Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки - Канал 5

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања истакна дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни .

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања истакна дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни и оти за 20 проценти е намален бројот повредени од сообраќајќи.

- Резултатите коишто досега се увидени и тоа како се позитивни. Јас би сакал од оваа говорница да упатам огромна благодарност до македонските граѓани заради тоа што тие се тие кои спасија човечки животи во изминатиов период имајќи го предвид намалувањето на бројките што како тешки случаи се пристигнати во рамки на Клиничкиот центар во Клиниката за трауматологија од аспект на задржани тешки пациенти на понатамошно лекување, согласно информациите што ги имам добиено за овој временски период во споредба со претходниот временски период. За околу 20 проценти е намален вкупниот број на третирани пациенти во рамки на оваа клиника, што е и тоа како е многу добар предзнак за резултатот којшто треба да го даде имплементирањето на овој проект, рече Тошковски.

Според него, тоа е заслуга на секој македонски граѓанин учесник во сообраќајот особено оние кои управуваат моторни возила. Министерот Тошковски кажа дека иако граѓаните знаат дека нема да има казни во овој период туку само опомена без ефективна реализација, го забавиле управувањето на моторните возила, а тоа пак довело до резултат којшто „на крајот го гледаме како намалување на пациенти на Клиника за трауматологија“, и тоа е заслуга на македонските граѓани.

- Покажавме дека како нација сме спремни да одговориме на ваков тип на предизвици и притоа да имплементираме вистина еден европски проект којшто слободно да констатирам го има скоро во секоја земја - членка на ЕУ, а се со цел да ја заштитиме безбедноста на нашите граѓани и се со цел да имаме колку што е можно помалку жртви на сообраќајни незгоди, рече Тошковски на седницата за пратенички прашања.

Меѓу позитивните резултати од овој проект, според Тошковски, ќе бидат и трошоците за сторени сообраќајни незгоди.

- Зошто. Заради тоа што трошоците што ги чинат македонските граѓани имајќи ги предвид сите оние трошоци што произлегуваат од сторени сообраќајни незгоди согласно една експертиза на стручњаци која што јас имав прилика да ја видам изминатиов период се во 2023 година, биле некаде околу 400 милиони евра. Тоа е една средна анализа на земени трошоци согласно две методологии коишто се применети. Во едната методологија анализата е мислам дека некаде околу 450 милиони евра, во 2023 во другата негде отприлика 380 средна вредност негде околу 410 милиони евра трошоци настанати како последица на сообраќајни незгоди во 2023 година во Македонија, рече Тошковски.

Според него, тоа е една катастрофална вкупна сума која што македонските граѓани ја издвојуваат за да ги подмират овие трошоци што настануваат како последица на непочитување на сообраќајни правила.

- Имплементацијата на овој проект е особено значајна во најголемиот град, значи во Скопје и согласно претходните планови на претходната Влада која што ги имала, за жал, не ги имплементирала, но и тогаш било планирано овој проект да се имплементира Скопје – Куманово и Тетово, во прва фаза. Ние ги додадовме во изминатиов период заклучно со 1 февруари 2026 година како црни точки што сметавме дека мора да бидат вклучени и Коридор 8 и Коридор 10. Од 1 февруари се очекува да стапиме во практична примена на овој паметен систем освен во главниот град, во Куманово и Тетово како градови што се одбрани од претходно за прва фаза на имплементација и Коридор 8 и Коридор 10, рече министерот за внатрешни работи.

До средината на 2026 година системот „Безбеден град“ треба да се стави во функција во сите градови во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/ч

Електричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.

Американците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/ч

Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси.

„Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф.

Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот.

Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси.

Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило.

Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed ​​Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта.

Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во Инџиково

Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во Инџиково

„Добар ден и од мене.

Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти.

Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот.

Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договорот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа .

Нова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договорот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа и незадоволителни резултати на тимот.

Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот од сезоната, сепак, Јунајтед има опција да активира клаузула за продолжување, со што тој би останал во клубот уште 12 месеци – со што договорот практично би се продолжил до 2028 година. Раководството на клубот сака да постигне согласност за нов договор со 32-годишниот капитен пред тој момент.

Разговорите со неговите претставници траат веќе неколку месеци, но според извори на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), втората понуда е одбиена. Не е сосема јасно кога точно Фернандеш ги одбил предложените услови, а моменталната нестабилна ситуација во клубот го отежнува предвидувањето кога би можеле да завршат преговорите.

Доколку двете страни не успеат да се договорат за нов договор, речиси е сигурно дека Манчестер Јунајтед, пред 1 јануари, ќе ја искористи опцијата за продолжување на постоечкиот договор за уште една година.

Со ова би се спречило Фернандеш да влезе во последните шест месеци од својот договор – период во кој тој би имал право да потпише преддоговор со странски клуб за трансфер, откако ќе заврши неговиот престој во Јунајтед.

Активирањето на оваа клаузула би ѝ овозможило на управата повеќе време за преговори и за одлучување за иднината на еден од најважните играчи во тимот. Сепак, само по себе, ваквиот потег не би го решил прашањето за долгорочната иднина на португалскиот репрезентативец во клубот.

Неизвесноста околу иднината на Фернандес се совпаѓа со уште една промена на клупата на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик доби отказ во четвртокот, по најлошиот старт на клубот во домашна натпреварувачка сезона во последните 40 години.

Според „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), се очекува него да го наследи Маурисио Покетино, кој моментално е селектор на Соединетите Држави. Аргентинецот треба за првпат да го предводи Јунајтед на 22 ноември, на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“. Од клубот се надеваат дека доаѓањето на Покетино би можело да влијае врз одлуката на Фернандес и да го убеди да ја поврзе својата иднина со „Олд Трафорд“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер