Тошковски: Се истражува дали бегството на Груби е организирано или е само поради пропуст

Месец дена подоцна, и натаму останува мистерија каде е Артан Груби.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не открива дали е позната локацијата на екс-вицепремиерот кој на 15 декември со дипломатско возило избега преку граничниот премин Блаце кон Косово, и оттогаш според неофицијалните информацаии се наоѓа во Албанија. Тошковски вели во моментов се истражува дали станувало збор за организирано бегство или станува збор само на пропуст на полицискиот службеник кој ја дигна рампата Груби да замине од земјава...

-Неспорно е дека не погледнува во мониторот полицискиот службеник и му дозволува да излезе, тоа е неспорен факт. Тука имаме кривична пријава, е сега, дали ова било организирано, дали имало други вмешани, се води соодветна постапка под надлежност на јавното обвинителство,- -Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Криминал, убиства и нарко банди, имало и ќе има, посочува Тошковски, но сега од страна на државата постои искрена и сериозна борба со криминалот и корупцијата а тоа според него, се покажало со акциите во изминативе шест месеци, каде покрај апсењата, вели, расветлени се и 8 убиства меѓу клановите случени за време на мандатот на неговиот претходник. Воедно, најави понатамшно расчистување со поткжаувачите во полициските редови, список кој се зголемува...

„Кртовите, јас би ги нарекол предавниците во МВР, предавниците на родот свој, тие со информациите што ги издаваат, ги доведуваат во опасност животите на нивните колеги со кои што јадат, спијат, работат и т.н заедно и покрај сето ова, ние успеавме да дадеме резултати, драстични во споредба со претходно.... Тогаш ќе стане професионална полицијата, кога ќе се расчисти со нив,- -Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Во последната акција на МВР беше уапсен Раде Трајковски Штекли и уште 9 негови соработници поради сомнение дека продавале дрога на улиците, а по тројца се трага. Сите добија притвор, но каде Штекли ја издржува мерката не се открива од безбедносни причини, со оглед на тоа дека три пати беше цел на ликвидација.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер