Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаТошковски: Почеток на регионална обука за распоредување на службени кучиња на тешко пристапни терени, пример за меѓународна соработкаМинистерот Тошковски потенцирал дека овој проект не е само почеток на стандардна професионална обука, туку пример за успешна меѓународна соработка.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Регионалниот К9 центар за обука и сертификација во полицискиот центар во Ѓорче Петров присуствуваше на почетокот на регионалната обука за распоредување на службени кучиња во тешко пристапни терени, која се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на националните власти во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“, информираат од МВР. Министерот Тошковски потенцирал дека овој проект не е само почеток на стандардна професионална обука, туку пример за успешна меѓународна соработка, на партнерство засновано врз доверба, заеднички цели и посветеност кон зголемена безбедност на локално, регионално и глобално ниво. -Пред единаесет месеци од истово место бевме сведоци на почеток на работата на Регионалниот К9 центар за обука и сертификација-значаен дел од целокупниот систем на безбедност како на оперативно, така и на стратешко ниво. Во изминатата речиси една година центарот беше домаќин на голем број на работилници, обуки и тренинзи. Соработката на нашата институција со Мисијата на ОБСЕ претставува еден од носечките елементи во процесот на надградување на капацитетите на полицијата по стандардите на Европската Унија., потенцирал министерот Тошковски. Министерот Тошковски нагласил дека целта на Министерството е иднината на овој центар е тој да прерасне во регионален центар во областа на зајакнување на капацитетите на агенциите за спроведување на законот, преку современи обуки и пренос на експертиза во користење на службените кучиња. - Службените кучиња се посебен дел од нашите безбедносни системи. Тие не претставуваат алатка, туку истите се партнери и дел од полицијата, кои со својата обученост имаат непроценлива улога во спасувањето на животи. Во многу случаи, нивната реакција е пресудна за успех на целата акција. Но зад секое службено куче стои полициски службеник, тренер и институција. Поради тој факт знаеме дека вложувањето во капацитетите на единиците за службени кучиња е вложување во поголема безбедност за сите нас, образложи министерот Тошковски. Тошковски на крај се заблагодари на ОБСЕ и нашите меѓународни партнери и потенцираше дека раководството на министерство останува цврсто посветено во градење на систем за безбедност кој ќе биде гаранција за напредокот на нашата држава и сигурноста на граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаВодата во Гостивар и денеска тема на политички обвинувањаНе запираат меѓупартиските обвинувања за тоа кој е виновен за загадената вода во Гостивар и колку често проблемите се повторувале во минатото. Од СДСМ ја лоцираат одговорноста кај премиерот и министерот за здравство, и повторно го повикаа обвинителството да отвори истрага. Велат дека тие имаат различни препораки до граѓаните за употреба на водата, иако се утврдило дека таа содржи опасна бактерија и треба да е целосно забранета. -Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: Христијан Мицкоски, Сашо Клековски, Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. - Елена Радеска - СДСМ СДСМ се обидува политички да профитира од состојбата во Гостивар, а кога беа на власт не ги решавале ваквите проблеми – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партиската говорница повторно покажаа документи со кои тврдат дека во 2022, 2023 и 2024 година имало неколку случаи со потврдена небезбедна вода за пиење токму во Гостивар, а воопшто немало забрана за употреба на истата. -Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места. - Валентин Манасиевски - портпарол на ВМРО-ДПМНЕ За епидемијата во Гостивар која е прогласена официјално од 19 јули, градоначалникот кој доаѓа од партијата на Таравари Валбон Лимани кажа дека не чувствува лична одговорност. Засега во 30 дневен притвор се Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, раководителите од Јавното претпријатие „Комуналец“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во ГостиварДодека трае топлотниот бран, во Гостивар се уште нема питка вода. Во Центарот за управување со кризи во моментов во тек е седница на главниот штаб посветена на состојбата со водата, таму е Маја Стојановска. Дали наскоро гостиварци ќе добијат чиста вода за пиење? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте200-те повици дневно во брзата помош од граѓани кои имале проблеми, заради влошена здравствена состојба со високите температури. Најчесто се колапси, проблеми со крвниот притисок и сообраќајни незгоди. Докторите од брза помош објаснуваат дека влошено и психичкото здравје кај граѓаните кои веќе имале здравствени психички проблеми, а кај дел од граѓаните и заради проблеми со крвниот притисок од топлото време имаат пониска концентрација и се понервозни. Од Институт за јавно здравје со препораки до граѓаните да не се изглегува во најтоплиот период. Во случај на прегревање на телото сончаница, може да се појават симптоми како слабост, вртоглавица, гадење, грчеви во мускулите. Во потешки случаи може да има има из забрзано чукаање на срецето, и губење на свест. Посебно внимателни треба се трудните жени, лицата над 60 годишна возраст и малите деца. Граѓаните да не излегуваат без вода за пиење, светла облека и зашита на главата и очите. Црвениот крст на терен во најтоплите денови во заштита на граѓаните. Тие на граѓаните им даваа вода и им кажуваа совети. Она што е важно во случај на некој да му се слоши треба да се даде прва помош и да се повика итна помош. Од Црвениот крст посебно внимаваат бездомните лица на кои им треба лекарска помош. Граѓаните во брзање ги завршуваат обврските до пладне, иако топлото е уште рано од сабајле. УХМР најавуваат топла работна седмица до 40 степен каде на некои места може да достигнат и над 40 степени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter