пристап врз сузбивањето на организираните наркомрежи и зајакнувањето на превенцијата. Во рамките на посетата била потпишана декларација за соработка во спроведувањето обуки за полициски службеници помеѓу Центарот за обука на МВР и Центарот за полициска едукација и обука на МВР на Унгарија, со што се отвораат можности за долгорочна и практична размена на знаења и искуства. Воедно, била упатена покана унгарскиот Центар да се приклучи кон Регионалната асоцијација на центрите за обука и полициски академии на Југоисточна Европа, формирана на иницијатива на нашето МВР. Министерот Тошковски остварил и работна средба со директорот на унгарското Национално биро за истраги, Арон Јенеј, на која биле разменети искуства за институционалната поставеност, оперативните модели и пристапите во сузбивањето на најсериозните форми на организиран криминал. Дополнително, била реализирана и средба со директорот на Националниот директорат за менаџмент на катастрофите, Золтан Гора, со фокус на системот за управување со кризи, меѓуинституционалната координација и практичните искуства во справувањето со катастрофите. - Унгарија е докажан пријател и партнер на Македонија, а посетата претставува уште еден чекор кон зајакнување на соработката, размената на искуства и градењето партнерства, кои придонесуваат за поголема безбедност, стабилност и европска перспектива - потенцира министерот Тошковски. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКрај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказАнглискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми. Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање. Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати. Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине. Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант. Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“. Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.Тагови: Мајкл Карик Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ.Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал... Нема да можат. Алта банка е огромен финансиски скандал и одговорност ќе има! За сите! СДСМ денеска поднесе Кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени и одговорни лица во Народната банка. Бараме одговорност за сите инволвирани во Алта банка! Сите што ја отворија вратата и ја внесоа Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик, што ја дале согласноста и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија. Пријавата е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана со конкретни правни основи, групирани во неколку целини. Прво, кривична одговорност според Кривичниот законик. Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Второ, одговорност за одобрување на преземањето и надзорот според Законот за банките. Во Кривичната пријава се наведени членовите 13, 17, 18 и 59, 62, за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверката на инвеститорот и основите за добивање на согласноста која ја дала Народна банка, односно Славески. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката. Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму. Опфатени се и членовите 83 и 88 – во однос на согласностите за членовите на надзорните и управните органи. Основано се сомневаме дека Народната банка не ги употребила законските механизми навреме и дозволила ризиците да се прелеат врз граѓаните на Македонија. Трето – одговорност според Законот за Народната банка и прописите за спречување перење пари. Со барање да се испитаат направените проверки на сопственикот, капиталот и трансакциите, како и постапувањето на надзорниот орган. Дали биле побарани информации од странските регулатори? Дали била вклучена Управата за финансиско разузнавање? Кои предупредувања биле разгледани и што било преземено? Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции. Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот. Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата. Почитувани, Во Србија има истрага, одземена е лиценцата на Алта банка, отворен е стечај, приведен е сопственикот Давор Мацура, се истражуваат 380 милиони евра, се споменуваат и фалсификувани пари. Банката била пералница на пари на Вучиќ а во Македонија ја донесоа Мицкоски и Славески. Не може во Македонија ништо да не се презема. Одговорноста треба да се лоцира, институциите мора да постапат. Обвинителот Ненад Саевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по Закон. Или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити. Но на сите, буквално на сите, од Мицкоски до Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка едно треба да им биде јасно: Одговорност ќе има! Доаѓа време на правдата! Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СкијањеЛиндзи Вон откри што ѝ извадиле од ногатаСветската скијачка ѕвезда, Линдзи Вон откри што ѝ извадиле од ногата, по девет операции, луѓето се шокирани од она низ што поминува таа.Една од најдобрите светски скијачки во историјата, Линдзи Вон имаше деветта операција, при што од ногата ѝ беа извадени плочки и шрафови. Неа ја очекува тешко закрепнување по повредата што ја заработи на Зимските олимписки игри. 42 годишната американска скијачка Линдзи Вон доживеа тешка повреда на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо, од која сè уште се опоравува. Оттогаш, Вон имала дури девет операции, а при последната од нив, лекарите ги извадиле сите плочки и шрафови од нејзината нога. А ги имало навистина многу. Како што истакна Линдзи, операцијата поминала добро и закрепнувањето се одвива во вистинска насока, но таа девет месеци трпела неподносливи болки поради одлуката повторно да се натпреварува на Олимписките игри во својата петта деценија од животот – таа едноставно „горела“ од желба да освои уште еден медал. За жал, таа претрпе сериозна повреда при судир со порта, при што дојде до оштетување на предните вкрстени лигаменти. Веднаш била примена во болница во Италија, а потоа закрепнувањето го продолжила во САД, каде што сега ѝ беше извршена операцијата. Лекарите конечно ги извадиле сите плочки и шрафови, а таа објави кратко видео кое ги шокираше нејзините следбеници: „Сето ова го извадија од мојата нога“, напиша Американката, чија десна нога е во завои. Деветтата операција не значи дека закрепнувањето е завршено; најверојатно ја очекуваат уште неколку месеци во кои ќе се обиде да ја врати флексибилноста на ногата. Сепак, останува прашањето дали таа некогаш ќе биде истата како порано – како и дали повторно ќе се натпреварува во скијање. „Мојата лева нога всушност закрепнува многу добро. Сè уште немам преден вкрстен лигамент, па ќе биде неопходно да се извади металот од ногата и таа да се санира. Проблемот е во мојот десен скочен зглоб. Тој е сè уште скршен, но веќе не боли толку многу“, изјави таа за „Спортс Центар“ пред неколку недели, признавајќи дека минува низ многу тежок период во својот живот – можеби најтешкиот во нејзината кариера, која е една од најголемите во историјата на овој спорт. „Во овој период научив многу за трпението. Мислев дека веќе знам нешто за тоа, но навистина поминав низ многу искушенија. Чувствував дека напредокот е многу бавен, иако работев напорно. Коските не заздравуваат на ист начин како лигаментите, а јас не бев навикната на тоа.“ Инаку, Линдзи Вон се повреди на Светскиот куп пред Зимските олимписки игри, но сепак одлучи да настапи. Таа имаше завој на коленото и претрпе тешка повреда, од која и денес ги чувствува последиците.Тагови: Линдзи Вон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34