Тошковски од Охрид: Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба - Канал 5

Тошковски од Охрид: Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба

Министерот за внатрешни работи Тошковски од Охрид-Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба..

Тошковски од Охрид: Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба

Вчера во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев, во рамки на националната кампања насловена како „До вас, за вас“, присуствуваа и се сретнаа со охриѓани и со сите граѓани и туристи на градското пристаниште и градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Присутните за време на манифестација меѓу другото имаа можност да се запознаат и дружат со полициските службеници, како и со изложената опрема, возилата и другите материјално-технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи.

Според планираното сценарио, беше спроведена вежбовна активност во која учествуваа полициски службеници од СВР Охрид, граничната полиција регионален центар „Запад“, Единицата за брзо распоредување, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, Црвен крст и територијалната противпожарна единица од Охрид.

„Преку овој караван, средбите и дружењата со граѓаните создаваме услови за поблиска комуникација и интеракција со граѓаните. Граѓаните имаа можност да се запознаат со нашите капацитети, опрема и да го запознаат чесниот и пожртвуван полициски службеник кој секогаш е во служба на граѓаните, а преку заеднички активности презентиравме дел од активностите кои ги преземаме за одржување на јавниот ред и мир. Со заедничка соработка можеме да оствариме поголем напредок во повеќе сегменти, како и да превенираме многу несакани појави во интерес на сите нас“, истакна меѓу другото министерот за внатрешни работи Тошковски.

Инаку, ваквите активности со граѓаните преку Караванот „До вас, за вас“, во изминатиот период веќе беа одржани во повеќе градови и со различни институции од земјава. Караванот има превентивен карактер и претставува една од формите за приближување на полицијата до граѓаните во склоп на концептот на „Community policing - Работа во заедницата“, а со цел подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, и секако спроведување на едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер