Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква - Канал 5

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Работиме на целосно унапредување на сите полициски капацитети, вели Тошковски.

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во одморалиштето на МВР во Пониква ги пуштија во употреба реновираните спортски капацитети наменети за вежбовни активности на полициските службеници.

„Со министерството за спорт неодамна потпишавме Меморандум за соработка со кој ќе ги надградиме, реновираме и унапредиме поголемиот дел од спортските капацитети на министерството за внатрешни работи. Вложувањето во капацитетите на кои се обучуваат полициските службеници е влог во стабилноста и безбедноста на државата.

Во рок од месец дена беше поставена основа за фудбалско игралиште и фитнес зона со монтирање на сите реквизити. Игралиштата за фудбал, кошарка и одбојка се опремија со полипропиленски подови, обележени и со нови реквизити. Истите добија и трибини од по 2 реда за следење на натпреварите. Покажуваме дека преку добро планирање и соработка помеѓу институциите, јасна визија и одлучност, може да се изградат услови кои ги задоволуваат современите полициски потреби.“, истакна министерот Тошковски.

Во меѓувреме преку оваа соработка на двете министерства се работи на реновирање на спортските капацитети на Центарот за обука на МВР во Идризово каде се создаваат и унапредуваат сите полициски човечки капацитети.

Трамп пристигна во Холандија, ќе учествува на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва пристигна на аеродромот Шипхол во Амстердам во Холандија за да присуствува на самитот на НАТО.

Трамп пристигна во Холандија, ќе учествува на самитот на НАТО

Се очекува Трамп директно да оди во палатата Хаус тен Бош во Хаг, каде што кралот и кралицата на Холандија организираат државна вечера за 32 лидери на НАТО и нивните партнери, пренесе Индекс.

Првата дама на САД не е со него

Сепак, првата дама на САД, Меланија Трамп, не пристигна во Холандија.

Лидери на НАТО се собираат на дводневен самит на кој се очекува да се потврди зголемувањето на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година.

Трамп пристигна во Холандија откако објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран доцна синоќа.

Мисајловски од Хаг: Развивајќи ги нашите капацитети, ги зацврстуваме капацитетите на колективната одбрана во НАТО

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска на покана на министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс присуствуваше на Форумот за одбранбена индустрија кој се одржува во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг.

Мисајловски од Хаг: Развивајќи ги нашите капацитети, ги зацврстуваме капацитетите на колективната одбрана во НАТО

-Одбранбената соработка со сојузничка Холандија е на исклучително високо ниво. Развивајќи ги нашите капацитети, ги зацврстуваме капацитетите на колективната одбрана во НАТО. На Форумот уште еднаш беше потврдено дека соработката со одбранбената индустрија е исклучително важна во развојот на одбранбените капацитети на сојузничките земји, истакна тој.

Мисајловски порача дека инвестирањето во одбраната и процесот на модернизација и опремување се двете клучни алки за силна и безбедна Алијанса.

Николоски на средба со 11 најголеми француски компании: Ги имаме најдобрите услови за инвестирање

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности .

Николоски на средба со 11 најголеми француски компании: Ги имаме најдобрите услови за инвестирање

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцирал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.

Како што соопшти денеска Министерството за транспорт, Николоски ги презентирал транспoртните политики на Македонија преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брза пруга на Коридор 10. Потенцирал дека унапредувањето на брзината на овој коридор е особено значајно за поевтин и побрз карго транспорт за Централна Европа. Биле презентирани плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.

Вицепремиерот Николоски на средбата истакнал дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација на земјата, со што се отвораат големи можности за соработка со компании од Франција. Условите за инвестирање, дополнил вицепремиерот Николоски, се меѓу најконкуретните во регионот, со што Владата нуди услови и силна подршка за нови странски инвестиции.

- На средбата беше презентирана и француската политика во делот на развој модернизација, управување и безбедност во железничкиот сообраќај на Франција од каде се пренесоа нови искуства и знаења, се вели во соопштението.

Претходно, вицепремиерот се сретнал и со Магали Сезана, шеф при Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии каде се разговараше за подобрување на економската и трговска соработка меѓу двете земји.

Работната посета и средбите на вицепремиерот Николоски со владини претставници на Франција, продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

притисни ентер