Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР - Канал 5

Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас.

Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети.

Министерот Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, особено во делот на исполнување на критериумите поврзани со европската интеграција на државата, преку реализација на проекти во рамки на ИПА инструментот за претпристапна помош, како и активностите предвидени со Реформската агенда.

На средбата беше истакнато дека партнерството помеѓу Македонија и Европската Унија има значајна улога во јакнењето на безбедносниот систем, модернизацијата на институциите и подобрувањето на ефикасноста во справувањето со современите безбедносни предизвици.

Соговорниците разговараа и за тековните активности во рамки на програмите за прекугранична соработка, како и за приоритетните области од заеднички интерес, со акцент на натамошно продлабочување на партнерската соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Во рамки на разговорот, министерот Муцунски најостро го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Притоа, министерот информираше дека надлежните институции веќе преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог законот за соодветна и правична застапеност на седница на Собранието

Жестоки реплики и контра реплики на расправата за предлог законот за правична застапеност во Собранието.

Предлог законот за соодветна и правична застапеност на седница на Собранието

Опозицијата бара се повлече законското решение, власта и реплицира да не прават политички фолклор. Игор Манасиевски ја следи седницата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Делумно опожарени две дипломатски возила во сопственост на бугарската амбасада во Скопје.

Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Случајот бил пријавен и до МВР од каде велат дека полициски екипи го документирале настанот и работат на негово расчистување. Неофицијално се трага по непознатиот сторител, кој избегал од местото на настанот.

- Непознат сторител го полеал едното возило со запалива течност и го запалил. Меѓутоа од првото возило било зафатено и возилото кое било паркирано во непосредна близина на опожареното. И двете возила се со дипломатски регистарски таблички.

Опожарените возила за кратко време биле изгаснати од страна на скoпската против-пожарна бригада.

Настанот најсостро го осудија и од Влдата и од македонското МНР и го оценија како вандалскиот и недозволив чин.

- Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. Нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија, се наведува владиното соопштение.

Рекација и осуда прсистигна и од бугарското МНР. Според нив станувало збор чин на агресија и нов напад врз Бугарија и Бугарите и бараат навремено и праведно расчистување на случајот.

- Овој најнов напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите, наведуваат од бугарското МНР.

Во пожарот нема повредени лица и не се зафатени објекти во близна на бугасрската амбасада во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер