1Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев
МакедонијаТошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на промоцијата на „Планот за професионален интегритет 2026–2028“ на Министерството за внатрешни работи.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на промоцијата на „Планот за професионален интегритет 2026–2028“ на Министерството за внатрешни работи, активност која се реализира во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија 2021–2026. Настанот беше посветен на претставување на стратешките приоритети, институционалните обврски и конкретните мерки утврдени во новиот План, чија цел е унапредување на интегритетот, транспарентноста и одговорноста во работењето на полицијата. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека интегритетот претставува темел на современата и професионална полициска служба, нагласувајќи дека вредности како чесност, доверба, праведност и одговорност се суштински за зајакнување на владеењето на правото и довербата на граѓаните. „Планот за професионален интегритет 2026–2028 претставува значаен инструмент во борбата против корупцијата, со кој се предвидува јакнење на капацитетите во областа на етиката и професионалните стандарди. Нашата цел е јасна – нула корупција во полицијата. Само со доследна примена на законите, транспарентност и одговорност можеме да изградиме институција во која граѓаните ќе имаат целосна доверба“, нагласи министерот Тошковски. Тој потенцираше дека Министерството за внатрешни работи, во координација со Владата, континуирано работи на унапредување на механизмите за превенција, детекција и санкционирање на корупцијата, како и на зајакнување на професионалните компетенции на полициските службеници преку обуки и развој на етичките стандарди. Министерот истакна дека Планот, заедно со Акцискиот план, претставува цврста основа за понатамошен развој на демократска, транспарентна и одговорна полиција, усогласена со европските стандарди и принципите на заштита на човековите права. Воедно, Тошковски изрази благодарност до Европската Унија, како и до Швајцарија, Шведска и Холандија, како и до ДЦАФ и проектниот тим за нивната континуирана поддршка во спроведувањето на реформите во безбедносниот сектор, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам АлиевПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес. Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање. Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотРусија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)Децата во Русија ќе си играат со плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија.На натпревар за играчки, поддржан од руската држава, меѓу другото, беа претставени: плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, како и синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија од Втората светска војна, пренесува Ројтерс. Според организаторите, целта на годишниот натпревар „Домашна играчка“, започнат во 2024 година, е да се промовираат играчки од домашно производство кои ја одразуваат руската култура, историја, како и духовните и моралните вредности. Во понеделникот, осумдесет финалисти ги изложија своите дела во голем изложбен центар во Москва. На настанот, децата сликаа народни мотиви на дрвени играчки, си играа со реплика на советска вселенска ракета – која наликуваше на комплет од „Лего“ – и градеа куќи во традиционален стил користејќи шарени коцки. „Во моментов, особено во образованието, постои силен акцент на тоа децата преку игра да научат да ја сакаат својата татковина. Ова е клучно – не преку принуда, туку преку игра“, изјави Валерија Михалева-Устинскаја, претседателка на Националната асоцијација на предучилишни педагози. Таа беше облечена во традиционална народна носија, со украс за глава на кој беше испишан зборот „РУСИЈА“ со фонт во архаичен стил. Таа позираше за фотографија со кукла обоена во боите на руското знаме, на која стоеше натписот: „Не можете да нè соборите!“ 👹 Keep the kids away from the screens!!! Russia holds its "Native Toy" competition A woman in a traditional Russian kokoshnik headdress (at the end of the video) explained that these are exactly the kinds of activities Russian kindergartens are desperately lacking right now. Among the exhibits were dolls in military uniforms, a board game called "Path to Victory," a combat vehicle named "Sunset," and a roly-poly doll bearing the slogan "You Can't Knock Us Down." Now there's just one small step left: scrap every school subject and keep only Orthodox Christianity lessons and "Conversations About Important Things." — NEXTA (@nexta_tv) October 21, 2026 Патриотизмот како дел од образовната политика Натпреварот е дел од поширока кампања што властите ја спроведуваат од почетокот на отворениот конфликт во Украина во 2022 година. Целта на кампањата е кај децата да се всади патриотизам, заедно со верзии на историјата одобрени од Кремљ и вредности што државата ги нарекува „традиционални“. Организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“ ги осуди одредени аспекти од руската образовна политика, опишувајќи ги како индоктринација поддржана од државата. Победниците на натпреварот ќе добијат помош во производството и маркетингот, а нивните производи би можеле да бидат вклучени во списокот на Министерството за образование со препорачана опрема за градинките и училиштата. Воени мотиви и историски теми „Сакаме да им раскажеме на децата за важни настани од историјата на нашата земја на јазик што тие можат да го разберат“, изјави Татјана Кашина, специјалист за односи со јавноста во компанијата за производство на играчки „Весна“. Нивната колекција кукли „Мои херои“, облечени во униформи од времето на Втората светска војна, беше меѓу 30-те победнички дела. Нагласувањето на воените мотиви е во согласност со засилениот фокус на „воено-патриотско“ образование во руските училишта. Во образовниот систем е повторно воведена основна воена обука, а учебниците по историја сега ја одразуваат перспективата на Кремљ за војната во Украина. Сепак, играчката што доби најголеми симпатии од јавноста не содржеше никакви воени елементи. Во онлајн гласањето, наградата на публиката ја освои комплетот „Лабораторија на дабарите“ – кој вклучува микроскоп дизајниран во стилот на ова животно. Извор: Индекс.хрТагови: играчки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВоен авион се урна во Франција, пријавени се жртвиВоен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал. Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана. Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата. Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец. Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато. Извор: Б92Тагови: авион Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22